Фељтон

ЕТНИЧКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (25)

1ata1

1ata1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Како и другите етнички групи во САД и Канада, македонските доселеници создале повеќе етнички организации. Тие им давале чувство на сигурност и станале место за етничко организирање на национален план, градејќи кај нив патриотска верба, љубов и надеж кон својата татковина, Македонија.

Пред Втората светска војна асоцијациите на македонските доселеници биле под силно туѓо влијание, особено на бугарската пропаганда. Но без оглед на тоа, тие ја за­држале својата македонска етничка припадност, зошто нивните друш­тва и асоцијации создавале можности за редовни меѓусебни контакти и за побрза интеграција во новото оп­штество.

Македонците во САД и Канада биле по­врзани преку бројни спомага­телни, односно со­ци­јално-културни, верски, по­ли­­тички, ин­фор­мативни и други ор­га­низации и асоцијации. Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, ма­кедонските доселеници биле организирани, меѓу другото, во следните етнички асоцијации:

“МАКЕДОНСКА ПАТРИОТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА” (МПО). Првата политичка организација која ги собирала македонските доселеници во САД и Канада била МПО (Македонски политички организации). Поради ставот на аме­ри­канската влада која не дозволувала политички организирања на доселениците, го променила името од политичка во Македонска патриотска (патриотическа) организација (МПО) и како таква дејствува и денес.

МПО била формирана на 30 септември 1922 година во Форт Вејн, Ин­ди­јана, каде што бил свикан Првиот конгрес на македонските политички ор­га­низации, односно на селските и околиските друштва. Оваа организација се појавила како резултат на желбата на македонските доселеници за свое етничко ор­га­ни­зирање. Таа првобитно имала правилен став по македонското прашање. Се борела пред светот и пред македонската јавност и иселеништвото за национална и социјална слобода на населението во Македонија. Затоа МПО реагирала кај владите и другите институции на Бугарија, Србија и Гр­ци­ја кога се појавувале разни притисоци и убиства на Македонци, испраќајќи свои резолуции и други документи и написи. МПО честопати се јавувала и како донатор на акции сред македонските доселеници за најразлична помош на Македонија.

Во почетокот за МПО Македонија била еднаква меѓу еднаквите држави на Балканот. Меѓутоа, во периодот меѓу 1927-1929 организацијата потпаднала под силно бугарско влијание, кога меѓу македонското иселеништво настапил процес на дезориентација и дезорганизација. Оттогаш МПО започнала да ја негира националната самобитност на македонскиот народ, застапувајќи ја тезата за некаков бугарски карактер на Македонија. Исто така, во периодот по Втората светска војна (1945) и до осамостојувањето на Република Ма­ке­донија (1991), ја негирала македонската држава, нација, јазик и  Ма­кедонската пра­во­слав­на црква.

Затоа, во македонската држва во из­ми­на­тиот период ор­­­ганизацијата МПО е претставувана како пробугарска ор­га­низација која де­лу­­вала, главно, меѓу македонските доселеници во САД и Ка­нада, а со тоа ¼ било посветено скромно научно и општествено внимание. Ме­ѓутоа, бугарската наука на МПО ¼ посветила посебно внимание, користејќи ја како бугарска исе­леничка орга­низација на “македонските Бугари”, за­ста­пувајќи ги ин­те­ре­сите на бугарската пропаганда меѓу Македонците во САД и во Ка­на­да. Тоа осо­бено било изразено преку гласилото на МПО “Македонска трибуна” кое и де­нес излегува како месечник. Поради намаленоста на член­ството, кое претеж­но е од старата генерација од егејскиот дел на Македонија, орга­ни­зацијата е во изумирање.

Меѓутоа, по прогласувањето на независноста и сувереноста на маке­дон­ската држава во 1991 година, односно од 1996 година, пак, започна еден нов процес во односите на МПО кон Македонија. Имено, реализирани се повеќе акции за признавање на не­за­вис­носта на Македонија, направени се бројни посети и средби со политичари и вла­дини претставници од Македонија и друго. Така, покрај тоа што МПО останува на ста­рите определби, сепак се забе­ле­жу­ваат извесни позитивни промени во ра­ководството на МПО и во однос кон ма­кедонското национално прашање,  кон Македонската православна црква и кон македонскиот народ во це­лина. Денес генерациите на старите членови на МПО, кои се чувствуваат ка­ко Аме­ри­канци и Канаѓани со симпатии гледаат кон прогресот на Република Ма­кедонија.

