Фељтон

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО КАНАДА (30)

1l1

1l1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвот

2. КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ДОМ.  

Една од најзначајните македонски институции е, секако, Канадско-ма­­ке­­донскиот дом. Првиот иницијативен одбор на овој дом бил формиран во 1969 година и прераснал во Управно тело – Борд на директори кој броел 15 чле­на и својата официјална дејност ја започнал во 1971 година. Ова тело кое било акционерско, секоја година преку избори доживува промени. Во аналите на Кандско-македонскиот дом е запишано дека во 1973 година било купено место со површина од над 3 хектари на кое е изграден домот, што е од ин­терес и потреба за сите Македонци кои живеат во Торонто и околината. Потоа на 7 мај 1978 година и официјално бил ставен камен темелникот, а на 24 септември 1978 година свечено била откриена резба во камен со натпис “CANADIAN – MACEDONIAN PLACE 1978”. Домот на свеченото отворање го нарекле “Цанадиан Мацедониан Сениор Цитизеннс Центре Ассоциатион”, а меѓу доселениците е познат како Канадско-македонски старски дом.

Свеченото отворање на Домот било извршено на 17 јуни 1979 година. Тогаш бил отворен комплекс од модерни згради со 110 апартмани, станови, со си­те помошни простории, со 1 спална, кујна, гостилница, приемна соба, балкон, ку­патило и др. На свеченото отворање настапиле: групата “Ма­ке­донка” при црквата Св. Климент Охридски, охридскиот пеачки состав “Бил­јана”, португалското КУД “Назаре”, потоа јапонски, филипински, ав­стрис­ки и ирски играорци.

Во Канадско-македонскиот центар, кој на 12 јуни 1994 година ја про­славил 15-годишнината од отворањето, со успех работи женската секција “Ќерките на Македонија”. Таа е формирана во 1977 година и во неа учествуваат видни граѓанки на Канада од македонско потекло. Исто така, во состав на Центарот со успех работи Македонско-канадскиот пензионерски клуб, прв во Торонто, кој бил отворен на 15 јануари 1974 година, а официјално регистриран на 1 април 1977 година. Таму работи и Канадско-македонското историско друш­т­во, кое има и своја библиотека во Домот.

3. МАКЕДОНСКИ АСОЦИЈАЦИИ ВО СОСТАВ НА ЦРКВАТА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

ИГРАОРНАТА ГРУПА “МАКЕДОНКА” била формирана во 1959 година. Гру­па­­та меѓу македонските доселеници во Торонто, првобитно била позната под името “Та­нец” и “Вардар”. Кога настапувала пред пошироката канадска публика се по­јавувала со името “Македонска фолклорна група”.

Групата “Македонка” во 1959 година станала гранка на организацијата “Обединети Македонци”, која била основана истата година. Во 1964 година, групата се одвоила од “Обединети Македонци” и почнала да настапува са­мо­стојно. С# до 1968 година “Македонка” успешно настапувала на голем број кон­церти, главно пред македонската заедница во Торонто. Во 1969 година групата ¼ пристапила на црковната општина Св. Климент Охридски и станала нејзина членка. Во 1970 година го добила сегашното име “Ма­ке­донка”. С# до најново време, оваа група била и е една од носителите на културниот и за­бавниот живот на македонското иселеништво во Торонто.

1l11

Во своето долгогодишно постоење групата “Македонка” имала мно­губројни настапи и, се разбира, добиени признанија и награди. Во 1971 го­дина “Македонка” гостувала во Македонија, како гостин на Матицата на исе­ле­ниците од Македонија. Тоа било првото гостување на групата во Ма­ке­донија. Била чест гостин на фестивалот “Илинденски денови” во Битола, ка­де што со свои концерти настапила во 1978, 1982 и 1989 година.

Групата “Македонка” на канадската јавност ¼ е позната со учество на повеќе фестивали и турнеи низ разни делови на Канада. Скоро секоја година настапувала на меѓународниот фестивал во Торонто, познат под името ЧИН. За неколку настапи има добиено први награди, и тоа во 1980, 1986, 1989 и 1991 година. Во 1979 година била гостин на провинцијата Нова Скошија, во својство на најдобра група на провинцијата Онтарио. Во Саскачен групата “Ма­кедонка” престојувала во 1980 година. Во 1983 година “Македонка” ја прет­ста­вувала Канада на Меѓународниот фолклорен фестивал во Порто Рико, Јуж­на Америка, а реализирала и успешна турнеја во Австралија.

