Фељтон

ДИМИТАР ЦОНЕВ – БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (20)

1a1 copy copy copy copy

1a1 copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Димитар Цонев  е познат и признат иселеник кој се бори за одбрана на вистината на македонската религија, јазик, култура, на вистината на македонските иселеници и на етничка Македонија, со посебна нагласка на темите за Античка Македонија. Тој е познат меѓу македонската иселеничка генерација во Канада, како во минатото така  и сега како пензионер.

Димитар Цонев е голем верник и почитувач на религијата, затоа секоја недела и на сите празници, тој може да се види во македонските православни цркви. Исто така, тој е присутен на други значајни различни манифестации, особено оние кои се поврзани со Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ кое е дел на Катедралната македонска православна црква. Затоа, често се вели дека тој живее во Канада а ја афирмира Македонија од античко време до денес.

Денес Димитар Цонев е пензионер, но е многу дружељубив, ведар по дух и, се рабира, со чиста македонска душа. Средбите со него се срдечни, пријателски и другарски. Со него може да се разговара за минатото, сегашноста и иднината, за прашања и проблеми сврзани со Македонија, со македонскиот народ и воопшто со македонското иселеништво, кое во последните децении бележи видни резултати во бизнисот, културното и општественото живеење во новите средини.

.

Според податоците на Димитар Цонев, тој е роден во Штип на 21 септември 1948 година, на денот на Мала Богородица . Таму се школувал и поминал подолг период од неговите  млади години. Завршил Педагошка академија – одделенска настава, а во 1970 година заминал за демократска Канада, каде живее и денес. Инаку неговиот град  Штип е центар на Источниот регион на Република Македонија и е најголема урбана општина по број на жители, како и административен, културен и економски центар во регионот. Штип како најразвиен општински центар, претставува носител на економскиот развој на регионот.

Меѓутоа, неговите семејни корени се во Лесновскиот крај, од кај познатиот македонски манастирот, посветен на „Свети Гаврил Лесновски“. Тој претставува духовно светилиште и синоним на вековното македонско духовно постоење. Прикаската е дека Свети Гаврил живеел во пештерите околу манастирот. Таму постел, се молел. По изградбата на црквата, Свети Гаврил се повлекол на молитва, во една ќелија на планината, на 3,5 часа пешачење од „Лесновскиот манастир“, на местото Облов Рид. Таму ги минал последните 30 години од животот..

Според историските податоци, денешнава црква е возобновена во 14 век врз старите темели. Од тогаш датираат и фреските, кои се значително оштетени по Втората светска војна, кога биле прогонувани монасите, па немало кој да се грижи за манастирот. Таму била една од најголемите библиотеки во православниот свет. Таа била токму во „Лесновскиот манастир“, но сите книги се изнесени со Балканските и светските војни. Голем дел од ракописите се во библиотеките на соседните земји и по приватни колекции на Балканот и низ Европа.

За Димитар Цонев Торонто е неговиот град.  Таму поминал половина век, таму завршил одреден дел од неговото образование. Во Торонто Цонев запливал во сосема други води и тој ќе стане стручњак во областа на алтернативната медицина и нутриционизмот. Како резултат на неговата успешна работа, досега има освоено повеќе награди.

Тоа придонесе тој да биде познат во македонската заедница во Канада како Македонец, кој дал придонес во напредокот на општественото живеење. Повеќе децении активно е вклучен во различни македонски асоцијации, особено во македонските православни цркви, каде несебично работи за доброто на Македонците во Торонто и пошироко.

И покрај примамливоста на младешките професии како манекенство и глума со кои што започнал да се занимава во младите години, Димитар Цонев одлучува целосно да се посвети на подобрувањето на човековото здравје – да им помага на луѓето да живеат долговечно.

