Фељтон

СОЊА ЛОЗАНОВСКА – ЕСТРАДЕН УМЕТНИК, ПОЕТЕСА, ПУБЛИЦИСТ И ГЛАВЕН УРЕДНИК НА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА“ (14)

9 copy copy copy copy

9 copy copy copy copy

Соња Лозановска е позната во македонската културна и поширока јавност, а со својот весник „Македонија“ има посебно место во информативната дејност на Македонците на Северно-американскиот континент.  Таа придонесува весникот да биде еден од прозорците кон светот и сакан гостин во домовите на Маке­дон­ци­те во Канада и во Соединетите Американски Држави. Исто така, Соња како естраден уметник, позната дама и активист во заедницата  има значајно место во целокупното живеење на Македонците во метрополата Торонто.

Соња Лозановска е родена на 1 мај 1974 година во Демирхисарски Жван, а корените и’ се од живописното Вирово. Уште кога Соња била на  многу мала возраст нејзиното семејство се доселува во Битола каде што го стекнува основното и средното гимназиско образование посетувајќи ги Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и центарот за Средно насочено образование „Таки Даскало“, а подоцна и „Факултетот за учители“ (денешен „Педагошки факултет“) во Битола. Во Канада, пак, го заврши „Евергрин колеџот“, насока „Социјална служба во општеството“ (Evergreen College – Community Social Service).

Соња Лозановска постојано зборува и се гордее со својата Битола, центарот на Евреите во Македонија и најголем градски центар во Пелагониската Котлина. Битола за Соња е град на младоста на љубовта, на иднината каде постигна дел од нејзините животни, новинарски, музички, поетски, телевизиски и творечки врвови.

Уште на 16 годишна возраст учествува на литературен конкурс на Културно просветната заедница во Битола каде што се здобива со висока награда за поетската творба „Македонија пред се“. Тоа ќе биде поттик за неа да продолжи во светот на пишувањето и да стане член на Друштвото на писателите  „Стале Попов“ од Битола. Дарбата за течен говор со особена дикција ќе и’ овозможи да биде водителка на многубројни културни манифестации во градот под Пелистер.

Нејзиниот први новинарски текст беше посветен на годишнината на Организацијата на Обединетитте Нации и истиот е објавен во списанието „Студент“ кое излегуваше  како гласило на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

За време на академските години учествува на бројни манифестации за пеачи аматери, а една од најдрагите и’ е настапот и првата награда на годишната манифестација „Златен глас на Битола“ во 1993 година, манифестација која се одржуваше во организација на КПЗ (Културно-просветната заедница). Како вљубеничка на убавата македонска изворна песна ќе пропатува низ многу европски држави членувајќи во АКУД „Даме Груев“, а на покана и со останати еминентни КУД од Битола.

Круната на новинарската дејност во Битола ја достигнува во Телевизијата „Тера“, каде што започнува да ја уредува рубриката „Град“ за подоцна да стане и заштитно лице на главните телевизиски вести „Актуел“. Освен новинарско-водителскиот ангажман во Телевизијата „Тера“ ја води и нејзината едночасовна неделна емисија „Другото јас“ која прикажува познати личности од градот и државата со необично хоби.

Во 1996-та година Соња Лозановска ги прави првите чекори во публицистиката. Тогаш и’ излегува од печат нејзината прва збирка поезија  „Резба во душата“. Таа е издание на Клубот на писателите „Стале Попов“ од Битола, чиј издавач  е Илија Мерковски, а резензенти се Михаил Ренџов и Доне Пановски.

Втората стихозбирка „Калуѓерка во Бело“ во издание на „Апекс“ од Битола излегува од печат во март 2000 година. Рецензенти се Радован  П. Цветковски и Илија Мерковски. Во својата рецензија Радован П. Цветковски, меѓу другото ќе напише:: „Во песните воочуваме дека просторно и чувствено се ‘ се движи, галопира младешки, а уште побитно е дека просторот во песните никогаш не е празен, постои некаква присутност што и’ дава на песната посебна убавина и во формата и во содржината.

Соња Лозановска во 1999-та година станува член на групата „Балкански Бисери“ со кои настапува на фестивалот „Валандово“ како и на фестивалот „Серенада на Широк Сокак“ во Битола. Во продукција на „Сенатор“ од Битола во 2000 година излегува првото ЦД со народни песни на групата која таа година се преименува во „Амајлија“.

За свои најголеми успеси таа ги смета честите гостувања на покана на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, кадешто на популарните панаѓури и прослави на празници ги исполнува убавите македонски песни, а исто така го издвојува и гостувањето помеѓу Македонците во Мелбурн,  Австралија за дочекот на 2003-та година.

Есента 2004-та година добива покана за настап на прославата на 35 годишнината на македонското радио „Глас на Македонија“ од Торонто, Канада, каде што ќе отпатува заедно со својот колега и хармоникаш во групата „Амајлија“, Оливер Петковски.  По настапот на оваа спектакуларна прослава каде што учествува 10 члена екипа на уметници од Македонија, во Канада ќе следуваат бројни покани на друштва и организации за натамошни ангажмани.

Треба да се одбележи дека 2005-та година е пресудна пресвртница во животот на Лозановска кога таа носи тешка одлука да го остави својот живот и кариера во Македонија и отпочне нов живот во Канада.Тука со Оливер го основаат својот брачно гнездо, кое ќе биде крунисано подоцна со доаѓањето на свет на ќеркичката Александра.

Уште со доаѓањето во Канада започнува да пишува за весникот „Македонија“ чијшто уредник во тоа време е Т. Јовановски. Цели 9 години е водител на Македонската ТВ. програма  „Час на Македонски корени“ која се емитува на државната телевизија ОМНИ.

Овој значаен македонски гласник првпат од печат излезе на 2 ноември 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Тој како македонски месечен информатор излегува и денес, a неговите страници се исполнети со текстови и фотографии од активностите и животот на Македонците во новата средина, како и голем број рекламни материјали од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултикиултурна Канада.

Во овој  период од 38 години на печатењето во него учествувале со свои текстови бројни соработници од дијаспората и од Република Македонија, меѓу кои посебно место во почетните години имаа Петре Гиневски, Мето Јовановски, авторот на овие редови, Славе Катин.како и голем број други познати вљубеници во новинарството. Тие сите направија весникот „Македонија” да е еден од најзначајните гласила кој е на страната на македонските доселеници, на македонскиот народ, на македонската вистана и на Република Македонија

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top