Фељтон

АЛЕКСО (ЛЕКО) ЛОЗАНОВСКИ – АФИРМАТОР НА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ТОРОНТО (16)

90 copy

90 copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Алексо, или Леко Лозановски, како што милуваат да го именуваат неговите најблиски пријатели. Тој е познат и признат народен творец, поет, прозаист, талентиран и духовит раскажувач во македонското иселеништво. Алексо е роден во убавата  Долна Преспа, во селото Арвати. Но, судбината го однела педесетина години да живее во метрополата Торонто,  во Канада, од каде преку пишаниот збор најповеќе и најубаво ја изразува својара љубов кон својот роден крај Арвати, кон Преспа и кон Македонија.

Кога се пишува за Алексо Лозановски, кој заедно со неговата сопруга, поетесата Неда Лозановска живеат во Торонто, во демократска Канада, има што да се каже. Имено, Алексо, пишува стихови за деца, млади и за возрасни, тој е собирач и низ сопствен творечки ангажман ги пресоздава умотворбите од македонската народна литература.

Алексо Лозановски е интересен македонски иселени, поет и прозаист. Во неговата биографија е запишано дека тој е роден во селото Арвати, Преспанско во 1934 година. Со образование се стекна во својот роден крај, во блиското село Крани, кога и започна да се интересира за македонското литературно творештво. Уште како младо момче Алексо бил и претседател на Младинскиот актив на село Арвати, кој во тоа време броел околу 60 членови. Потоа, во 1960 година во Ресен  го положил шивачкиот занает, а во 1965 година, фамилјарно се преселил во убавата и привлечна  Битола, каде, како многумина преспанци се вработил во текстилната фабрика “Битолатекс”.

Во 1971 година, Алексо Лозановски како и голем број негови соселани, како што се вели, со куферот на рамо, заедно со своето семејство, замина за Торонто, Канада, каде и денес живее и твори како почитуван канадски пензионер.

Со доаѓањето во Торонто, тој активно се вклучи во редовите на црковниот, општествениот и културниот живот на македонските иселеници и стана член на повеќе културни друштва и макеонски православни црковни општини во Торонто и пошироко. Тој е еден од основачите на Литературното друштво “Бракја Миладиновци” во Торонто, кое е формирано на 6 – март 1987 година, како културна гранка при Македонската православна катедралната црква “Свети Климент Охридски” во Торонто. Меѓу другото бил и претседател на Литературното друштво, а повеќе пати бил и член на Управниот одбор и други секции на црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто, потоа. околу десет години, бил и претседател на културниот комитет при црквата “Свети Климент Охридски”, а во црквата “Света Недела” во градот Ајџекс, бил претседател на “Судот на честа”.

Во историјата на овој скромен арваштанец од Преспа кој живее во Торонто е запишано дека во 1997 година, на основа на неговите неколку издадени трудови на поезија и проза, како и врз основа на тоа што тој како иселеник е бранител и чувар на македонскиот јазик, културата и литературата е примен за член на Друштвото на писателите на Македонија. Со тоа тој стана респектиран поет во групата македонски  поети и писатели кои живеат и творат во Канада, САД, Австралија и Европската Унија.

Алексо Лозановски повеќе пати бил учесник на светската манифестација “Струшки вечери на поезијата”, која се одржува секоја година во родниот град на браќата Миладиновци, Струга. Покрај тоа што настапил по градовите во Македонија, исто така, со своја поезија настапил  и во Канада, Америка, Австралија и во некои земји од Европската Унија.

Со пишување поезија и проза се занимава од поодамна. Прва негова книга –збирка од шеговити, сатирични кажувања и записи ја објави во 1995 година, под наслов „Од итар поитар” (проза). Со ова необично дело постигна виден резултат меѓу Македонците во Канада и САД, а особено меѓу членовите на литературното друштво „Браќа Миладиновци”.во Торонто.

Поетскиот првенец на Алексо Лозановски, пак, е стихозбирката насловена  „Скаменети траги”. Таа е издание на реномираната издавачка куќа „Матица македонска”, а е издадена во 1998 година. Оваа стихозбирка содржи педесетина песни, главно со родољубив, мисловен, интимен и дескриптивен карактер. Таа е збирка во која е насликана современата македонска литературна мисла од аспек на еден Македонец – исленик. Стихозбирката  „Скаменети траги” содржи  стихови преку кои авторот ја изразува својата љубов кон македонската песна, својата мисла  и дел од неговото творечко остварување.    

Поетското остварување на Лозановски, пак, под наслов „Прозорци“ (1999) е поделено на два  циклуси во кои се  застапени 50 песни. Тематиката на песните имаат за цел да го доближат читателот до суштината на македонска поезија на Македонците во дијаспората..

Алексо Лозановски покрај поезија за возрасни, пишува и поезија за деца. Тоа е детската поетска збирка под наслов „Подарен цвет“, издадена во 2005 година. Таа е поделена на три циклуси, во која се застапени 41 басничка. Целта за издавање на оваа детска збирка поезија беа младите македонски читатели кои живеат во Торонто да се запознаат со македонските басни. Исто така,  Леко Лозановски е автор и на стихозбирката „Светулка“, издадена во 2011 година, а негови трудови се објавувани во разни весници, книги и списанија во македонската дијаспора и во Република Македонија.

Од оваа и од другите стихозбирки може да се заклучи дека Алексо Лозановски ги пишува стиховите онака како го научил животот, со љубов кон народното творештво, кон Македонија, од душа, со препознатливи стилски фигури. Со сите тие интимни поетски остварувања тој ги направи значајните чекори во неговото скромно, но големо поетското остварување меѓу македонските иселеници.

Се чини најзначајното дело на арваштанецот Алексо (Леко) Лозановски од Торонто е  монографијата за селото Арвати. На промоцијата што се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, авторот на овие редови како промотор на книгата рече дека ова обемно и луксизно издание на издавачката куќа „Менора“ од Скопје, кое е издадено во 2001 година, а кое содржи триста страници има за цел да го спаси од заборавот убавото преспанско село Арвати и традицијата на населението во него и во Долна Преспа. 

Делото „Арвати“е опстоен труд во кој се дадени релевантните податоци за селото и неговите жители, меѓу кои: историскиот развој на оваа долнопреспанска стара населба, особеностите и карактеристиките, стопанските и семејните прилики на населението, традиците и верските празнувања, како и голем број податоци за секое семејство во селото и насекаде по светот.

Во делото се вели дека интересот за печалбарското село Арвати во Долна Преспа не бил карактеристичен само за неговите поранешни или денешни жители, туку напротив, неговиот историски развој и богатото културно минато биле предизвик и за многумина домашни и странски научници кои пишувале за Македонија. Инаку, Арвати има заедничко селско подрачје со селото Крани. Тоа има само околу седумдесетина куќи, но имало шест македонски православи цркви и тоа: манастирската црква „Свети Архангел Михаил“, потоа црквите „Свети Илија“, „Свети Наум“, „Света Недела“, „Свети Никола“ и „Света Богородица“ каде се и старите гробишта.

Во монографијата „Арвати“ се дадени статистичките податоци, со кои се сака да се запознае читателот со демографскиот раст на селото. Во неа, исто така, се дадени релевантни податоци за неговиот историјат, култура и традиции. Со еден збот монографијата е огледало за целокупниот живот во селото Арвати во Долна Преспа и е значајно дело на иселеникот Алексо Лозановски од Канада.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top