Фељтон

ЗНАЧАЈНИ ИНФОРМАТИВНИ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ТОРОНТО (17)

1glas2

1glas2

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

   18. “ЗДРАВЕЦ” (1977–). Ова е гласило на Старскиот дом или “Канадско-македонско место” во Торонто. Бил отпечатен во 1977 година, а се печати и денес како продолжение на гласилата “Вести” и “Њус Летер”. Тоа се печати на англиски јазик на формат 21 х 29 см.

19. “МАКЕДОНИЈА” (1979-1980). Првиот број на весникот “Македонија” или “Македонски магазин” се појавил во Торонто во април 1979 година.  Отпечатен е на македонски јазик со кирилица на 4 страници, формат 24 х 31 см. Бројот 4 од март 1980 година се чини бил последниот на весникот “Македонија”.

         20. “КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС” (1979-1980). Весникот бил гласило на Организацијата “Обединети Македонци во Торонто”. Се печател на македонски со кирилица и на англиски и претставувал еден од подобрите весници што дотогаш македонските иселеници ги издавале во Канада. Првиот број се појавил во мај 1979 година на 12 страници на формат 29 х 42 см. Во март 1980 година излегол двобројот 11 и 12 кој,  всушност, последен под тоа име, а потоа се појавил под името “Македонски глас”.

         21. “МАКЕДОНСКИ ГЛАС” (1980-1981).  Од мај 1980 година под број 13 весникот “Канадско-македонски глас” го сменил името во “Македонски глас”. Тој се печати, главно, на англиски и на македонски јазик на формат 29 х 42 см на 16 страници.

        22. “ВЕСТИ” (1979). На 17 јуни 1979 година на денот на големото и свечено отворање на “Канадско-македонското место” во Торонто се појавил  првиот број на весникот “Вести”.  Овој добро обликуван и технички издржан весник бил орган на Канадско-македонската пензионерска асоцијација, а излегувал на англиски јазик на среден формат на 8 страници.

         23. “ДУХОВНА ИСКРА” (1981-1984).  Списанието се печатело во рамките на Црквата “Св. Климент Охридски” од Торонто и како гласило на македонските црковни општини од Северна Америка. Првиот број излегол на 1 август 1981 година, на 8 страници , формат 43 х 30 см, со кирилско писмо и со голем број текстови на англиски јазик. Во текот на излегувањето биле отпечатени 27 броеви кои претставуваат убав прилог во информативната дејност.

        24. “ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА” (1982–).  Весникот бил орган на Националната организација “Обединети Македонци”. Се печател на формат 29 х 43 см, на македонски и на англиски јазик. Обично излегувале 4 броја во годината, и тоа: во јануари, во чест на роденденот на Гоце Делчев, во мај, во чест на македонските и с#словенски посетители Св. Кирил и Методиј, во јули, во чест на големиот национален празник Илинден и во октомври, во чест на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. 

         25. “ЦРКОВЕН БИЛТЕН” (1983).  Ова гласило било орган на Црквата “Св. Климент Охридски” и излегол по повод празникот на светецот Климент и по повод Божик.  Бил отпечатен на македонски јазик со кирилица на 20 страници, на формат 16 х 22,5 см.

         1glas23

26. “МАКЕДОНИЈА” (1984 –). Овој значаен македонски гласник првпат од печат излегол на 2 ноември 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Тој како важен македонски ин­­фор­матор излегува и денес, а неговите страници се ис­пол­нети со текстови и фотографии од активностите и животот на Маке­дон­ците во новата средина, како и рекламен материјал од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултикултурна Канада. Првите три броја биле печатени на осум страници на среден формат (29 х 43 см) што е задржан и денес. Од четвртиот број се печати на дванаесет страници, а само неколкупати е печатен на осум страници. Уште од вториот број се среќаваат текстови на англиски јазик и голем број реклами.

Денес весникот “Ма­ке­донија” излегува редовно и се отпечатени над двесте броја во тираж од 3 000 примероци и на свој начин во сите средини го вне­сува македонскиот патриотски дух.

         27. “ЕПАРХИСКИ БИЛТЕН” (1987). По повод два­е­сет­го­диш­нината од постое­њето и успешната работа на Аме­риканско-канадската македонска право­слав­на епархија (1967 – 1987) е отпечатен посебен “Епар­хиски билтен” како огледа­ло на активностите на Епархијата во текот на два­есет години. Билтенот има 42 страници (формат 14 х 21,5 см) и е от­пе­ча­тен на македонски ја­зик, но и со текстови на англиски јазик.

        28. “ИЛИНДЕНСКИ ЗБОР” (1989). По повод илинденските празници во Торонто, во Македонската пра­вославна црква Св. Илија излегол од печат еден број на весникот“Илин­ден­ски збор”. Тоа е периодично гласило за јули‡август 1989 година, печатено на 8 страници среден формат (19 х 34 см), на македонски јазик со кирилско писмо, со текстови и на англиски јазик.

        29. “ЛИТЕРАТУРНА МИСЛА” (1989 -). Првиот број на списанието излегол од печат во август 1989 година на формат 20 х 27 см. на 32 страници и цена од 2 канадски долари. На корицата се фотографиите на браќата Миладиновци. На втората страница има воведна статија, во која е поместена мислата на Алфонс Доде дека “ако еден народ падне во ропство, а си го задржи јазикот, тоа е како да го др­жи в раце клучот од својот затвор”. Понатаму во воведот се нагласува де­ка излегувањето на првиот број на списанието“Литературна мисла” бил настан од посебно значење за членовите на Литературното друштво “Браќа Ми­ла­диновци” и пошироко како сведоштво за поврзаноста помеѓу Канада и Ма­кедонија. Тој е документ кој  ги носи пораките на поетските остварувања на Ма­кедонците во туѓина. Списанието повремено излегува и денес.

        30. “БИЛТЕН” (1989). Првиот број од Билтенот излегол на 1 јануари 1989 година како триброј за јануари, февруари и март, отпечатен на среден формат ( 21,5 х 28 см) на 38 страници, а како гласило на црквата Св. Илија во Мисисага.

        31. “БИЛТЕН” (1991). Овој билтен на црквата Св. Климент Охридски бил, всуш­ност, преглед на активностите на секциите што работат во состав на црквата, како и извштај за документацијата на објектот. Билтенот е отпечатен во вид на книга на формат 28 х 22 см, на 46 страници, на македонски и на англиски јазик паралелно.

        32. “КОРЕНИ” (1991). Списанието “Корени” започнало да се печати во август 1991 година. Првиот број излегол на 28 страници (22 х 38 см.), на македонски и на англиски јазик. На четвртата страница е објавена воведна статија во која се вели: “Корени” е месечник што им се обраќа и на младите и на старите, и на македонската и на канадската читателска публика, и на тра­диционално обра­зованите и на модерните читатели”.

        33. “ОРО МАКЕДОНСКО НАША КАНАДА” (1991). По повод 125-годишнината на Канада, на 11 и 12 мај 1991 година, во То­ронто се одржала културната ма­ни­фес­та­ција “Оро македонско наша Канада”, а во организација на Канадско-маке­дон­ската федерација. Под исто име е отпечатена посебна публикација на англиски јазик. Таа има 60 страници на формат 27,5 х 21,5 см.

        34. “БИЛТЕН” (1992). Во текот на летниот период на 1992 година се појавил првиот број на Билтенот на Канадско-македонската федерација. Тој е печатен дво­ја­зич­но на англиски и на македонски јазик како периодично издание исполнето, гла­в­но, со информации за дејствувањето на Федерацијата.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top