МАКЕДОНСКОТО НЕДЕЛНО УЧИЛИШТЕ е место каде се продолжуваат традициите и се негува мајчиниот македонски јазик. Тоа постои од самото формирање на црквата Св. Климент Охридски до денес. Во него се школувале голем број ученици и предавале бројни наставници кои придонеле во процесот на културата и образованието.

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО “БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” при црковната оп­штина Св. Климент Охридски во Торонто било формирано на 6 март 1987 го­­дина. Првата литературна вечер, ја одржало во мај 1987 година по повод 126-годишнината од излегувањето на познатиот Зборник на браќата Ми­ладиновци и во чест на формирањето на друштвото. Тогаш, за прв пат пред ма­­кедонската заедница во Торонто членовите се преставиле со свои творби.

Потоа на 1 јули 1989 година ја печателе првата публикација “Ли­те­ратурна мис­ла”. Во првиот број на ова списание се застапени сите членови на друштвото со по една песна. Вториот број на “Литературна мисла” излегол од печат след­ната година, а во него членовите на друштвото се застапени со по неколку песни. Третиот број се појавил во 1990 година, а во септември 1991 година, че­твртиот број. Ис­тата година излегла од печат книгата поезија на членовите на ова литера­тур­но друштво под наслов “Траги во времето”, а во 1993 година кни­гата под наслов “Глас од далечината”. Во 2001 година излегла од печат сти­хозбирката “Мостови”, во која сите членови се застапени со повеќе песни.

Литературното друштво “Браќа Миладиновци” од 1989 година се ја­ву­вало и како организатор на “Деновите на македонската култура и литература” во То­­ронто. Оваа манифестација се одржува во мај, а се покануваат и гос­ти од Македонија.

ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА при црковната општина Св. Климент Охридски во Торонто, започнала да работи во 1984 година. Во текот на своето постоење, се појавила со шест драмски претстави.

Драмската секција своите претстави, со ретки исклучоци, ги изведувала во просториите на црквата Св. Климент Охридски. Настапувала и во некои театри во градот, како и на приредбата “Оро македонско”, во организација на Македон­ско-канадската федерација. Настапила во градот Виндзор и во Република Маке­донија, на театарските денови “Војдан Чернодрински” во Прилеп и на други места.

ЦРКОВНИОТ ХОР при црквата Св. Климент Охридски бил формиран во осумдесеттите години во помал состав и со скромни обиди. Денес тој прет­ставува значаен фактор во црковното живеење и е еден од нај­доб­рите маке­донски црковни хорови. Главно настапува за време на одр­жу­вањето на све­тите богослужби секоја недела и на големите христијански празници, а на­ста­пил и надвор од црквата. Во хорот членуваат дваесеттина љубители на ма­кедонското црковно пеење од различна возраст.

ШАХОВСКИОТ КЛУБ при Св. Климент Охридски, е една од помладите сек­ции на црквата. Во последно време постигнува забележливи резултати. Членовите на овој клуб редовно се натпреваруваат во Онтарио на повеќе важни турнири. Во про­сториите на клубот, во црквата Св. Климент Охридски во 1992 година, за прв пат бил одржан шаховски турнир на кој зеле учество околу 240 шахисти од провинцијата Онтарио.

ДРУШТВОТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”, како гранка на цр­ков­ната општина Св. Климент Охридски било основано во 1990 година. Тоа е офи­­ци­јално регистрирано влегува во склопот на “Обединетите пензионери на Он­та­рио”. Во него можат да членуваат лица со надминати 55 години. Друш­тво­то во про­сториите на црквата Св. Климент Охридски има свој клуб, кој ра­боти од понеделник до петок. Тоа е од отворен тип и во него можат да чле­­нуваат и при­падници на други етнички групи. Секој четврток пензионерите организи­раат заеднички ручек.

Прололжува 

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top