Исто така, во Торонто активно се вклучува во македонските иселенички организации и црковни општини  Неговиот ентузијазам и поддршка во религиозното живеење придонесоа многу за иднината на црковното живеење на Македонците од етничка Македонија во новата средина во демократска Канада.

Во Торонто се дружел со бројни стручњаци од Кина и Јапонија кои се занимаваат со алтернативната медицина и нутриционизмот. Исто така, со нив  ги изучува медицинските гранки: шијатсу, акупунктура, ирис дијагностика, рефлексотерапија, капиларна пунктура, дијализа со крвна дијагностика и станува мастер хербалист. Тоа го поттикна во 1986 година да се врати во Македонија да отвори ординација за рефлексотерапија и ирисдијагностика во Скопје. Во ординацијата особено се занимаваше претежно со алтернативна медицина, со акцент врз црниот дроб, кој е главен филтер во организмот, потоа со витамини и минерали донесени од Какада.

Со враќањето во Скопје, Димитар Цонев започна да се занимава и со публисциска. Така, тој стана  автор на публикацијата „Со масажа до здравје“, отпечатена во 1999 година. Тоа е прво негово дело на македонски јазик со голем број фотографии, цртежи, слики и други помагала за масажата. Така, во воведот е забележано дека книгата „Со масажа до здравје“ содржи бројни пораки и насоки кон иднината за подобро здравје на човекот и потомството. Во публикацијата се вметнати голем број текстови кои се однесуваат на човековото здравје и кои се објавени во Канада и во Република Македонија.

Трудот нема претензии на научна и стручна публикација, туку неговата намена е да пополни една празнина од областа на наведените методи кои во одредена мерка кои се благородни и луѓето можам сами да ги применуваат во функција „со масажа до здравје“.

Цонев е автор на публикацијата „Со масажа до здравје“, како и на бројни текстови кои се однесуваат на човековото здравје, кои се објавени во Канада и во Република Македонија.

Исто так, тој е автор и на книгата „Тајни рецепти за долг живот“ (2001) која има за цел да пополни една празнина во изучувањето и користењето на витамините и минералите. Во книгата детално се разработени овие хранливи состојки кои настануваат природно во растенијата и во животните, а кои се од суштествена важност за животот и здравјето на луѓето.

Оваа публикација, всушност, го третира прашањето на здравјето на човекот во

одредени негови сегменти, со цел човекот да може самиот да си помага при одредени здравствени состојби. Советите во оваа книга имаат за цел да им помогнат на сите оние кои сакаат да го подобри квалитетот на животот, да бидат здрави, среќни и задоволни, затоа што ќе научат многу нови нешта за витамините и минералите, а примената на рецептите дадени во неа сигурно ќе придонесе за поздрав и посреќен живот.

Во авторските дела на Димитар Цонев, исто така, се вбројува и книгата насловена како „Живот без болка“ (практикум за рефлексотерапија и акупресура)“, како и неговата четврта книга која носи многу интересен наслов „Гладувањето може да ви го спаси животот“.

Исто така, Димитар Цонев пишува и поезија, Тој е еден од првите членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е дел на Катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“. Објавил повеке поетски творби во Канада и во Република Македонија. Така, во делото „Корени“ („Канадско-македонски литературни визии“) е застапен со повеќе песни на македонски јазик. Исто така, објавил текстови во весникот „Македонија“ од Торонто и во други иселенички гласила. Тој е еден од учесниците на „Струшките вечери на поезијата“, како претставник на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“.Таа се одржува секоја година во родниот град на браќата Миладиновци, Струга. Покрај тоа што настапил со своја поезија по градовите во Македонија, со своја поезија настапил и во Канада, Америка.

Исто така, треба да се нагласи дека Димитар Цонев е вљубеник во Античка Македонија

Тој е личност кој со почит се однесува кон историската вистина за македонскиот народ, за искориските корени на Македонија и е пример од кој можат и треба да се огледаат младите генерации и други Македонци во двете татковини, Канада и етничка Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top