Фељтон

ЏОН БИТОВ ЏУНИОР – ПРОДОЛЖУВАЧ НА БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА БИТОВ

bit

bit

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Џон Битов (помладиот) (англиски: John I. Bitove) Џуниор е роден во Торонто, Онтарио, 1960. Тој е канадско-македонски стопанственик и спортист. Џон Битов Џуниор е главен акционер и претседател на Scott’s Real Estate Investment Trust и на Sirius XM Canada. Исто така, тој контролира неколку државни и приватни бизниси во Канада и Соеди- нетите Американски Држави. Од неодамна е и во бизнисот со телеко- муникации преку компанијата Mobilicity која ја раководи. Тој е син на големиот канадски бизнисмен Џон Битов (постариот).

Инаку, Џон Битов Џуниор е роден и одраснал во Торонто, најголе- миот град во Канада и главен град на провинцијата Онтарио. Се наоѓа на северозападниот брег на езерото Онтарио. Градот има население од приближно три милиони милиони жители, а заедно со предгра- дијата, целата агломерација во Торонто има население од приближно пет и половина миони. Торонто се наоѓа во срцето на таканаречената „Златна потковица“, најнаселената област во јужниот и централниот дел на Онтарио,

Населението на Торонто е космополитско и мултиетничко како по- следица на статусот на Торонто како главен центар за имиграција во Канада. Торонто е еден од градовите во светот со голема имигрантска популација (49% од нив се родени надвор од Канада). Поради ниска- та стапка на криминал, чистата природна средина, високиот животен стандард и пријателскиот однос кон етничката разновидност, Торонто често се рангира меѓу градовите во светот за живеење. Покрај тоа, Торонто е најскапиот град на просторите на Канада

Градот се наоѓа на северозападниот брег на езерото Онтарио, кое е најмалото од петте Големи езера. Градот се прошири неколку пати во доцните 1990-ти преку интеграција на голем број околни населби (Етобикок, Скарборо, Источен Јорк и Северен Јорк). Во близина на езерото Онтариосе наоѓа центарот на градот со својата комерцијална и банкарска област. Главната улица што го дели градот вертикално е улицата Јонг. Торонто е индустриски центар на Канада и еден од водечките фи- нансиски центри во светот. Берзата во Торонто е меѓу седумте најго- леми во светот

Како резултат на таквите услови, Џон Битов Џуниор постана осно- вач на Торонто Рапторс, клуб кој се натпреварува во Националната кошаркарска асоцијација, како и творец на новaта спортска арена во Торонто (Air Canada Center).

           bit2

                                                            Семејството Битов

Тој исто така бил волонтер организаторот на Светското првенство           за атлетика во сала во 1993 и на ФИБА Светското првенство на ко- шарка во 1994. Во 2005 година Џон Битов Џуниор ја добил награда James Naismith на извонредност доделена од Canada Basketball.

Битов дипломиран бизнис (маркетинг) на Универзитетот во Индија- на во 1983 година. Од 2007 година е член на Одборот на доверители на Универзитетот Вејк Форест од Северна Каролина.

Инаку,.што се однесува до спортските постигнувања на Џон Би- тов Џуниор треба да се нагласи дека тој е заслушен што НБА лигата, синоним за американски елитен спорт има и канадски тим. Причина е визијата на познатиот канадски бизнисмен и спортист со македон- ски корени Џон Битов Џуниор, син на Џон Битов постариот кој според Форбс тежи повеќе од милијарда долари.

Неговиот син кој е роден во 1960 година во Торонто во помладите години бил спортист, потоа влегува во бизнис водите, визионерски ја користи шансата во 1995 година кога НБА реши да се прошири тери- торијално и во Канада, со создавање на “франшиза” во Торонто, кога тој пројави интерес да ја откупи. Неговата визија денес значи отсону- ван сон на верните навивачи на Репторсите дека еден ден ќе можат да се радуваат исто како и вљубениците во американската кошарка од Лос Анџелес, Бостон, Чикаго… Семејството Битов е познато во Ка- нада по успешноста на своите бизниси во повеќе индустрии, а јавно- ста ги познава како најистакнати филантропи

Во едно ТВ интервју дадено деновиве, во неговата канцеларија сместена на 23 кат од еден облакодер во Торонто кој има поглед кон Скотиа Арената, Битов ќе се потсети на историјата позади Торонто Репторси, изјавувајќи дека е горд што е еден од основачите не само на клубот, туку и на иницијативата да се изгради арената во која со години се создаваше кошаркарската НБА историја за Канада.

                     bit3

                                                     Торонто Рапторс

“Во битката за франшиза од НБА беа две многу моќни компaнии. Мојот бизнис бекграунд никакогаш не беше поврзан со бизнис во спортот, така што имав многу скептици околу себеси. Купувањето на лиценцата за франшизата во тоа време чинеше 125 милиони амери- кански долари. Исто така ми беа потребни уште 40 милиони повеќе за да го купам ова земјиште на кое е денес оваа арена” – ќе изјави Битов.

Фил Евершид, е бизнис партнер на Битов во компaнијата Поинт Норт Капитал, кој многу добро се сеќава на процедурата на барање банкарски кредити за да се реализира таа идеја. По добивањето на франшизата, се започна ентузијастички формирање на стручен ме- наџмент, го донесовме Исаја Томас кој навистина постави страшно добар тим на играчи, најавувајќи дека ова ќе биде клуб кој ќе работи на создавање на нова историја за канадскиот спорт..

Денес за Битов Џуниор е тажно што неговиот татко, кој почина во 2015 година не успеа да се израдува на овој кошаркарски успех..Тој е познат и по својот политички активизам, бил претседател на градот Торонто на волонтерска основа во периодот кога конкурураат да ста- нат град домаќин на Олимписките игри во 2008 година.

Добитник е на значајни награди, основач на фондација која помага финансиски 1000 државни училишта ширум Канада. Едно од нештата што го чекал прилично долго во животот, со години… е можноста да добие македонски пасош.

Инаку, Торонто Репторс е единствениот канадски тим во Нацио- налната кошаркарска асоцијација, лоциран во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот е формиран во 1994 година од бизнисме- нот Џон Битов Јуниор, Македонец по потекло од Габреш, Костур. како дел од проширувањето на НБА во градовите Торонто и Ван- кувер.

Во 2001 година, Ванкувер Гризлис се пресели во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто како единствениот канадски тим во НБА. Најго- лемото достигнување на тимот беше пласманот во полуфиналето на Источната конференција во 2001 година. Првата ѕвезда на тимот беше Винс Картер, познат по своите забивања кои го одземаат здивот. Во сезоната 2006-2007, главен тренер беше Сем Мичел, а најголемата ѕвезда во тимот беше Крис Бош.

Сезоната 2006–07 беше стандардна сезона од бајките, почнувајќи со слаба претсезона и потпишувањето на многу нови играчи од ме- наџерот Брајан Коланџело, кој исто така го подготви младиот Италија- нец Андреа Барњани. Репторс го израмнија рекордот на сите вре- миња на тимот оваа сезона со 47 победи и 35 порази. Предводени од Крис Бош, поддржани од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани. За прв пат по 5 години, Репторс го освоија 3-то место во Источната конференција, а играа и во НБА плеј-офот, каде беа поразени од Њу Џерси Нетс со 4-2 во серија од 4 победи, во пр- вото коло од плеј-офот.

slavek 1 copy            

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top