
Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е дело на НИО „Студентски збор“, Скопје, отпечатена во 1903 годинае на 156 страници, на македонски јазик. Ова дело се појави на резултат на долгогодишна истражувачка работа на Славе Катин во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји.
Делото е подготвено со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од сто години (1902 до 1992 година), се’ до конституирањето на Република Македонија кога стана самостојна суверена и независна држава. Оваа дело има исто така за цел да биде од помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новите средини.
Посебмо место во публикацијата “Македонскиот иселенички печат” е посветено за медиумите на Македонците во источно-европските земји. Меќу другото е забележано следното:
Македонската емиграција, заедно со грчката, живееше и дејствуваше во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Комунистичката партија на Грција, чие раководство и мнозинството од членовите, по поразот на ДАГ беа принудени да емигрираат. Партијата и натаму за емиграцијата претставуваше главна политичка раководна и идеолошка сила, а за сплотување на сета емиграција околу себе и за реализирање на своите програмски цели, формира разни политички и масовни организации и стручни служби со централни раководства и нивни дисперзирани тела во секоја земја одделно.
Сојузите претставуваа масовни организации со основна цел – негување и развој на културно-националните традиции, на политичкото единство на членството, развој на патриотскиот дух и сл. Вака зацртаната активност, сојузите ја спроведуваа преку своите органи, весници и списанија, што нивните централни органи ги издаваа во секоја земја одделко.
Bo почетокот се’ почна повеќе од скромно, со кратки информативни билтени исполнета со најнови информации или ставови на Партијата, со провизорни ѕидни весници во детските домови и фабричките хали, во кои беа вработени повеќето мигранти, во болниците каде што се лекуваа ранети борци на ДАГ и на други места. Веќе од есента 1949 година почнаа да излегуваат и првите весници на политичката емиграција, во чии рамки се печатеа и страници на македонски јазик.
Така, во Романија излегуваше весникот „Нea зои” („Нов живот”), во Унгарија „Лаикос агонас” {„Народна борба”), во Полска „Димократис” („Демократ”), во Чехословачка „Лаикос агонистис” (,,Народен борец”), во Бугарија „Лефтерија” („Слобода”), а во Ташкент, во Советскиот Сојуз, во почетокот излегуваше весникот под име „Прости ники” („Кон победата”), кој подоцна го мени првичното име и излегуваше под наслов ,,Неос дромос” („Нов пат”)
Значајно е да се одбележи дека во тие немирни години Комунистичката партија на Грција имала позитивни ставови кон Македонците од Егејска Македонија и, воопшто кон македонското прашање, што подоцна, за жал, тоа раписно се измени.

Инаку, посебни македонски гласила, а особено македонските страници како додаток во грчките весници излегуваа редовно се’ до 1968 година, (период од околу 18 години). Потоа некои од страниците, порано или подацна се укинуваа како резултат на ставот на Централниот комитет на КПГ, дека натамошното издавање на македовските страници и’ пречи на нејзината работа во Грција, во напорите за нејзино легализирање и соработка во Грција, за кои македонското прашање непостоеше.
1. “Македонче” (1949-1953) – Букурешт. Прво списание што на македонски јазик беше отпечатено во источно-европските земји е списанието “Македонче”, наменето за македонските деца и за младината. Тоа во Букурешт се појави во август 1949 година како орган на прогонетите Македончиња од Егејска Македонија. Клишето е на македонски јазик со кирилица со цртеж и борци од Илинден и од НОВ. Тоа се печатеше на 28 страници на формат 20 х 26.
Во 1950 година се отпечатени три броја, во јануари, јули и декември, идентични на претходните. Во 1951 година, пак, се отпечатени пет броја, додека во 1952 и 1953 година се отпечатени по дванаесет броја, на ист формат, на различен број страници и со многу богата детска содржина.
2. “Неа зои” (“Нов живот” ) (1950 – 1957) – Букурешт. Од почетокот на 1950 година издаваа билтен “Неа зои” (“Нов живот”) на грчки јазик, но и со статии на македонски јазик со кирилица. Од декември 1952 година гласилото, како орган на политичките емигранти од Грција започна да се печати во вид на весник на среден формат, на 4 страници, од кои еден на македонски јазик. С# до 1958 година излегуваше четирипати неделно, кога започна да се печати на 6 страници секој втор ден, од кои две страници наменети како прилог беа на македонски јазик. Тиражот се движеше од 1.500 до 2.000 примероци.
Прололжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН