Фељтон

ВЕСНИКОТ „АВСТРАЛИСКИ МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК“ НАЈЗНАЧАЈНО НЕДЕЛНО ГЛАСИЛО ВО АВСТРАЛИЈА (11)

1cari12

1cari12ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото.

          45. “Австралиско-македонски неделник” (1988 – ). Овој мошне значаен, ако не и најзначаен, македонски неделник на иселеништвото започна да се печати на англиски и на македонски јазик и претставува вистински афирматор на македонската култура, литература, јазик, историја, спортот и другите традиции.

 Првиот број на “Австралиско-македонски неделник” излезе на 6 мај 1988 година. Тој е отпечатен на 20 страници, формат 29 х 42 см., со паралелни текстови на англиски и на македонски јазик.

Весникот “Австралиско-македонски неделник” во периодот на сите овие  години на своето излегување, а веројатно и во иднина ќе ја продолжи истата улога, има значаен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, култура, традиции, бидејќи неговата содржина го привлекува читателот.

           46. “Македонско дело”  (1989 – ).  Весникот започна да се печати во октомври 1989 година како орган на МПЦО “Св. Илија” од Фуцкрај, предградие на Мелбурн. Првиот број е отпечатен на 20 страници на формат 30 х 40 см., со цена на еден долар. Весникот се печати на македонски јазик со кирилица и некои текстови се на латиница, а има бројни текстови на англиски јазик, како и преземени текстови од весници и списанија што излегуваат во Републикава. На едно од епархиските собранија е решено да се отпочне со издавање весник. 

Затоа Црковната општина “Св. Илија” одлучи да го издава весникот “Македонско дело” кој треба од општинско да прерасне во епархиско гласило.  Вториот број на весникот “Македонско дело” се појави во декември 1989 година на ист формат, како претходниот на 24 страници. Бројот три, пак, е отпечатен во јануари 1990 година. Тој е идентичен на претходните броеви. Во април 1990 година се појави четвртиот број, кој е на ист формат и слог, но на 16 страници.

Тој е посветен на велигденските празници, затоа и се поместени пригодни текстори илустрирани со фотографии. Бројот 5 од август 1990 година од весникот “Македонско дело” е отпечатен на 16 страници и е сличен на претходните броеви. Од овој број е направена кратка пауза во печатењето на весникот “Македонско дело”, кој се очекува да се печати и во иднина.

           47. “Летопис за селото Драгош” (1989).  Билтенот е печатен на мал формат 14 х 20 см., на 16 страници не вклучувајќи ги кориците. На насловната страница е фотографијата од селото, а на задната иконата “Св. Илија”, селската слава. Издавач на брошурката е Селското друштво “Драгош” во Викторија, а материјалот за печат го подготвил протојереј Чедомир Илиевски, тогашен парохиски свештеник на МПЦ “Св. Илија” од Џилонг.

          48. “Јубилејно издание на МПЦО “Света Богородица”(1990). Публикацијата е отпечатена во март 1990 година, а по повод 20-годишнината од официјалното отворање на МПЦ “Света Богородица” и на Културниот центар. Ова јубилејно издание  е отпечатено на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на 44 страници и формат 21 х 29,5 см.  Првата страница е на англиски јазик, со фотографија од зградата на црквата “Св. Богородица” во Њукасл.

          49. “Панорама” (1990). Списанието “Панорама” е орган на Македонското културно друштво “Искра” од Аделајд и третира прашања од областа на историјата, културата, образованието, политичкото и социјалното живеење на македонските доселеници во Австралија. Списанието се печати на англиски јазик и претставува место за натпревар со постигнувањата на група интелектуалци во тие далечни простори.

Во предговорот на првиот број, кој е единствен и е отпечатен во 1990 година, на 77 страници на формат 13 х 20 см., покрај другото, се вели: “Тоа е дел  и одраз на значајните активности што ги постигнува Македонското културно друштво “Искра” и е еден вид продолжение на списанието “Искра” што излегуваше од 1982 до 1984  година. Ова значајно висококвалитетно списание.

Всушност, тоа е одраз на големите постигнувања во културно-образовните процеси кај Македонците во Австралија. Тоа е лика и прилика на интелигенцијата од македонско потекло која е значаен дел на севкупното живеење и мост за зближување на Македонија со Австралија.

          50. “Македонски весник” (1990). Гласилото “Македонски весник” е јубилејно издание на Македонската православна црковна општина “Св. Ѓорѓи” од Мелбурн, издадено по повод 30-годишнината од осветувањето на таа прва македонска православна црква во Австралија, а и воопшто меѓу иселеништвото. Весникот е отпечатен на 6 страници спреден формат (19 х 42 см.) на македонски јазик со кирилско писмо, а го уредил Редакциски одбор на црковната општина.

На првата и втората страница е поместен пригоден текст по повод јубилејот на црквата “Св. Ѓорѓи”, која е осветена на 7 август 1960 година и која ги отвори вратите на сите дотогашни организирани сили да ја прошируваат својата програма и во неа да создаваат платформа на верско-национален живот. Посебен простор е посветен на текстот за Манастирот “Св. Климент Охридски”, кој работи во составот на МПЦО “Св.Ѓорѓи” од Мелбурн.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top