Фељтон

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА ВО ТОРОНТО (18)

1unai1

1unai1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

35. “МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК” (1992). Во почетокот на август 1992 година, се појавил првиот број на гласилото “Македонски неделник”. Се печател на де­сетина страници, во зависност од обемот и бројот на актуелните информации, преземени од дневниот и неделниот печат што излегувал во Република Ма­кедонија. Ма­те­ри­јалите биле презентирани во три колони,  придружени со из­ве­сен број рек­ламно-пропагандни материјали на доселениците во Канада. Неделникот се печател на формат 22 х 29 см со цена од 2 долари.

          36. “НОВА МАКЕДОНИЈА” (1994-1995). По повод 2 август 1994 година се појавило неделното гласило “Нова Македонија”. Тоа било специјално издание за Македонците од Северна Америка кое го подготвувала редакцијата на весникот “Нова Македонија” во Скопје и преку МАК ИНФО сервисот се испраќа­ло и печатело во Торонто, односно во Скарборо. Првиот број е печатен на формат 42 х 30 см на 16 страници на македонски јазик, а има бројни текстови и на англиски јазик. Како додаток на весникот било отпечатено гласилото “Ма­ке­донско ехо” како македонски глас од САД и Канада, на 4 страници на ма­ке­донски и на англиски јазик. 

         37. “ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” (1995). По повод 35-годишниот јубилеј на националната организација “Обединети Македонци” во Торонто, излегло при­годно издание. Весникот е отпечатен на 28 страници на формат 40 х 29 см., на македонски и на англиски јазик.

        38. “МАКЕДОНСКИ ГЛАСНИК” (1999 -). По повод илинденските празнувања во Торонто, во 1999 година, организацијата “Обединети Македонци” од Канада го от­печатила весникот “Македонски гласник”. Тој е печатен на среден формат, на 36 страници, на англиски и на македонски јазик. Весникот е исполнет со тексто­ви кои се однесуваат на историските собитија на Македонецот пред и по Илинден. Така, меѓу другото, во него се дадени текстови за првиот ма­кедонски Илинден – Битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред н.е., вториот Илин­ден 1903 година, самородното дело на македонскиот народ и третиот Илинден 1944 година – АСНОМ, темелникот на новата историја.

Исто така, во првиот број, на македонски и на англиски јазик се поместени голем број текстови од ис­то­ријата на македонскиот народ и држава, потоа текстови од животот и актив­нос­тите на организацијата “Обединети Македонци” и од црковното живеење на ма­кедонските доселеници. Весникот “Македонски гласник” излегува до денес секој месец. Тој е еден од најдобрите македонски весници во иселеништвото што се печати и на англиски јазик. Весникот на “Обе­динети Македонци” е гласило на вистината за Македонија и за ак­тив­нос­ти­те на Македонците во Торонто и пошироко.

              1unai12

                                          Македонски страници во други изданија

Како во Австралија и во Европа, така и во Канада се печателе македонски страници во печатот на други нации. Така, во канадскиот неделник на хрватско-српски јазик “Наше новине” уште во 1976 година се среќавале македонски текстови, особено текстови по повод илинденското празнување и одржувањето на традиционалниот пикник на Илинден, на кој доаѓале и посетители од другите југословенски народи.

Слични текстови се среќавале и по повод националниот празник на македонскиот народ 11 Октомври. Инаку, весникот “Наше новине” бил југословенски неделник и се печател секоја среда во Торонто, а бил гласило на прогресивните доселеници од југословенските простори.

Од 1985 година и во југословенскиот етнички весник “Мостови” од Виндзор, гласило за активностите од книжевното, културното и уметничкото живеење на југословенските народи што живееле на тие простори, печатено на хрватско-српски јазик, среќаваме, текстови на македонски јазик.

Првиот број на “Мостови” бил печатен во 4 000 примероци (формат 29 х 43 см) на 12 страници. Во македонските текстови посебно место било посветено на средбата на децата бегалци од Егејска Македонија, а и на бројни рекламни материјали од македонските радиочасови во Детроит и издавачката куќа “Илинден” во истиот град.

           Македонски радио и ТВ часови во Канада

 Обиди и пробни емитувања на ет­нич­ки радиоемисии во Торонто биле направени уште во педесеттите години. Така на 12 септември 1953 година, во Ошава, во Онтарио, на Ра­дио­ста­ни­цата ЦКЛЦ – 1350 ФМ започнал првиот “Македонски радиочас”. Се емитувал се­која недела попладне од 16 до 17 часот.

Според пишувањето на весникот “Македонски глас” бр. 3 од 21 јуни 1957 година, во Торонто истата година на радиостаницата ЦКФХ – 1400  започнал да се емитува радиочасот под име “Македонска радио-програма”. И покрај тоа што се викала македонска радиопрограма, на радиото се зборувало на македонско – бугарски јазик, но биле емитувани македонски песни и ора.

Нешто подоцна, во почетокот на 1960 година, во Торонто започнал со работа уште еден радиочас на македонски јазик. Овој радио-час постоел цели дваесет и четири години. Се емитувале убавите македонски песни и ора кои ги забавувале и веселеле македонските домови.

Во 1969 година, на радиостаницата ЦХИН во Торонто започнал со работа македонскиот радиочас под име “Македонски глас”. Се емитувал секоја сабота во попладневните часови, во почетокот половина час, потоа еден час, а подоцна и час и половина (од 17,30 до 19,00 часот). Овој македонски радиочас бил вистински афирматор на македонските доселеници, на македонскиот говор, песната и орото и средство за информирање на Македонците во Торонто.

Во периодот од осум години, овој радиочас одиграл многу значајна улога во информирањето на македонските доселеници, особено поради тоа што тоа било едно од првите гласила преку кое се пренесувал македонскиот лите­ра­турен јазик. Меѓутоа, поради објективни и субјективни причини, особено од фи­нансиска природа, 1977 година радиочасот го променил името од “Ма­кедонски глас”, во “Глас од Македонија”.

Денес, овој радиочас се емитува шест­па­ти неделно во траење од половина час, преку истото етничко радио ЦХИН АМ 1540 од понеделник до петок во 19,30 и на ФМ 100,7 во недела во 19,30 часот во Торонто. На програмата се застапени вести од македонски­те заед­ници во Канада и САД, како и од Република Македонија, коментари, детски емисии и други прилози добиени преку Редакцијата за размена на Маке­донското радио.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top