Фељтон

Историјата на Македонија (7)

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори, секако повикувајќи се на релевантни докази, од кои некои веќе презентиравме. Дури и во ‘Историјата на Грција’, од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот. Овде читаме:

‘Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тракискиот, а по се изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот…’ (History of Greece by George Gerote, Vol.II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, 1851, del 2, str. 14 i 15).

Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал (Arthur Weigall) во врска со засебноста на древно-македонскиот јазик, пишува:

‘Грците … не можеле да го разберат македонскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литература од која би можел да се проучува.’ (Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).

Вајгал дури пишува и дека мнозина Македонци не знаеле ниту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик и сосема јасно пишува дека мнозина Македонци не знаеле ниту збор од грчкиот јазик. Оценувајќи ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:

‘Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена’.

Вајгал (цит. дело, стр. 267) повторно пишува во врска со познавањето на грчкиот јазик од страна на Македонците. Овде читаме:

‘Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел младешки да не и се восхитува на атинската интелектуалност, и да се ослободи од непријатното чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.’

Што се однесува до веќе спомнатото испрашување на Македонецот Филота (Philotas), Вајгал (цит. дело, стр. 314) истото вака го опишува:

‘Александар повторно побарал од него да зборува и го прашал дали ќе им зборува на луѓето на грчки или на македонски’.

Има уште многу други светски познати авторитети кои пишуваат за засебноста на македонскиот јазик, на кои, во интерес на просторот, ќе се задржиме во некоја друга прилика.

Инаку, факт е дека владеачките кругови во древна Македонија во одреден период на својот развиток го прифатиле грчкиот литературен јазик. Денешните грчки историчари и пропагандисти го користат овој податок за своите цели. Тие потенцираат дека на Македонскиот кралски двор во четвртиот век пред Христа се пишувало на грчки и ова тие го нудат како ‘доказ’ дека Македонците наводно биле ‘Грци’.

Така, на пример, во првото издание со натписи од регионите во горна Македонија, подготвено од грчките историчари Ризакис и Тарацоглу (Rizakis and Touratsoglou), предадени се 225 натписи од територијата на Македонија под Грција. Речиси сите овие 225 натписи биле напишани на грчки (Борза, цит. дело, 93).

Но, ваквото толкување на грчките историчари не може да биде никаков доказ дека древните Македонци биле Грци. Тоа што владеачките кругови во древна Македонија во одреден период го прифатиле грчкиот литературен јазик како писмен јазик на својот двор апсолутно не значи дека Македонците биле Грци. Еве зошто.

Како прво, со тогашниот литературен грчки јазик се служеле и други народи. За да го објасниме ова малку ќе се оддалечиме од темава за да направиме еден компаративен преглед со денешнава состојба. Најнапред ќе потенцираме дека големото мнозинство од денешниве генерации потсвесно го земаат литературниот јазик како ‘доказ’ за етничката припадност на поединци во минатото. Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен. Денес (речиси во целиот цивилизиран свет) најголемиот дел луѓе се писмени. Притоа поголем дел од народите (барем во Европа) си пишуваат на својот сопствен литературен јазик. Грците пишуваат на грчки, Србите пишуваат на српски, Хрватите на хрватски, Бугарите на бугарски, Албанците на албански, Македонците на македонски, Романците на романски и така натаму. Поради тоа кај мнозина наши современици во потсвеста е создадено еден вид ‘правило’, според кое, штом денес секој народ си пишува на сопствениот литературен јазик, сигурно дека така било и во минатото, т.е. така било ‘отсекогаш’. Но, ако се размисли подобро и ако се направи обид да се сфати реалноста во минатото, ќе се види дека ова ‘правило’ тогаш воопшто не важело! За времето за кое зборуваме во целиот свет имало само неколку литературни јазици. Значи, секој што ќе сакал да пишува бил принудуван добро да се помачи да научи некој од овие јазици. Ова фактички значи дека одвај дали имало по некој писмен човек во тие времиња. Така, на пример, припадници од разни народи: Грци, Македонци, Тракијци, Евреи, Илири, па дури и Римјани во одреден период на антиката пишувале на старогрчкиот јазик, но тоа никако не значи дека тие биле Грци.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top