Фељтон

Историјата на Македонија (5)

Со текот на времето, компаративните научни истражувања од разни области, се повеќе почнаа да приложуваат докази дека древните Македонци не биле никакви Грци. Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже спротивното претставуваат само дефанзивен рецидив од германската пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-политичките и стратешки национални грчки интереси, какво што е задржувањето на приграбениот крупен дел од Македонија од страна на современата грчка држава во 1913 година и сл. За ова денес се свесни сите сериозни истражувачи на древна Македонија во светот. Самиот д-р Борза пишува:

‘Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север’. (Borza, стр. 6).

Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори. Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас. Во својата статија ‘Едно свинче-патешественик’, овој грчки археолог,
пишува:

‘Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден). Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци? Од¬го¬-ворот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праис¬торискиот период. Македонски извори не се зачувани. За Македон¬ците имаме информации главно од непријателите на Македон¬ците: од Атиња¬ните, како Демостен; од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска окупација, како Полибие. Само Македонија, само македон¬ската земја може да даде вистинска слика за древна Македонија, непристрасно…’ (подетално кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денеш¬ните Македонци, Скопје, 1995 год., стр. 19).

И познатата американска историчарка д-р Синдија Синдор Словиковски (Synthia Syndor Slowikowski), во својата книга ‘Спортот и културата во древно-македонското општество’, пишува слично:

‘Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од писа¬тели кои живееле во грчките градови-држави, полиси. Животот и историјата на Македонците честопати им биле туѓи на Грците’. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 8).

Слично пишувал и познатиот француски научник Виктор Берар (1864-1931). Во изданието ‘La Revue de Paris’, тој напишал:

‘До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците. Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омало¬важу¬вавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.’ (Подетално кај: Т. Л. Поречки: ‘Истина о Македонији кроз доку¬ментацију’, Бел¬град, 1992, стр. 62).

Уште подециден е д-р Борза, кој во врска со ова пишува:

‘…Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина. За несреќа, на древните Македонци им недостасуваше некој како Полибие кој ги расветли институциите што подоцна ги направија Римјаните славни. Оние што ги спомнувале македон-ските обичаи или им биле непријатели на Македонците, или биле подоцнежни биографи на Филип, или пак биле дилетантски соби¬рачи на гласини и егзотика. Секој обид да се реконструи¬ра внат¬решната историја на Македониците со помош на вакви фрагменти е крајно тежок.’ (E. Borza, In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon…, str. 232).

Од друга страна ни современите археолошки ископувања во де¬неш¬ниот дел на Македонија под Грција не се отидени којзнае колку далеку, а да не зборуваме за веројатниот субјективизам во презенти¬рањето на археолошките наоди од страна на грчката држава пред светот.

Д-р Словиковски во својот споменат труд ја потенцира неза¬до¬во¬ли¬тел¬ната активност на грчките археолози на тлото на Маке¬донија под Грција, па вели:

‘С# до пред десетина години археологијата во северна Гр¬ција (Маке¬донија) беше игнорирана за сметка на плодоносните наоди во таквите области како што е Атина’. (Исто, стр. 8).

И д-р Борза (стр. 12) пишува дека за ископините од древна Маке¬до¬нија се дознава главно преку годишните извештаи на грчкиот археолошки сервис и од понекои странски списанија.

Сепак, и покрај сите овие моменти, денес има пронајдено доволно докази за самобитноста на древните Македонци. Во следните наслови ќе изнесеме некои од овие докази.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top