Фељтон

ЏИМ (МИТРЕ) НИКОЛОВ – ДУШАТА НА ИГРАОРНАТА ГРУПА „СЕЛАНИ“ (12)

904 copy

904 copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II       

Покрај најстарата Фолклорна група „Македонка”, којашто е фор­мирана во 1959 година, од група енту­зи­ја­сти и вљубеници во македонското оро и песна, во состав на МПЦО „Свети Климент Охридски”, постои и КУД „Го­це Дел­­чев” во рамките на организацијата „Обеди­­нети Македонци”, Играорната група „Илинден” од МПЦО „Свети Илија” во Мисисага, Играорната група „Танец” и КУД „Трсје”; во Торонто е формирана и македонската Фолк­лорна група „Селјани”.

Фолклорната група „Селјани”.е формирана при крајот на 1969 година, со цел да учествува и да презентира дел од македонските изворни ора, песни и обичаи на Првиот интернационален караван на нациите, што се одржал истата година во То­ронто, а на кој се претставиле македонските иселеници коишто живеат и работат на тие простори. Фолклорната група „Сел­јани” постигнала забележителен успех на Караванот, што бил добра основа и поттик за натамошна макотрпна ра­бота на сите членови и резултатите што ги имале сè повеќе.

Првиот учител, кореограф и инструктор на младите фолклорни ентузијасти од групата „Селјани”   била Олга Сандоловиќ, родена Велов, специјалист за бал­кан­ски игри и многу познат учител за фолклор во Се­вер­на Америка, а големи заслуги имал и д-р Тимо Рајс про­фесор на Музичкиот факултет на Универзитетот во То­ронто, кој им ја пренел вештината за инструментите гајда, кавал, тамбура и тапан. Од 1975 година директор и кореограф на Фолклорната група „Селјани” станал Џим (Митре) Николов, кој заедно со својот животен сопатник сопругата Дина биле матицата и душата на оваа многу значајна фолклорна група.

Џим е познат во македонската колонија во Торонто не само со својот ведар дух и интелектуални способности, туку е и одличен познавач и вљубеник во македонскиот из­вор­ен фолклор; одличен играорец, свири на кавал, ги пее старите изворни македонски песни и живее со народното богатство од Македонија, особено од егејскиот дел на Македонија. Џим е економист по професија, со високо образование, честит Канаѓанец од македонско по­тек­ло,  роден во Торонто. Татко му е од селото Трсје, Леринско, а мај­­ка му од градот Лерин. Неговите родители со себе го понеле ма­ке­дон­ското изворно фолклорно богатство и му го пре­неле на Џим, кој се гордее со своето македонско по­тек­ло. Џим Николов е добитник на значајни награди, приз­нанија и пофалби за постигнатите резултати во фолк­лори­сти­ката. Но, голем успех и заслуги за тоа има неговата со­пруга Дина која, исто така, е родена во Торонто, а по по­текло е од Беломорска Македонија; која е гимназиски професор, а во групата игра и свири на тамбура и често била домаќинка на заедничките другарувања.

Членовите на македонската Фолклорна група „Сел­­јани”, главно, биле интелектуалци од македонско по­текло од егејскиот дел на Македонија, но родени во Ка­нада, кои со голема љубов и ентузијазам го негуваат маке­дон­скиот изворен фолклор. Меѓутоа, меѓу нив имало и членови од други народи, како Кинези, Мексиканци и тн. Треба да се каже дека сите од гру­пата истовремено биле и играорци и дел од музичката секција, сви­реј­ќи на из­вор­ни инструменти.

Поголемиот број од песните и ората што биле на нивниот ре­пер­тоар се сни­мени на албум под наслов „Селска му­зика од Ма­ке­донија”, што е единствен проект од ваков вид реализиран во То­ронто, а и пошироко. Содр­жи 14 изворни македонски песни, меѓу кои се: 

„Ајде ред се редат”, песна од периодот на тур­­ска­та доминација која се однесува на сторијата за ба­ра­њето на ко­митата Иљо од турските војници. Вокален ин­струмент е гајдата.

