Фељтон

ПИСАТЕЛОТ РИСТО СТЕФОВ – ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (10)

1a1

1a1

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Крис Срефо или Ристо Стефов, како што им е познат на Македонците е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Во биогравските податоци на Ристо Стефов се вели дека по завршувањето на средното училиште во Торонто во 1974 година, тој се запишал на четиригодишните студии на Факултетот за електротехника при Универзитетот во Торонто, каде во 1978 година се стекнува со диплома инженер за применета наука во електротехниката.

Првата работа на Ристо Стефов била во Комисијата за транспорт во Торонто. Додека уште студирал на Универзитетот бил ангажиран да помогне во компјутеризацијата на возилата на Транспортното претпријатие во Торонто. Тука спаѓало инсталирање на системи за следење на возилата и на комуникацискиот систем. Потоа, на Ристо му било дадено задолжение да имплементира информациски систем за одржување на возилата и разни други проекти.

Ристо Стефов и неговата сопруга ја формирале својата компјутерска фирма „СНС компјутерски систем“, преку која обезбедуваат консултативна помош, интеграција на хартвери и софтверски програми на новата микрокомпјутерска технологија.

По дипломирањето Ристо бил ангажиран од Добротворното здружение на Ошчима, едно од првите македонски асоцијации, формирано 1907 година. Тој бил во управниот одбор, потоа бил избран за претседател на оваа друштво. Исто така тој е член и на Леринското друштво за Онтарио, на кое бил и претседател, потоа на Македонското научно друштво, а е многу активен и во македонската заедница.

Инаку, друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно повр­зано со жителите од селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки е от­печа­тена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се по­­местени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.

Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов  дојде за прв пат во Република Македонија За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик  Антоније Шкокљев – Дончо, по потекло од  Дамбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа.

Во делото “Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, авторот Риста Стефов посветил особен простор за периодот на Македонија од 1939 до 1949 година, за Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, која беше фатална за македонскиот народр од Егејска Македонија..

Книгата „Македонија – земја на легенди”, од Ристо Стефов печатена на англиски јазик, а издадена од издавачката куќа „Македонска искра” од Скопје во 2010 година, пак, е дело за неговата голема љубов кон родната земја. Авторот ги опишува импресиите од првата посета на Македонија по четириесет и две години живеење во Канада.

Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжинер по образование и сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност.

Покрај делото “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”,  тој е автор и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и македонскиот народ” и заедничкото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, како и на „Македонија во античко време“ и „Балканот и Македонија“, заедно со академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, сите на англиски јазик.

Инаку, Македонија е и радост и тага и восхит и преокупацијата на Ристо Стефов. Тој ја напуштил својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Ристо Стефов, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за библиската природа на древната земја на нивното потекло Македонија, сместена на балканските ветрометини.

Животната историја на Ристо Стефов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Ошчима, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија и на македонскиот народ. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци пред нив и по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава.

Затоа, може да се рече за доблесниот иселеник Ристо Стефов дека во неговите скромни рамки и преку неговите дела се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делата што ги напишал и ги пишува Ристо Стефов претставуваат убав пример и патоказ на еден честит, благороден и трудољубив Македонец надвор од Македонија. 

Ристо Стефов за прв пат по заминувањето во Канада се врати во родната Македонија и го посети слободниот дел, Република Македонија во 2008 година. Тоа за него беше голем предизвик, времеплов и своевидна сага за неговото интелектуално опстојување. Целиот свој живот делбата на Македонија ја сваќа како трагедија и погуба на македонското дело, на својот народ и на идните македонски генерации.

Затоа, тој е публицистот кој војува со перото и пишаниот збор се’ со цел да ја прикаже и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ во светот. Тоа го потврдува фактот дека кај него тлее убавата и правдољубива идеја за Македонија, а со своите дела за висината за Македонија се издигнува над времете во кое живее. Неговите дела, во исто време претставуваат поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy       

Пишува: СЛАВЕ КАТИН                      

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top