Фељтон

СПИСАНИЕТО „СВ. КЛИМЕНТОВО СЛОВО“ И ВЕСНИКОТ „ДЕНЕС“ – ЗНАЧАЈНИ ГЛАСИЛА ВО АВСТРАЛИЈА (12)

1tovo1

1tovo1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини на петтиот континент.

          51. “Свети Климентово слово” (1990 – ).  Списанието “Св. Климентово слово” се појави 1990 година како периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број е издаден во април, на 20 страници среден формат (20,5 х 29,5 см.), и две корици, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн.

На првата корица од првиот, а и во другите пет броеви колку што се излезени, е поместен ликот на свети Климент Охридски, а на втората тропарот за Климент. Во продолжение се презентирани текстови од црковен карактер, како што е оној за Христовото воскресение и за голготата, потоа опширниот текст за тиесетгодишнината од животот и работата на Македонската православна црква во Австралија, како и осветувањето на Македонскиот центар во Перт на 12.11.1989 година.

Вториот број на списанието “Св.Климентово слово” од август 1990 година е илинденски број и е посветен на 30-годишнината на првата Македонска православна црква, “Св.Ѓорѓи” во Мелбурн. Третиот број на списанието “Св. Климентово слово” излезе во декември 1990 година. Отпечатен е на 20 страници. Следниот за март-април 1991 година, како велигденско издание, е отпечатен на 28 страници. Бројот 5 на “Св.Климентово слово”, пак, датира од август 1991 година, како илинденско издание и во него, покрај другото, се поместени текстови за Илинден, за 20-годишнината од конституирањето на Австралиско-македонската православна епархија

           52. “Македонски глас” (1990 – ).  Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот “Македонски глас”. Тој започна да се печати 1990 година на македонски јазик, со кирилица, настојувајќи да претставува афирматор на македонската вистина. Излегува на 16 страници, на среден формат 29 х 42 см. и е еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко. 

Првиот број на весникот се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероди, а според зборовите на Васил боглев сега достигнува и до пет илјади и стана трет најголем етнички весник во Австралија. Во првата година отпечатени се 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви.

Во јуни 1992 година, пак, Васил Боглев започна да го издава списанието “Збор”. Тоа се печати на македонски јазик секој втор четврток во месецот и е подготвувано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првиот број се појавија коментари и осврти, како и други текстови, главно, со критичка содржина на актуелните настани.

          1tovo12

  53. “Денес” (1992 – ). На 2 авугуст 1992 година во Томастаун, предградие на Мелбурн се појавил првиот број на весникот “Денес”. Тој е печатен на 24 страници, на формат 41 х 30 см.  на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик чија цена е 1,2о австралиски долари. Излегува секој понеделник, а започна да го подготвува заедничка редакција под име “Македонско-австралиско пријателство” од Викторија, Нов Јужен Велс и Западна Австралија, а се дистрибуира насекаде во светот каде што живеат Македонци.

Весникот “Денес” е добро технички уреден и содржи бројни материјали од општествениот, духовниот, културниот, социјалниот и спортскиот живот, посебно на активностите на Македонците во Австралија, како и на други простори во Македонија и пошироко.  Тој претставува еден од најиздржаните неделни весници во иселеништвото што се печатат на македонски и на англиски јазик.

            54. “Збор” (1992).  Списанието “Збор” започна да излегува двапати месечно во 1992 година. Тој е дел од публикациите на весникот “Македонски глас” од Сиднеј.  Се печати на македонски јазик со кирилско писмо и излегува секој втор четврток во месецот.      

       55.  „Политекон“ (Pollitecon www.pollitecon.com ) е формиран во 1992 година, чија цел е за читатечите да обезбеди квалитетни информации на англиски и македонски јазик за етничките Македонци во светот, особено во Грција, да им помогне на етничките Македонци да постигнат признавање и човекови права и да и’ помогнат на Грција да престане со својата политика на асимилација и да биде со толерантно и мултикултурно општество .

            56. Порталот „Мактел“ (Mactel). Едев од најзначајните информативни гласила за Македонците од сите делови на Македонија на петтиот континент е, секако веб-порталот Мактел (Mactel) www.mactel.au  од Сиднеј. Овој, како и другите медиумите на Македонците во Австралија се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење.

Улогата на Мактел како средство за јавно информирање е незаменлива во продол-жувањето на културните традиции на македонските доселеници во англосаксонскиот свет. Тој настојува целосно да го запознае читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од стариот крај, особено со вестите од сите области во старата татковина Македонија.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top