Фељтон

ДЕЛ ОД РАДИО-ЧАСОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО КАНАДА (19)

2felt2

                            2felt2

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Во седумдесеттите години, на радиостаницата ЦХИН во Торонто започнал да се емитува и југословенскиот радиочас “Караван на пријател­ството”, во почетокот половина час, подоцна и еден час и тоа од понеделник до петок од 14 до 15 часот, а во сабота од 14 до 15,30 часот. Карактеристично за овој ра­­диочас било тоа што на крајот од програмата, околу 15 минути, се емитувале вести и други информации на македонски јазик, што ги читале македон­ски доселеници, како и народни песни, ора и забавна музика од македонската продукција.

Извесен период, Радио Скопје на овој радиочас емитувал сате­литски говорни и информативни емисии во траење од десет минути, и тоа секоја втора среда. Неколкупати оваа станица преземала сателитски полу­часовни пригодни емисии за македонскиот национален празник Илинден и едночасовни емисии за Нова година, со учество на сите југословенски радио­станици, чиј домаќин бил Радио Скопје.

Треба да се истакне дека и покрај економскиот момент, оваа радио­програма била афирматор на македонскиот јазик, песната и орото во нај­број­ната македонска колонија, во период од дваесетина години.

Исто така, во осумдесеттите години се емитувал радиочас под име “Ма­ке­донско катче”. Радиочасот имал информативно-пропаганден карактер и бил во приватна сопственост, а се емитувале народни песни и ора, сооп­штенија, ре­клами и други информации.

Меѓу македонските гласила во Торонто бил и радиочасот “Македонски свет”, кој се емитувал еднаш неделно во траење од еден час (од 10,30 до 11,30 часот во недела) преку радиостаницата ЦЈМР 1190 АМ. “Македонски свет” започнал да се емитува 1984, а згаснал во 2001 година. Овој радиочас, кој соработувал со Редакцијата за размена на Македонското радио, емитувал вести и информации од Републиката и од македонските ко­лонии во дијаспо­ра­та, поздрави и честитки на слушателите, како и бројни ре­­­кламно-пропагандни материјали на фирми кои биле спонзори на гласилото.

Инаку, радио-часот “Македонски свет” се слушал во пошироката околина на Торонто, во Хамил­тон, Нијагара, Бафало, Рочестер, Кичинер и други места во Јужен Онтарио. Бројот на слушателите изнесувал околу сто илјади и прет­ставувал значаен инфор­матор на македонскиот збор, песната и орото на северноамерикански­те простори.

Од почетокот на 1991 година во Торонто започнал да се емитува радио-часот на организацијата “Обединети Македонци”, секоја не­дела, а го слушале над сто педесет илјади македонски доселеници во Торонто и пошироко во други делови на САД.

Првата телевизиската програма на македонски јазик, пак, започнала во септември 1975 година и била емитувана на ТВ станицата ЦТВ,-канал 79 во Торонто, под името “Македонски дневник”.

Во текот на петнаесетгодишното постоење, тв часот “Македонски днев­ник” се емитувал секој петок во траење од еден час, а четири пати се репри­зи­рал во текот на неделата. Со воведувањето на мултиетничката телевизија во Канада, емисиите на овој тв-час се пренесувале дури во далеч­ниот Ванкувер и можеле да ги гледаат сите Македонци од Канада и повеќе региони на САД.

2felt22

Во Торонто се емитувал и телевизискиот час под име “Македонска нацио­налност”, кој во 1983 година започнал под името “Македонска нација”, во состав на мултикултурната телевизија на Канада. Овој тв-час бил носител на инфор­мативниот, забавниот, културниот, духовниот и на­ционалниот живот. Тој бил пре­несувач на македонскиот збор и богатиот мелос преку мулти­кул­тур­ната мрежа на Канада, чии емисии се гледале од стотина илјади Македонци во Торонто и пошироко. Престанал да се емитува во 2001 година.

Меѓу информативните гласила, чија мисија била да се зачувува соп­стве­ниот јазик, литература, културните вредности и традиции во Торонто, била и те­левизиската програма “Македонски корени”. Таа е редовно следена во Торонто, Хамилтон, Виндзор, Кичинер, Лондон, Мисисага, Ошава, Брамптон, Детроит и Бафало, преку каналот 47. На програмите на овој телевизиски час се емитуваат куси вести од активностите во македонските колонии на северноамериканскиот континент и од Републиката, музички нумери, особено од продукцијата на Македонската радио – телевизија и детски и образовни емисии и други интересни програми, претежно преземени од Македонија. “Македонски корени” се емитува секоја недела од 8,30 до 9,00 часот прет­пладне, главно на македонски јазик, но и со материјали на ан­глис­ки. Теле­ви­зискиот час “Македонски корени” работи од јули 1989 година до денес.

Исто така, во Торонто се емитуваат и следните радио и тв часови: Во октомври 1997 година започнало со работа. Ма­кедонското национално радио “Македонски глас”, како самостојно и не­за­вис­но. Тоа се емитува секоја недела од 9,00 до 10,00 часот. Од 4 јули 1998 го­дина започнала да се емитува ма­кедонската радиопрограма “Обединета Македонија”, секоја сабота од 9-10 часот. Истата година на 4 октомври започнало да се емитува телевизиското издание на Македонската информативно-забавна тв програма, “Македонско издание” во недела во 10 часот на Роџерс каналот 10. Во август 2001 година, пак, започнал да се емитува радиопрограмата “Мила Македонија”, на која се застапени вести, поздрави и честитки, детски и други контактни емисии.

Исто така, во Торонто постои и продавница – книжарница “Хоризонт”, во која се продаваат различни радио и видео касети, книги и друго.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top