Фељтон

Д-Р ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА – ПОСВЕТЕНИК НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ (19)

6 copy

6 copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Денес македонските доселеници во Канада со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите македонски народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во Канада го афирмираат македонското име, културно-историското и национално минато и сегашноста на Македонија, а во исто време се дел на демократското канадско општество.

Георги (Џорџ) Бранов е еден од нив како канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Буф, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада. Тој е еден од истакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име  на Македонците ширум светот, на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на духовниот живот чии корени се уште од мисијата на апостол Павле во македонската земја, уште пред две илјади години.

Бранов е човекот кој со многу чувства и родољубие гледа на сè она што е поврзано со неговата дедовска земја, Македонија. Во исто време, тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во демократска Канада. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот и на македонската вистина во светот.

Бранов е човекот на кого Македонија му е големата љубов, се гордее дека е Македонец и се бори за просперитетна иднина на Македонија. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени ја   шири вистината за Македонија насекаде во светот.

Затоа со право се вели дека Георги (Џорџ) Бранов навистина е Македонец кој се посветил на националното прашање. Тој, со своето знаење, со својата Господова дарба, интелигенција и приспособливост во новите демократски услови, успешно се приспособил на приликите во Канада. Воден од љубовта кон татковината и од нејзиното Сонце, како Големиот Александар Македонски, тој е мошне активен во иселеништвото. Цели дваесет години од осамостојувањето на Република Македонија, тој со срце, душа и голема љубов учествува во опстојувањето на својот народ и својата татковина, Македонија.

Делото „Вистината за Македонија“ на Георги (Џорџ) Бранов од Канада е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие продолженија Катин. Публикацијата е отпечатена во 2020 година на 140 страници на македонски и на англиски јазик како  (The Truth About Macedonia).

Ова дело го потврдува нараснатиот интерес кон историјата на Македонија во античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Така, во Воведот на публикацијата, Славе Катин го пишува следното

Ракописот „Вистината за Македонија“ на Георги (Џорџ) Бранов го потврдува нараснатиот интерес кон историјата на Македонија во античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван.

Публикацијата „Вистинаta за Македонија“ е напишана со желба да понуди еден поглед, еден систематизиран прилог за македонските простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена група на научници, пред се’ на историчарите, со цел за анализа на историјата врз ос нова на многуте нови светски извори на информации за Македонија и античка Грција. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања на македонски и на англиски јазик да им претстави скромна слика за историските случувања во периодот на Македонците Филип и Александар во античкиот период.

Непосреден повод за публикација „Вистината за Македонија“ на Георги Бранов е неговата посветеност на Македонија во изминатите дваесетина години. Во овој период Џорџ Бранов  проучил повеќе од шеесет историски и научни книѓи од американски и канадски автори со тема   за Македонците, со особена нагласка  за Филип и Александар Македонски. Неговата главна цел е повеќе да се запознае со овој дел од  историјата, посебно да види како светските историчари го докажуваат потеклот на античкиот македонски и античкиот грчки народ.

Така, меѓу другите факти со кои се објаснува во таа светска литература, меѓутоа, се поставува прашањето: Колку Македонците биле посебен народ и дека тие се различни од античките Грци. Според неговите сознанија и податоците од историјата, Македонците биле нарекувани “варвари” (не антички Грци и културно заостанати). Античките Грци не ги сметале античките Македонци за антички грчки народ, исто и Македонците не се сметале за антички Грци.

Во историската литература е потврдено дека околу 60.000 антички грчки платеници војувале и загинале против војските на Филип и Александар. На пример, само во борбата кај реката Граник загинале околу 18.000 антички грчки војници-платеници и 2,000 била заробени, врзани во синџири и пратени како робови во Македонија да работат во рудниците. Истото се случувало и во војните кај Ис, Гангвамела и други битки. Со еден збор голем број антички Грци се бореле против античките Македонци.

Како пример го споменува суденјето на Филота кој бил прашан на кој јазик сака да се брани на судот? Тој одговорил – на антички грчки. На тоа Александар се насмевнал и им рекол на судиите; „Видете го, се страми од својот јазик“.

Друг пример Бранов го кажува дека на спортските игри кои биле организирани после победите и кои биле слични на денешното борење, имало битка помеѓу антички македонски војник и антички грчки професионал борач. Во таквата борба македонскиот борач губел и му претело да биди убиен. Тогаш, Александар скокнал на теренот кај борачите и ги одделил со зборовите “Нема да дозволам Македонец да биди убиен“.

Исто така, во публикацијата „Вистината за Македонија“ Бранов го потврдува фактор како што кажуваат историчарите дека   Македонците во античкиот период во целата десет годишна воена операција се кажувале дека се Македонци,  а не антички Грци. Затоа, тој остава на читателите да се запознаат со античката историја и сами да одлучат  дали Македонците биле антички Грци или посебен македонски народ.

Георги (Џорџ) Бранов, чиј корени се од Егејска Македонија се надева и верува дека античката историја ќе остане како историја, а денес Македонците и Грците потребно е да имаат добрососедски заемни односи на европски начин за доброто и иднината на двата народа.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top