Фељтон

Медиумите на македонците во ЕВРОПА (европската унија) (20)

1sved1

1sved1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Македонците кои работат во поголемите центри ширум Европа, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и другите асоцијации.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот периот, Македонците во западно-европските земји правеа обиди да печатат гласила на македонски јазик. Во почетокот иницијатори беа поединци-емигранти декларирани како антикомунисти во прифатните логори.

Оние емигранти, пак, во грчките логори кои изјавиле дека се Македонци беа изложени на посебен режим на измачување. Тие беа главно членови на Македонскиот национален комитет (МНК), покасно преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македанија (НОФМ) и други организации.

            1. Македонија” (1957). Прв весник што на македонски јазик се појави на стариот континент е “Македонија”. Тој излезе во пролетта 1957 година како весник на среден формат. Од “Македонија” е отпечатен само еден број, кој претставува предвесник на списанието на македонски јазик “Македонска лоза” што ќе се појави во ОСЛо 1959. Дотогаш Македонците ќе бидат подложни на пропагандното влијание на бројни емигранрски гласила (бугарски, четнички и усташки) кои ја негираа македонската нација и македонскиот литературен јазик.

            2. “Македонска лоза” (1959). Ова е прво печатено на македонски јазик во европските земји, а второ информативно гласило, по весникот ‘Македонија”. Првиот број еотпечатен на 1 јануари 1959 година на формат 21 х 29 см., со теми за политиката и културата. Како гласило на првата повоена македонска емиграција во Европа, “Македонска лоза” излегуваше како месечник девет месеци со последниот деветти број од октомври 1959 година.

            3. “Слободна Македонија” (1960-1961) – Гетеборг.  Ова гласило е орган на Македонскиот национален комитет формиран во Осло. Се печатеше како месечник во Гетеборг, на македонски јазик со кирилица, притоа употребувајќи руски слог. Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1960 година. Во почетокот излегуваше како списание на формат 21 х 29 см., со различен број страници, потоа како весник на 4 страници на формат 29,5 х 42 см., а во 1961 година се појави во вид на билтен.

            Број 16 од април 1961 година, отпечатен на 34 страници се чини дека е последен.

         1sved11

   4. “Македонија” (1963-1969) – Гетеборг. Ова списание започна да излегува 1963 година, како орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Се печатеше на различен број страници на формат 21 х 29,5 см., на македонски со кирилица, но и со текстови на англиски. Клишето на главата е на македонски јазик со кирилица, а под тоа, на англиски јазик стои “Човекот може да биде уништен, но не и поразен”.

Во првиот број на англиски јазик, во воведната статија се вели: “Весникот “Македонија” е нова публикација што ја издаде ОКМ кој е формиран на 23 јуни 1962 година воТрелеборг. Тој е независен и не припаѓа  ни на една политичка партија, а тоа ќе биде и во иднина, но ќе соработува со секоја организација, политичка група, печат, радио, итн., доколку другата страна има искрени чувства за соработка … Јазикот што ќе се употребува како официјален јазик во Република Македонија.

Во бројот 54 од декември 1968 година (година В) во статијата под наслов “Македонија меѓу емигрантскиот печат”, посебно се истакнува целта на весникот.

            5. Македонец” (1963-1966) – Гетеборг.  Гласилото е орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ) и е весник на Македонската ослободителна организација (МОО), со седиште во Трелеборг, а се печатеше во Гетеборг. Се печатеше на македонски јазик на циклостил на формат 21 х 29,5 см., во обем од 24 до 44 страници, и со годишна претплата 4 американски долари.

            6. “Македонска мисла” (1964) – Брисел.  Ова гласило на Македонското културно здржение “Јане Сандански” од Брисел претставува списание за култура и општествени прашања. Тоа се печатеше на македонски јазик со кирилица, на циклостил, на формат 21 х 29 см. Првиот број излезе во јули 1964 година.

Кон крајот од 1964 година, на 22 страници, и формат 21 х 29,5 см. излезе петтиот број.

            7. “Камбана” (1966) – Лозана.  Првиот број на ова независно македонско списание за книжевност и општествени прашања се појави 1966 година како тримесечник (за јануари, февруари и март), во Лозана, Швајцарија. Се печатеше на македонски јазик со кирилица со 66 страници на формат 21 х 29 см., со годишна претплата од 15 швајцарски франци, или 3 УСА долари, а само воведната статија е и на француски јазик. На насловната страница под името има камбана на која пишува: “Илинден 1903”.           

Во овој број воведната статија е поместена и на француски јазик со цел подобро да ја информираат пошироката јавност, а во продолжение се застапени рубриките: “Страници од историјата на македонската книжевност”, “Наша поезија”, “Наша проза”, “Хумор”, “Актуелни теми”. Исто така, има и текстови за “Постои Македонска национална црква?” и други.           

Вториот број на “Камбана” се појави како двоброј за април и мај 1966 година. Тој е отпечатен на 108 страници, во Лозана. Овој број е идентичен и по форма и содржина како и претходниот. Тој е посветен на литературните остварувања на Венко Марковски, како и на други остварувања од литературата, а содржи и материјали од политиката.            

Бројот три е отпечатен како триброј за јули, август и септември 1966 година и е многу сличен по содржини на претходниот број. Тој е отпечатен на 102 страници, во тираж од 500 примероци, а е исполнет со материјали од литературата, културата и јазикот. Последниот број од ова списание, под број четири, е отпечатен есента 1966 година.

            8. “Релациони мачедонија” (“Релазиони Мацедониа” (1971-1988) – Рим.  Списанието излегуваше во рамките на Информативната агенција за печат “Религиозе” од Рим. Тоа се печатеше на италијански јазик, на различен број страници, на формат 21 х 27,5 см. Првиот број се појави на 24 мај 1971 година по повод празнувањата на гробот на свети Кирил Солунски, сесловенскиот просветител што се одржаа во главниот град на Италија – Рим. Тој е отпечатен како агенциски извештај на 17 страници и содржи бројни куси вести од културата и други информации за Македонија и македонскиот народ.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top