Фељтон

НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ – ЕДЕН ОД ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (26)

1111111111

1111111111

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Никола Стојановски е еден од оние активисти кои дале значаен прилог и придонес во националната организација „Обединети Македонци“, на која бил еден од најуспешните претседатели, како и на македонската православна црква „Свет Климент Охридски“ во Торонто, за чиј претседател беше избран во периодот 1993/94 година, а повеќе пати бил член на Управата на црквата.

 Исто така, како резултат на неговите постигнувања на црковен и национален план, како и поради неговите човечки, организациони и други способности, Никола Стојановски беше избран за претседател на Американско-кандаско-македонската епархија, која е највисоко црковно тело и во која се вклучени триесетина македонски православни црковни општини во Канада и САД. Во образовните процеси кај Македонците во Канада посебно треба да се нагласи името и делото на Никола Стојановски, кој заеднои со професорката Блага Дафоска долги години ги учеја македонски јазик, географија и историја учениците во Македонското училиште во црквата „Свети Климент Охридски“.

При нашата посета на бисерот на Онтарио и најголемата македонска колонија во иселеништвото – Торонто, имавме срдечна и пријателска средба со доблесниот патиорт и општественик, Никола Стојановски кој е секогаш на страната на Татковина – Македонија. Веднаш по неделната служба во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во големата сала се задржавме во подолг разговор.

Во разговорот стана збор за бројни прашања од црковен, национален, културен и друг план во македонската колонија во Торонто. Притоа, на средбата беше присутна поголема група нашинци, меѓу кои свештениците Илија Донев и Јован Босеовски, неговите пријатели: Џорџ Андреевски, Владо Савевски, Борче Видиновски, Кире Боримечковски, Тели Мариовче,  Џорџ Поповски, Владо Гроздановски сите од МПЦ „Св. Климент Огридски“, како и Мендо Бакаловски, претседател на „Обединети Македонци“ и други.

Познатиот и признат македонски иселеник Никола Стојановски е по потекло од Битолско, а неговото семејство води корени од Беломорска Македонија.  Тој е роден на 15 ноември 1938 година во селото Скочивир, во Мариово, каде го заврши основното образование. Во селото Скочивир било изградено современо училиште за основно образование на учениците од 1 до 4 одделение. Наставата на македонски јазик започнала во учебната 1945-46 година. По завршувањето на 4 одделение учениците од Скочивир своето образование го продолжувале во основното училиште во село Бач кое е оддалечено 10 км.

Над влезната врата на црквата стои запишано: „На моите големи јунаци храбри и верни кои со своите гради ја отворија вратата на слободата и останаа овде како вечни стражари на прагот на татковината“. Подот е направен од бетон, а во средината се наоѓа крст направен од топовски гранати. На мала масичка стои книга за впечатоци во која се потпишуваат сите посетители. Во еден агол на црквата стои урна во која се наоѓа срцето на познатиот швајцарски доктор Рајс. На урната е запишано: “Овде во оваа урна на врвот на Кајмакчалан спие златното срце на Швајцарецот Рајс, српски пријател од најтешките денови на војниците во борбата за правда и вистина.”

Можеби тоа е причини повеќе Никола Стојановски постојано да биде на страната на татковината-Македонија. Во неговата биографија е забележано дека тој како ученик заминал во Битола. Така, со средно образование се стекна во Учителската школа во градот на конзулите. По дипломирањето работел како наставник, меѓутоа судбината или среќата го однеле во Канада уште пред близу педесет години, каде живее и работи, најпрво во Виндзор, а потоа во Торонто.

Како и сите иселеници и Никола имал свои скокови во бизнисот, затоа остана сликата дека тој долги години беше успешен бизнисмен. Меѓутоа, судбината сакала да си поигра и, за голема жал, во сообраќајна несреќа, што се случила надвор од Торонто, го загуби својот животен сопатник – почитувана и сакана сопруга Марија, додека тој имаше тешка фрактура на нозете. Денес, Никола, како пензионер добро се чувствува, но за подобрување на неговата здравствена состојба, тој го посетува Центарот за рехабилитација во Торонто, каде што има посебен третман за побрзо заздравување, пото, скоро секоја година патува за Куба, како и за Македонија. Во родната Македонија ги посетува сите туристички места, но најповеќе кампот во Отешево каде пријатно се  чувствува.

Во разговорот со Никола Стојановски стана збор за времето кога Никола беше претседател на црковната управа и кога се реши да се живописува тој убав макеедонски храм. Притоа Никола, меѓу другото рече дека е многу среќен што се успеа да се направи договор и да допатува од Македонија академскиот сликар Ѓорѓи Даневски со цел да ја зографиса црквата „Свети Климент Охридски“. Целата управа на чело со Никола сметаа дека овој наш голем црковен храм заслужува да го живописува голем уметник од оваа област како што е почитуваниот Даневски. За повеќе од една година, МПЦ „Св. Климент Охридски“ беше целосно завршена, со што таа стана не само македонски, туку и канадски споменик на културата. Потоа се направија усилби да се изработи нов иконостас, со што црквата стана огледало на македонската култура и на црковно-националното живеење на Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во Канада.

Инаку, при посетата на МПЦ „Св. Климент“ се сретнавме и со уметникот Даневски, кој на многу жив, интересен и македонски начин го живописа храмот. На пространите ѕидови на црквата ги видовме св. Климент Охридски, светите Кирил и Метдоиј, Св. Злата Мегленска, која е во македонска народна носија, браќата Миладиновцки, Филип и Александар Македонски, новото македонско знаме и многу други знаменити личности прикажани како фрески на црквата кои претставуваат дел од мозаикот на мултикултурата на Канада.

 Исто така, кога Никола Стојановски беше претседател на оваа институција, тој заедно со поголемиот дел од Управата беше најзаинтересиран да се напише монографија за црквата, со цел да остане вечен спомен за историскиот развон на црковно-националните активности на Македонците во Торонто. Така, за монографијата “Македонски вознес”, што ја подготвија авторот на овие редови Славе Катин и Фиданка Танаскова, претседателот Стојановски подготви голем број материјали како: интервјуа, писма, документи, статии од весници, списанија и други публикации, фотографии и другите писмени материјали за управите на црквата „Свети Климент Охридски“ и поединци.

Никола Стојановски даде голем придонес за афирмација на активностите и животот во македонската црковна општина „Свети Климент Охридски“. Тој, заедно со голем број Македонци од Торонто придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина во Канада, како и на земјата на нивните предци, Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top