„Не си го продавај Кољо”, приказна за една девојка која го понижува не­вред­ниот додворувач .

„У вој двор”, оваа песна ја има запишано по­зна­тата интерпретаторка  Мери Мајнас по потекло од Не­во­љани, Леринско, која била учесник на фолк-фестивалот „Валандово” 1989,  2007 и 2011 година. Песната се однесува за де­нот „Лазарова сабота” кога млади девојки носат венчиња од пролетни пол­ски цвеќиња и одат од куќа до куќа по­сакувајќи здравје, среќа, долг живот и бериќет. Овој обичај во леринскиот крај се пренесувал уште од вре­ме­то пред христијанството.

„Прстен ми падна” е на­сло­вот на популар­но аранжираната стара фолклорна пе­сна од битолско-прилепскиот крај. Во песната се зборува за свршеницата која е несреќна, бидејќи не мо­же да ја вети својата љубов на младиот овчар кој  го нашол нејзиниот пр­стен.

„Три години Ка­те” е пес­на­та за младиот човек кој лежи болен долг пе­риод од три години и кој се на­дева дека ќе оздравее, а кога ја видел Кате при нејзината посета ги изразува своите љубовни чувства кон неа, изведбата е од вокалната група на „Селјани”.

„Из­лези да се рашетам” е песна од костурскиот крај и зборува за мла­дата девојка која е импресионирана од убавото момче што го видела во селото Дреново, Костурско. Девојката ја моли својата мајка да и најде строј­ник за да се омажи за момчето.

„Овчеполска потрчулка” ­е по­с­ледна на лонг–плеј плочата „Селска музика од Македонија”, која  е наградена на фестива­лот во Велс и други.

Фолклорната група „Селјани”  на англиски јазик ја има издадено книшката „Македонија – збир на текстови за историјата и културата на Македонија”, со следните наслови: Етнокултурален профил на Онтарио, Кратка историја на античкиот период, Формирањето на слав­јан­ската алфа-бета, Историја на македонската поезија, Ма­кедонски народни прикаски, Македонски собир, Ве­лиг­ден во Македонија, Божик во Маке­до­нија, Ма­ке­дон­скиот народен вез, Македонските фол­клорни ин­стру­менти, песната „Т’га за југ” и други мате­ри­јали. Уред­ни­ците на оваа книшка се Дина и Џим Николови, а уред­ник е Мери Димитриу, кои се заблаго­да­руваат на Ми­нис­терството за култура и рекреација на Онтарио, за по­мошта што им ја дало за изда­ва­њето на книшката

Во 1980 година групата гостуваше во Република Ма­ке­донија и, по­крај другото, настапи на фестивалот „Илинденски денови” во Битола. Фолклорната група „Селјани” беше прогласена како голем зачувувач на традиционалниот стил на ма­ке­донските игри.

Фолклорната група „Селјани” во последните го­ди­ни имала настапи на поголем број фестивали, собири и друг вид манифестации во Канада и САД и постигнала забе­ле­жителни резултати..

Главната цел на групата е да го негува и развива тради­цио­­­налниот ма­ке­донски изворен фолклор и што е можно повеќе да го прет­стави на ори­гинален изворен начин. За таа цел, покрај ората и песните, тука се и народните инструменти, традициите, стилот на пеењето, из­вед­бата на песните, како и обичаите и носиите. Работата на фол­клорната група овозможува да се зачуваат маке­дон­­ските традиции, да ги презентираат из­ворните ора и песни преку жи­во­писните мариовски, сми­­левски и носии од егејскиот дел на Маке­до­нија, како и ширење и раз­­вој на македонското фолклорно бо­гатство.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy                     

Пишува: СЛАВЕ КАТИН                      

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top