Фељтон

ЗНАЧЕЊЕТО НА РАЗЛИЧНИТЕ ИНФОРМАТИВНИ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕВРОПА (22)

1nij

1nijДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците во Шведска била е и ќе биде од суштинско значење. Информативните гласила се незаменливи во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Тие настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од Македонија.

            14. “Снегулка” (1979 – ) – Гетеборг.  Првиот борј на ова детско списание се појави 1979 година како додаток на “Македонски весник”. Тоа се печатеше во склоп на списанието, на ист формат (21 х 29 см.) од 8 до 16 страници. Се печатеше на македонски јазик, а има и детски творби на турски јазик. Клишето на главата на списанието е на македонски со кирилица а десно од неа и на шведски.

            15. “Гласник” – УНЕСКО (1980 – 1991) – Париз.  Првиот број на списанието “Гласник” на македонски јазик се појави во септември 1980 година. Тоа е отпечатено на 36 страници и на формат 21 х 29 см., како гласник на УНЕСКО – Организација на Обединети нации за образование, наука и култура, чие седиште се наоѓа во Париз. Во првиот број се вели дека списанието “Гласник” се печати на 24 јазици и дека тоа излезе по повод ХХИ седница на Генералната конференција на УНЕСКО одржана во Белград од 23 септември до 28 октомври 1980 година.

            16. “Македонија” (1983) – Пертиле.  “Македонија” беше информативното гласило што се печатеше во Пертиле – Шведска. Првиот број излезе во април 1983 година како орган на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и тоа на македонски јазик кирилица, на 24 страници и на формат 21 х 30 см. Поголем број од текстовите се изворни, а само неколку се позајмени од други гласила.        

Бројот 3 е веројатно последен на списанието “Македонија”. Тој е отпечатен во декември 1983 година на 24 страници, употребувајќи македонски јазик со кирилица.

Во списанието „Македонија“ се истакнува дека се прифаќа соработка со било која или било каква организација, политичка групација, печат, радио и слично, особено ако тоа не пречи на интересите на македонскиот народ и на ДООМ и е во прилог на правдата, вистината, хуманоста, разбираињето и заштитата на макадонските интереси и вооошто на човештвото.

Тоа значи подавање братска рака на сите македонски списанија и весници што излегуваат во светот, а исто така и на сите демократски списанија и весници и од други нациопалности. Инаку, беше предивдено од „Македонија” да се печатат десет броја годишно.

            17. “Татковина” (1984-1988) – Копенхаген.  Списанието “Татковина” беше орган на Клубот “Македонија” и Здружението “Преспа” од Копенхаген – Данска. Првиот број излезе 1984 година како тримесечник на 20 страници мал формат 14,5 х 21 см.) и се печатеше на македонски јазик.       

Во 1985 година се отпечатени три броја, идентични и по форма и содржина со броевите од претходната година. Следната 1986 како и 1987 година излегоа четири броја, додека во 1988 година само еден број. После ова следи одреден прекин во печатењето на ова гласило.         

         1nij2

   18. “Македонски глас” (1992) – Минхен.  Весникот се појави на 14 јуни 1992 година како гласило на Македонската заедница за Јужна Германија. Тој е отпечатен на македонски јазик, со кирилица на 8 страници, на формат 28,5 х 38,5 см. Издавач е Македонската православна црковна општина “Св. Тројца” од Минхен.

            19.”Македонски извор”(1993) – Будумпешта. Тој се печати на македонски и на унгарски јазик, како издание на Здружението на егејските Македонци во Унгарија е и орган на Македонскиот информативен центар во Будимпешта. Започна да излегува во 1993 година и се појави како излив на силната љубов и почит кон Македонија и како информатор на Македонците во Унгарија и афирматор на македонската вистина, особено за Егејска Македонија која, за жал, често е горка и тешка.

Всушност, е исполнет со прилози од историјата, јазикот, човековите права, црковниот живот, активностите на одборите на децата – бегалци од Егејска Македонија во Канада, Австралија, Грција, Република Македонија и за други активности на Македонците во Унгарија и ширум светот. Објавени се и бројни новинарски текстови позајмени од други гласила на македонски јазик.

            Македонски страници во печатот на другите нации

Веројатно политиката за југословенското заедништво меѓу иселениците и привремено вработените во странство во изминатите децении беше најизразена во западноевропските земји, каде и беа формирани бројни македонски друштва со пројугословенски карактеристики. Слично беше и со информативните гласила, кои се печатеа на српско-хрватски или хрватско-српски јазик, а во кои имаше додаток, односно страници на македонски и на словенечки јазик.

Така, во 1972 година во Трелеборг, Шведска, започна да се печати весникот “Југословенски лист”, во кој една страница се печатеше на македонски јазик. Исто така, во весникот “Југословенски лист” што започна да излегува во Стокхолм од март 1976 година во кој во 1992 година се отпечатени околу 300 броеви се печатеше македонска страница. Обично овие гласила беа орган на Југословенскиот сојуз во кој во 1992 година беа вклучени и македонските организации и друштва.

          Радио-емисии на македонски јазик во Европа

Воведување радио-програма на македонски јазик во Европа започнало во мај 1974 година, кога првпат на Радиостаницата “Слободна Југославија” од Москва се слушна македонскиот збор. Емисиите на оваа радио-станица се емитувале два до три пати дневно по 15 минути. Овие емисии се емитувале само во период од една година.  Потоа слични емисии на македонски јазик започнаа да се емитуваат преку радио Москва кои се емитуваа до пролетта 1991 година. 

На 18 јуни 1952 година, во рамките на Радио-станицата “Глас на вистината” која се емитуваше во Букурешт на грчки јазик започнаа со пренос и емисии на македонски јазик. Тие беа емитувани до 31 декември 1955 година.

Во 1969 година Радио-часот “Дојче Веле” (Глас на Германија) , во рамките на Југословенската редакција, започнаа да се емитуваат и радио-емисии на македонски јазик. Покрај овие емисии на “Дојче Веле”, програми на македонски јазик се емитуваа и на “Вест Дојчер Рунтфунк” (Западно-германско радио) од Келн наменети за Македонците што работат во Германија.

Овие повремени програми започнаа со емитување во 70-тите години, а од 1992 година е воведена редовна програма на македонски јазик двапати неделно. Исто така, музички говорни емисии на македонски јазик повремено се емитуваат во рамките на емисиите од “Гибралтар до Босфор”, потоа на Радио Западен Берлин, Радио Бон, Радио Дизелдорф и други, повремено се емитуваат програми на македонски јазик.

Во рамките на шведското радио во Штокхолм од 1 септември 1980 година започна да се емитува програма на македонски јазик. Во почетокот двапати во неделата по 15 минути, а од 1991 година еднаш неделно во траење од 15 минути, а секоја друга сабота во траење од 30 минути.

Исто така, во Гетеборг се емитуваат емисии на македонски јазик.  Вакви и слични емисии повремено се емитуваат и на радио програмите на Радио Малме.

Во Франција, пак, во рамките на Радио станицата “Студио 4” секоја недела во периодот 1984-1985 година се емитуваше програма на македонски јазик. И во Белгија на Радио Лиеж две децении се присутни македонските песни, ора и македонскиот јазик.

Прололжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top