Фељтон

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

1fon1

1fon1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

За одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше изготвена предлог-програма за која се грижеше Одборот од следните лица: Атанас Близнаков, основач на Фондот и постојан член на Советот на Фондацијата, Томе Буклески, постојан член на Советот на Фондацијата, Славе Николовски – Катин, постојан член на Советот на Фондацијата, проф. д-р Радмила Кипријанова, ректор на Универзитетот, проф. д-р Александар Андоновски, проректор на Универзитетот, Душко Сековски, генерален секретар на Универзитетот и Дочка Тодоровска, секретар на Фондацијата

На свечената седница покрај членовите на Одборот присуствуваа: проф. д-р Саво Климовски, претседател на Сенатот на Универзитетот, проф. д-р Димитар Керамитчиев, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Васил Зигоманов, секретар на Матицата на иселениците од Македонија, митрополитот Кирил, архиереј на Полошко-кумановската епархија, деканите, членовите на Советот на Фондацијата ,,Петар Стаматоф”, претставници на Министерството за надворешни работи,  на Министерството за финансии, Министерството за образование и физичка култура, Министерството за наука, роднини и пријатели на Атанас Близнаков, досегашни дипломирани стипендисти на Фондацијата, сегашни стипендисти и други гости.

По повод овој свечен чин, 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во просториите на Универзитетот, на 18 мај 1997 година со почеток во 11 часот се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата.

На свечената седница на присутните им се обрати ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Радмила Кипријанова. Таа покрај другото, рече:     

            Почитувани членови на Советот,

            Почитувани студенти стипендисти,

            Почитувани гости,

Денешнава свечена седница на Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која, поради здравствени причини, првпат меѓу нас не е присутен почитуваниот господин Близнаков, ја организираме по повод дваесетгодишното непрекинато дејствување на оваа Фондација и истовремено, да ја изразиме нашата голема благодарност за хуманиот и благороден гест на неговиот основач, почитуваниот господин Атанас Близнаков, кој е всушност и првенец во редот на донаторите на нашата универзитетска средина. И не случајно, тој го зазема првото место на Спомен-плочата на донатори изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањњето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а по повод минатого­дишното чествување на нашиот патронен ден.

Името и делото на почитуваниот господин Атанас Близнаков е широко познато и присутно меѓу македонските иселеници и меѓу македонската јавност. Тој ѝ припаѓа на напредната и прогресивна генерација од првите доселеници на американскиот континент, кој, далеку од својата родна земја, целиот свој живот го посвети на слободата и напредокот на македонскиот народ.

Веднаш по враќањето во Македонија, тој и натаму продолжува да го дава својот придонес на својот народ, при што, не помалку забележителна е неговата творечка и публицистичка дејност посветена на револуционерното организирање и движење на Македонците во далечната прекуокеанска Америка.

Изразувајќи ја својата приврзаност кон Македонија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка, почитуваниот господин Близнаков, со посебно задоволство и готовност ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на нашите студенти. Така, овој хуман гест во 1977 година, со неговото завештание и тестамент, е изразен преку формирањето на Фондација за стипендирање студенти – „Атанас Близнаков”. Овој чин, прв во историјата на нашиот Универзитет, има двојно значење.

Првото и основното е содржано во самата намена на Фондацијата, во мотивот и желбата на Атанас Близнаков да го стимулира она што е најдрагоцено и најпотребно за секој народ – знаењето.

Второто значење на овој чин произлегува од фактот што со него се создава една традиција во нашиот образовен и културен живот, традиција со која на недвосмислен начин се манифестира приврзаноста и љубовта на нашите сонародници кон својата земја.

Од формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” до денес, чест да бидат корисници на стипендии имаа 214 студенти од поголем број факултети од сите научни области: од техничките науки, природно-математичките, медицинските, општествените, биотехничките науки и од уметностите, а од нив со високо образование се стекнале над 150 стипендисти.

1fon11

Дел од присутните при формирањето на Фондацијата

Големото благородно дело на нашиот сонародник прв донатор Атанас Близнаков, претставува своевиден пример и поттик за младите генерации да придонесуваат во развојот на науката и афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а со тоа да учествуваат во развојот, јакнењето и угледот на нашата држава, за што тој, низ целиот свој животен пат се залагаше и придонесуваше.

Во тоа име, дозволете ми, уште еднаш да ја изразиме нашата голема благодарност за неговото хумано длео, да му посакаме добро здравје и да му ги пренесеме нашите искрени желби тој да биде свидетел на уште многу дипломирани студенти – стипендисти на Фондацијата „Атанас Близнаков”, истакна д-р Кипријанова.

По повод 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, телеграма со изрази на почит до Советот на Фондацијата, испрати претседателот на Република Македонија, г. Киро Глигоров. Во телеграмата, меѓу другото, тој вели:

„Почитувани господа, драги пријатели, искрено жалам што сум спречен да присуствувам на свеченото одбележување на 20-годишнината од основањето на Фондацијата „Атанас  Близнакоф” поради ангажираност со други службени обврски. Ви ја честитам годишнината и Ви посакувам плодотворна работа на полето на едукацијата на стручни кадри кои ќе го понесат натамошниот развој и просперитет на нашата земја.”

Исто така, и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тито Петковски, испрати телеграма до Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, и до Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков”, во која се вели:

„По повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, извонредно значајна донација која во изминатиот период во голема мера придонесе материјално да се поддржи едуцирањето на младите и талентирани студенти, ги упатувам моите честитки за 20-годишниот јубилеј, а наедно преку Советот на Фондацијата, молам да бидат пренесени моите поздрави и желби за добро здравје до г-дин Атанас Близнаков.”

Телеграма со слична содржина пристигна до Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и од претседателот на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Во неа се вели:

„Најсрдечно Ви се заблагодарувам за поканата да присуствувам на свечената седница на Советот на Фондацијата „Атанас Близнаков”, по повод 20-годишното постоење на оваа прва значајна фондација во нашата Република.

Во текот на 20-годишното постоење на оваа Фондација, на голем број млади луѓе им беше овозможено да се школуваат на нашиот Универзитет, со што остварува значајна образовна и хумана функција.

Искрено и од се’ срце го честитам јубилејот на оваа значајна Фондација, со желби за добро здравје и успеси во реализацијата на вашата благодарна мисија.”

Во периодот до прославата на 20-годишнината од формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” имаше бројни преписки со Агенцијата „Пруденшијал секјурити” во Чикаго. Тие се однесуваа на имотот и акциите во САД. Така, во 1993 година имаше интензивна кореспонденција и со други правни лица и, од повеќе одговори, сугестии и препораки, тој се одлучи да ја препушти работата и понатаму да ја води Агенцијата; таа да ги продаде акциите и средствата, да ги депонира и тие да останат во САД на име: ,,Фондација Атанас Близнаков” Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Македонија”, што беше негова голема желба, бидејќи тој сметаше дека парите нема да загинат, туку ќе се користат за целите што тој ги одредил. Во прилог на книгата го давам неговото последно писмо, на англиски јазик, што тој го испрати до господинот Роберт Хардин, човекот кој многу искрено и чесно се грижи за Фондацијата. Писмото е со оригинален потпис на Атанас Близнаков.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top