Фељтон

АТАНАС БЛИЗНАКОВ – НАЈГОЛЕМИОТ ДОНАТОР ОД МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (31)

1blc1

1nas1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Монографските дела „Атанас Близнаков“, кое се во издание на Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2000, 1-336, (на македонски). И 2017, 320, (на македонски и англиски) се посветени на  најголемиот донатор во македонското иселеништво, Атанас Близнаков роден во селото Д’мбени, Костурско, а живееше во Гери,Индијана, во Соединетите Американски Држави

Во нив, меѓу другото, се вели дека Атанас и Славка Близнакови со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков“ отворија една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ и македонското иселеништво.

Инаку, македонските доселеници во САД постигнуваат забележителни резултати во областа на бизнисот, црковното и културното живеење, образованието и социјалниот живот воопшто. Нивните постигнувања на економски, општествен, црковен и културен план с# повеќе придонесуваат за да бидат признати од домашниот фактор и од другите етнички групи. Голем е бројот на деловни луѓе од македонско потекло кои се познати и ценети во својата средина, држава и ширум светот. Ваквиот напредок, пред се’, придонесува за нивна општествена афирмација и поволен третман во средините кај што живеат, однесувајѓи се кон нив како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунационалното општество во САД и Канада.

Процесот на национална афирмација на македонските доселеници на Северноамериканскиот континент започнал уште во почетокот на нивното доаѓање во новите средини, кон крајот на минатиот и во почетокот на овој век. Со доаѓањето во новите средини Македонците со себе ги понеле своите наследни народни традиции, културата и националното чувство.

Тоа го покажува фактот што денес Македонците се интегрален и важен дел во САД, формирајќи значајна заедница меѓу етничките групи. Со тоа, во исто време, тие ги афирмирале своите национални вредности преку културните институции и асоцијации и на тој начин го збогатувале мозаикот на културата на САД.

Еден од познатите и признатите македонски иселеници, секако, е Атанас Близнаков. Неговите дела се добро познати меѓу македонските доселеници и на пошироката македонска јавност. Тој, всушност, припаѓа на онаа напредна и прогресивна генерација од првите доселеници на американскиот континент, која далеку од својата родна земја, со целиот свој живот и со целото свое битие остана трајно врзана со својот народ.

Времето во кое живеел и дејствувал Близнаков во САД е мошне значајно за националната борба на македонските доселеници. Тој има слична, ако не и идентична судбина со голем број македонски афирматори – доселеници кои со макотрпно чекорење низ многубројните животни крстопати ќе го бараат своето нескриено чувство и желба за оддолжување кон сопствениот народ и својата татковина.

Затоа, како многумина македонски доселеници на американските простори ќе се бара себеси и ќе го бара своето место во националното осознавање на Македонците во САД во различни период на овој век, од ропството и делбите на Македонија до формирањето на македонската самостојна и независна држава.

Како резултат на сите тие збиднувања, кои од Балканот се рефлектирале и во САД, кај Близнаков преовладала желбата и убедувањето да се приклучи кон крилата на прогресивните и да остане доследен на своите сфаќања до крајот на животот. Тој во исто време беше државјанин и лојален граѓанин на САД и   почитувач на големите постигнувања во деловноста и прогресот во целина.

Атанас Близнаков бил активен член на Македонскоамериканскиот народен сојуз, кој во тоа време водел решителна борба против реакционерните режими на Балканот. Всушност, членовите на МАНС се бореле за ликвидирање на фашизмот и биле поборници за изградба на посреќен живот и траен мир. Нивната морална и материјална помош била од огромно значење во Народноослободителната борба и во периодот на обновата на Македонија.

1nas11

Одборот и студентите на Фондацијата „Атанас Близнаков“

Меѓутоа, сето тоа било премалку за да се замени желбата на Близнаков да го види остварн својот сон за слободна Македонија. Така, во јуни 1958 година, заедно со сопругата Славка, првпат дојде да види слободен дел од татковината, за да им се исполни нивната желба. Потоа, по десет лета во 1968 година, по пензионирањето, повторно дојде во Македонија, а во 1976 година Близнакови засекогаш се вратија во Скопје.

Враќањето на Близнаков во татковината цлеосно го исполни негивиот живот со ангажмани кои му дадоа траен белег на неговото животно дело. Имено, во 1977 година, на Универзитетскиот совет, едногалсно беше прифатена неговата желба за основање на Фондацијата „Атанас Близнакоф” на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за стипендирање на надарени студенти.

Фондацијата го сочинуваа средствата што тој му ги подари на Универзитетот и од кои во изминативе дваесетина години над двеста млади луѓе завршија високо образование на различни факултети на Скопскиот универзитет. Едно од неприкосновените правила на Фондацијата е стипендиите да се доделуваат исклучиво на студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” што беше, всушност, и желбата на Близнаков.

Фондацијата „Атанас Близнакоф” е прва од ваков вид во Република Македонија и затоа предизвика големо интересирање меѓу јавноста во Републиката и сред македонското иселеништво во прекуокеанските земји. Таа, во прв ред, е гордост на донаторот Атанас Близнаков, но и поттик за другите добротвори, без разлика каде живеат, да придонесат за побрзиот економски и културен развој на својата татковина.

Формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” претставува, не само завештание и животна ориентација на поснатиот доселеник господинот Атанас Близнаков и на неговиот сопатник Славка, туку и светол пример како една највисока просветна институција во Македонија – Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, гради односи со македонското иселеништво, излегувајќи во пресрет на оние истакнати Македонци во светот кои решиле преку донации во науката и културата да го поттикнат вечниот прогрес на својата поранешна и сегашна татковина Македонија

Крај

1SlaveK2 copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top