МакедонскИ народен Сојуз (МНС). Во 1929 година, во Понтијак, Мичиген, е формирана првата македонска независна прогресивна група, чиј  број подоцна се зголемил на шест во САД и Канада. Организирањето на со­ра­ботката и воопшто координирањето на акциите меѓу прогресивните групи било до­­верено на Иницијативниот комитет, кој ја свикал Првата конференција, што се одржала  во Толидо, Охајо, на 22 и 23 март 1930 година.

На конференцијата била усвоена Резолуција со која сите македонски не­­зависни прогресивни групи се обврзале да ја координираат својата дејност ме­ѓу себе и да создадат услови за што поуспешно ширење на своите идеи ме­ѓу македонските доселеници.  Во Резолуцијата, меѓу другото се зборува за борбата што требало да се води против организацијата МПО која, како што се вели, била оружје на великобугарската државна политика. Исто така, и во другите документи на конференцијата, МПО се третирала како еден од нај­­големите противници на прогресивното движење на македонската емиграција. Прогресивните групи за свој сојузник ја прифатиле само ра­ботничката кла­са со која биле готови преку единствениот револуционерен фронт, да се борат против фашизмот и империјализмот.

1ata11

Целта на македонските независни прогресивни групи била да ги обедини Македонците заведени од МПО и да развие политичка активност сред ма­ке­донските доселеници. А, една од големите желби и барања на овие групи би­ла да се создаде балканска федерација, во која ќе бидат гарантирани широки на­ционални, политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклу­чувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија. Во реа­ли­за­цијата на ваквата политика новиот Македонски народен сојуз (МНС) сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, ососбено од оние на Балканот. Организацијата МНС своите активности започнала да ги пренесува и афирмира во поголем број гласила, меѓу кои, во весниците: “Македонски билтен” (бÓлетин); “Балканско з(с)дружение”, “Трудова Маке­до­нија(Ô)” и  “Народна волја(Ô)”.

Инаку, името Македонски народен сојуз (МНС) го добил со обеди­ну­ва­њето на прогресивните групи во сојуз на Првиот конгрес, одржан во Гери, Ин­дијана, од 24 до 26 април 1931 година. Потоа, по Четвртиот конгрес на МНС што се одржал во Детроит, Мичиген, во 1934 година, од единствениот МНС биле создадени две организации: Македонско-американски народен сојуз во САД (МАНС) и Македонско-канадски народен сојуз (МКНС) во Канада.

Членовите на МАНС и МКНС се залагале са поголемо заедништво меѓу прогресивните сили на сите балкански народи. Кај нив се разгорел пламенот посебно за поддршка на Народноослободителната борба на македонскиот народ и на Граѓанската војна во Шпанија. Така, една од позабележителните акции на МАНС и МКНС бил, секако, “Меморандумот за решавање на македонското пра­­­шање”, што на 11 февруари 1945 година Националниот комитет го упатил до американското Министерство за надворешни работи, до меѓународната јав­ност, до бројни институции и до македонското иселеништво.

Меѓутоа, по 1947 година во САД започнала кампањата против про­гре­сив­ните организаци и симпатизерите на левицата, кога започнала и студената војна. Многу организации во тој период биле прогласени за субверзивни. Таква ети­кета му била прилепена и на МАНС, кој бил прогласен за “пресвртничка ор­­­ганизација”. Потоа, во 1949 година, кога, стапила во сила одлуката на државниот об­­винител на САД, според која натамошното дејствување на Македонско-аме­ри­канскиот народен сојуз згаснала засекогаш.

Во периодот меѓу двете светски војни најголема активност покажале ор­ганизациите МПО, МАНС и МКНС. Во нивните ограноци членувале, главно, Маке­дон­ци од егејскиот и од вардарскиот дел на Македонија. Особено организаци­ја­та МПО била присутна со свои ограноци во сите средини каде живееле ма­кедонските доселеници. Така, организациите и асоцијациите на македонски­те доселеници од нивното доаѓање до Втората светска војна, поединечно во секоја држава се следните:

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top