Фељтон

БЛАГИЦА ДАФОВСКА – ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК, ПОЕТЕСА, НОВИНАР И ЧУВАР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (25)

1е1

1е1

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Во Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, благодарение на Благица Дафовска, во Дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладите македонски генерации, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

Македонскиот јазик има своја долга историја. Уште во IX век, врз основа на еден од македонските дијалекти, на оној што се зборувал околу Солун, е создаден првиот литературен словенски јазик. Тоа е старословенскиот литературен јазик на кој темелите му ги поставиле браќата Свети Кирил и Методиј. Тој јазик го употребувале со векови и други народи (бутарскиот, српскиот рускиот и др), внесувајќи во него елементи од своите народни јазици.

Процесот на употребата на македонскиот јазик во литературата бил многу побавен и потежок отколку кај другите јужнословенски јазици, поради специфичните услови во кои се развивал македонскиот народ до своето конечно ослободување, во својата историја бил најдолго време под ропство.

Македонскиот јазик не само што се употребува во Македонија, туку тој претставува средство за комуницирање и среде македонското иселеништво. Во црквата “Св. Климент Охридски” во Торонто, особено во дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладата генерација, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

Посебно не се штедат силите и времето кога е во прашање долгот што го имаат сите, а тоа е македонската младост да го учи, да го научи и да зборува, да пишува и да чита на мајчиниот македонски јазик. Тие навистина го научуваат и го паметат јазикот на своите татковци, мајки и дедовци, донесен од Македонија во новата демократска канадска средина.

На тој начин, дечињата ги паметат и се гордеат со своето потекло со своите корени и секогаш се блиску и најблиску до татковата Македонија, учејќи ја историјата, учејќи ја географијата, дознавајќи што повеќе за македонските револуционери, востанија, борби, за македонските реки, езера, планини, села и градови.

Така, ќе научат, ќе дознаат и ќе запаметат многу повеќе за својот род. Ќе знаат колку е скапа слободата, колку беше исчекувана и со каква радост дочекана денешната самостојна држава Република Македонија.

Еден од просветителите во македонската комуна во Торонто е, секако, Благица Дафовска. Таа е родена во убавото и познато македонско село Бабино, Демир – Хисар, во областа Железник, неколку километри северозападно од Демир Хисар, во југозападниот дел на Македонија..

Во Бабино е родена Благица Дафовска, која го завршила своето осумгодишно образование во Демир Хисар. Потоа, во Битола завршила средно образование и Педагошка академија, група македонски јазик и литература. Меќутоа во далечната 1970 година со своето семејство се преселува во Торонто, Канада.

Речиси триесет години Благица работи како наставник во македонското црковно училиште „Св. Климент Охридски“, а воедно работи и како преведувач. Во 1994 година Дафовска е еден од иницијаторите за формирање на македонско одделение во училиштата во кои македонскиот јазик е застапен во „Интернационален јазичен програм“ каде и денес работи во училиштето Дифенбакер.

Дафовска е автор на поетската збирка „Ноќ во Канада“, а од која е извадена песната: „Болештина во Бабино“ и под истиот наслов секоја година се отвараат Бабинските средби во нејзиното родно село. Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од Обединети Македонци“ од Торонто.

Таа ги учи учениците да го сакаат македонскиот јазик, бидејќи елементи од македонскиот народен говор почнуваат да влегуваат пошироко во делата со црковна содржина (дамаскини) во XVII век. Во XIX век, во времето на македонската национална преродба, се појавуваат писатели кои пишуваат на македонски јазик (Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и др).

Подоцна, а посебно меѓу двете светски војни, се појавуваат писатели кои пишуваат на чист македонски јазик, земајќи го за основа на литературниот јазик, централното македонско наречје: прилепскиот, велешкиот и битолскиот говор, во што извршил големо влијание Крсте Петков Мисирков.

Особено со своите драми од народниот живот се истакнале Војдан Чернодрински со “Македонска крвава свадба”, Антон Панов со “Печалбари”, Васил Иљоски со “Чорбаџи Теодос” и Ристо Крле со “Парите се отепувачка”, a co својата поезија Кочо Рацин со “Бели мугри”, Коле Неделковски со “Молскавици” и др.

Децата се големата радост, гордост, надеж, постоење и иднина. И сите досегашни учители со огромен жар и љубов работеа и ги учеа, ги воспитуваа и ги образуваа најмладите. Повеќето од тие што работеа во училиштето навистина направија речиси пионерски, восхитувачки резултати, меѓу кои посебно место има наставникот Блага Дафовска, која од почетокот до денас е со децата.

Кога излегуваат од училишните клупи дечињата знаат за македонското име, постоење, култура, обичаи. За се’ она што е Македонија како заедничка татковина. Пресреќни и презадоволни дечињата велат дека Македонија во срцата свои ја носат, неизмерно ја љубат и најубавите песни  ги пејат за дедовската земја Македонија.

Благица Дафовска е еден од првите членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Друштвото е формирано на 6 март 1987 година, кога се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top