Фељтон

ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА (16)

1kana1

1kana1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Информативната дејност и организираното живеење на Македонците доселеници од сите делови на Македонија во Канада е слично ако не идентично со она во САД. Всушност, весниците, билтените и другите информативни гласила што излегувале во САД биле дистрибуирани и во Канада и во извесна смисла претставуваат заеднички гласила, односно информатори за сите Македонци на северно-американскиот континент. Во периодот од крајот на Втората светска војна до денес во Канада се отпечатени следните гласила:

            1. “МАКЕДОНСКИ ГЛАС” (1957-1961) – ТОРОНТО. Ова гласило се појавило во Торонто на 24 мај 1957 година како издание на прогресивната група Македонци од Егејска Македонија и малкумина Бугари со комунистички идеи. Првиот број бил отпечатен на 16 страници, а сите други до последниот број на 8 страници на формат 28 х 40 см со еднаков слог и квалитет на хартијата. Бројот 5 од 12 мај 1961 година бил последен. Тоа значело и крај на еден период и почеток на друг во информативната дејност и печатот кај македонските доселеници во Канада.

            2. “ИЛИНДЕН” (1961). Ова е прво списание на Организацијата “Обединети Македонци”, а и прво списание во дијаспората. Се појавило на 1 август 1961 година, како македонски семеен магазин, а било отпечатено на 24 страници на формат 21,5 х 28,5 см.  Отпечатено е на македонски јазик со латиница и на англиски јазик.

            3. “ДРУЖБА” (1962-1963). Првиот број на ова гласило излегол на 29 јануари 1962 година како весник на  прогресивните Бугари и Македонци во Канада. Весникот бил печатен на 8 страници, формат 29 х 41 см. Се смета дека бројот 16 од 15 август 1963 година бил последен, а биле направени неколку обиди повторно да се печати овој весник, но тоа останало без успех.

          4. “МАКЕДОНСКИ ЖИВОТ” (1962-1963). Првиот број на овој весник се појавил во Торонто на 30 јули 1963 година како месечна публикација на “Обединети Македонци – канадски комитет од Торонто”. Се печател на 6 страници (среден формат 29 х 41 см) на македонски и англиски јазик. Бројот 16 од 20 декември 1963 година бил последниот број.

          5. “ИЛИНДЕН” (1966). Во чест на Илинденското празнување во 1966 година бил отпечатен годишникот “Илинден” како публикација на Националната организација “Обединети Македонци – Канадски комитет од Торонто”. Годишникот бил отпечатен на формат 21 х 29 см како списание на англиски и македонски јазик со латиница на 56 страници.

         6. “ИЛИНДЕНСКИ ПИКНИК” (1967-1978). По повод стогодишнината на Канадската федерација (1867-1967), Организацијата “Обединети Македонци” издала посебен весник, посветен на Илинденскиот пикник што се одржал на 30 јули 1967 година. Тој бил отпечатен на македонски и на англиски јазик на 8 страници, на голем формат, 41 х 58 см.  Вакви гласила биле печатени по повод Илинденските пикници во период од десетина години.

       1kana11

7. “ДУХОВНА ИСКРА” (1968-1970). Ова е едно од првите списанија меѓу македонските иселеници што се печатело на литературен македонски јазик. Првиот број се појавил во февруари 1968 година на 20 страници како орган на Првата македонска православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, а излегувал и на македонски јазик со кирилица, а и со текстови на англиски јазик. Бројот од октомври 1970 година кој бил посветен на Првото епархиско собрание на американско-канадско-австралиската епархија е последниот број на “Духовна искра”.

        8. “АЛМАНАХ НА ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” (1969). Во чест на 2 август 1969 година, а по повод десетгодишниот јубилеј од постоењето на Организацијата “Обединети Македонци”, формирана на 28 април 1959 година во Торонто, одпечатена е Годишната публикација “Алманах” која има 68 страници на формат 21 х 29,5 см.

        9. “ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК” (1970-1971).  Ова е претконгресно издание на Националната организација “Обединети Македонци” што се појави во 1970 година на формат 21,5 х 27,5 см, на 8 страници на англиски јазик и на текстови на македонски јазик.

       10. “МАКЕДОНИЈА” (1971-1972).  Ова гласило било орган на Националната организација “Обединети Македонци” од Торонто. Се печатело на македонски и на англиски јазик, на голем формат 43 х 58 см. Првиот број бил отпечатен во јули 1971 година на 12 страници, а во август 1972 година излегол осмиот број на весникот “Македонија” кој бил и последен.

        11. “КЛИМЕНТОВ ЗБОР” (1972-1988). Ова гласило, всушност, било продолжение на списанието “Духовна искра” и било орган на Црквата “Св. Климент Охридски”. Првиот број се однесува на периодот јануари – јуни 1972 година и бил печатен на 48 страници на формат 21,5 х 27,5 см на македонски јазик со кирилица, а неколку текстови има и на англиски јазик. Во март 1988 година на 40 страници бил отпечатен последниот број на списанието кое било посветено на Велигденските празници.

        12. “МАКЕДОНСКИ ПЕЧАЛБАРИ” (1972-1974). Првиот број на ова гласило се појавил на 1 август 1972 година како приватно гласило, а се печатело на македонски јазик со кирилица и латиница, на формат 30 х 43 см на 16 страници. Весникот бил исто така, орган на Македонското национално ослободително движење во Канада (МНОД).

         13. “КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ МАГАЗИН” (1973).  Ова гласило излегло по повод

Илинденскиот пикник на 5 август 1973 година. Весникот бил отпечатен на македонски јазик на латиница на 20 страници, формат 30 х 43 см. Вториот број од ова гласило се појавил во септември 1973 година како број 14, односно како продолжение на весникот “Македонски печалбари”. Тој бил отпечатен на 20 страници и е последен број.

         14. “МАКЕДОНСКА ВИСТИНА” (1974). Весникот бил отпечатен во Торонто во мај 1974 година, како орган за ослободување и обединување на Македонија, односно како орган на МНОД. Бил отпечатен на 4 страници на формат 29 х 42 см. Во декември 1974 година излегол петтиот број на весникот “Македонска вистина” на 4 страници кој бил последен број од ова гласило.

        15. “МАКЕДОНСКИ ГЛАС” (1975-1975). На 2 август 1974 година во Торонто излегол од печат првиот број на весникот “Македонски глас”. Отпечатен е на 38 страници, формат 28 х 37 см, на македонски и на англиски јазик, а неколку текстови на грчки јазик. Весникот “Македонски глас” повторно како број 4 се појавил во октомври 1975 година, на 28 страници и бил сличен како и претходните броеви.

        16. “ИЛИНДЕН” (1974). Весникот бил специјално издание по повод Илинденските празнувања одржани во Торонто на 4 август 1974 година. Тој бил орган на “Обединети Македонци” и се печател на македонски јазик на 8 страници, на формат 28 х 42 см.

         17. “ЦРКОВЕН БИЛТЕН” (1975).  Билтенот се појавил во Торонто во 1975 година, како прва публикација на Црковниот народен собир што го организирала Американско-канадската македонска православна епархија. Првиот број бил отпечатен на мал формат (21 х 13 см) на 98 страници на македонски јазик со кирилица и на текстови на англиски јазик.  Вакви билтени кои се на А формат се печатат секоја година и имаат сличен и идентичен карактер, формат и содржина.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top