Фељтон

ЗОРАН КАРАПАНЧЕВ – ПОЗНАТ ФОТОРЕПОРТЕР, ВИДЕОГРАФ, НОВИНАР, УМЕТНИК, ПУБЛИЦИСТ, АКТИВИСТ… (13)

1122 copy copy copy

1122 copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Зоран Карапанчев е добро познат во македонската заедница во Канада како човек кој е окупиран со уметноста преку фотографирањето, дигиталната уметност и неговите уметнички дела кои се предизвик во социјалното живеење и претставуваат афирмација за широката македонска култура. 

Зоран Карапанчев е дел од животот и активностите на македонскате православни црковни општини во Канада, особено на Соборната црква “Св.Климент Охридски” од Торонто и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на Црквата. Исто така, тој со неговата камера „Македонија“ е информатор, видеограф и нераскинлив дел на информативните гласила, на македонските друштва и асоцијации и на општествениот и културниот живот на Македонци од сите делови на Македонија во демократска Канада.

Зоран Карапанчев е роден 1957 година во Скопје. Основното образование го започнува во училиштето “Владимир Илич Ленин”. Потоа школувањето го продолжува во основното училиште “Лазо Трповски” кое го завршува како “Рациновец” , еден од најдобрите ученици од својата генерација во Скопје. Средно училиште завршува во гимназија “Орце Николов”. Во родниот град дипломира на Електротехнички факултет и до доселувањето во Kанада, во 1988 година, работи и живее во Скопје.

Од најраните средношколски години, соработува како хонорарен новинар со бројни весници и магазини во Македонија и тогашната Југославија. Така, работи за редакцијата “Детска радост” и редовно сорабортува во списанието “наш Свет” каде има свои редовни рубрики. Од македонските весници треба да се спомнат “Вечер”, Екран”, “Авто Магазин” и “Просветена Жена”. Редовно соработува и со тогашните популарни магазини “Политикин Забавник”, “Здраво”, “Направи Сам”, “Наш Дом” , “АБЦ Технике” и “Фронт”. 

Во 1983 година се вработува како професионален новинар во Редакцијата за детска програма на Радио Скопје, кога добива прва национална награда за неговата програмска продукција на традиционалниот Југословенки фестивал на радио станици во Охрид. Од редакцијата “Детска Радост” добива “Благодарница за особен придонес во развојот на печатот за деца во Македонија.”

Својата работна кариера ја продолжува по својата струка како инжинер-раководител на погон за производство на електрични радијатори во “Електротехника”, а потоа како референт за инвестиции, одржување и надгледување на објектите од фаза електрика на некогашната угостителска организација “Метропол” во Скопје. Натамошната кариера и семеeн живот го продолжува во Торонто, Канада, каде што живее и денес.

Во слободно време, член беше на повеќе клубови и секции во Скопје кои ги имавте во составот на „Младинскиот Дом“ и „Народна Техника“, по повод неколку години беше хорист во градскиот хор „Кочо Рацин“. За време на студентските денови се објавува како заинтересира за фотографија Јас го сакам студентскиот фото-клуб „Елема“.

Во 1988 година допатува во Торонто каде што ја запознава својата жена Весна Карапетрова. Набрзо го добиваат и својот син единец Александар.

Во овој град веднаш  станува член на црковната заедница при македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде што се зачленува во литературното друштво “Браќа Миладиновци”. За ова друштво технички го подготвува нивното списание “Литературна Мисла” и станува нивен потпретседател. За сето време од своето живеење во Торонто има активна соработка со сите македонски медијуми во овој град, а особено со македонската телевизиска програма “Македонски Корени”, македонскиот весник “Македонија” и македонската радио програма “Обединета Македонија”.

Набрзо по доаѓајнето во Торонто, Зоран започна да работи со својот бизнис „Еј-Би-Си продукција“ за производство на фотографии и видеоснимки што ќе бидат забележани како ден за пензионирањето. За сето тоа време со своето видео и фото камера ги забележа сите најважни македонски спортски натпревари, концерти, годишнини, собири и протести од македонската општина.

За својата повеќегодишна плодна и успешна работа со својот бизнис Зоран Карапанчев во Лас Вегас добива  “Интернационалната награда за Креативност во видео продукција WЕVА”, како и “Сертификат за долгогодишна истакната и посветена работа” од македонската телевизијска програма “Македонски Корени” од Торонто со која редовно соработува дваесетина години.

Зоран Карапанчев е голем активист во македонската колонија во Канада. Така, меѓу другото, од неговите активности треба да се одбележи неговата прва  изложба на ликовни дела  во Македонската катедрална црква „Свети Климент Охридски“во Торонто. Тоа беше културен настан за Македонците за кои  премиерно беше претставена неговата уметничка дејност.Тоа беше и дел од активностите за време на деновите на Црковно-народниот собир на Американско-канадско-македонската епархија во Торонто.

Посебно место во творештвото на Зоран Карапанчев е, секако, неговата стихозбирка „Недопрени мечти“.Тоа е прво негово поетско дело кое ги отвори портите за натамошната дејнот на овој познат и признат македонски иселеник во Торонто. Промоцијата на ова негово прво дело кое претставува убав пример на една збирка поезија, проследени со бројни фотографии, се одржа во Клубот МКЦ во Скопје на 09.јуни 2019 година.

Рецензент на книгата и гостинка на промоцијата беше познатата телевизиска водителка, магистер Ели Танасковска, која во своето излагање, меѓу другото, рече дека стихозбирката „Недопрени петчи“ е голем прилог и придонес на македонските, а особено на иселеничките литературни остварувања и постигнувања на познат и признат член од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“.

Од основањето на македонската кугларска лига “Св.Климент Охридски”, која е гранка при истоимената црковна општина во Торонто, тој е нејзин претседател и редовен член. За сето време на своето живеење Зоран Kарапанчев членува во црковната комуна при Македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде бил член на управниот одбор и редовно помага со своите фото и видео сервиси, како и со администрирање на црковната Facebook страна.

Зоран е оженет со Весна Карапанчева која својата професионална кариера за заврши како директорка на училиште во Торонто, а нивниот син Александар Карапанчев дипломира право и сега работи како адвокат по кривично право во истиот град.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy                     

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top