Фељтон

СОТИР МИТРЕВ – ХУМАНИСТ И БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

st

st

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Биографската лична карта на Сотир Митрев почнува во питомото село Росен, кое се наоѓа во леринскиот крај на Беломорска Македонија, во прекрасниот пролетен месец мај, значи на 17 мај 1932 година, мајката Лина Палеца Митрева го роди својот син првенец Сотир. Радост блесна во куќата на Митреви, кога на свет дојде малечкиот Сотир. Пресреќниот татко го почести целиот комшилук кој, исто така, ја подели радоста со младите родители Лина и Јован, и, секако, со бабите и дедовците, кои ете го дочекаа да им се роди нивното прво внуче.

Често пати Сотир Митрев се присетуваше на тие далечни времиња, велејќи –  за жал, судбината сакаше да останам сам. Најсам на овој свет. Мајка ми ја прости Господ и јас, иако толку мало дете, знаев дека никому веќе нема да му биде грижа за мене. Утеха барав кај баба ми Санта, која колку можеше ме гледаше, ама мајчината љубов никој и никогаш веќе, со ништо не ми ја замени..

Револуционерна била одамна фамилијата на Митреви. Се прераскажуваат спомени од тие времиња и години во леринската околија, во коишто дел од неговото поблиско или подалечно семејство, има свој ефект. На многу детали постојано се присетуваше  и со многу гордост ама и со многу горчина зборуваше Сотир Митрев, при што ќе речеше:

„Уште дедото Крсте беше востаник. Беше револуционерен човек кој не можеше да се помири со човечки неправдини и со теророт што го спроведуваа џандарите, окупаторите и некои чиновници. Дедото Крсте уште пред германско време, уште некаде во 1939 година, имаше луѓе кои навечер излегуваа со оружје и доколку некаде имаше светло на прозорците, нè тераа веднаш да го гаснеме“.

Животот на Митреви во Мелбурн бил како една долга интересна приказна. Во прво време работел во фабрика за гуми, потоа излегол оттаму и станал свој газда кој презема градежни работи. Со својата фирма постепено почнал да го шири бизнисот и така стасал до доста добри муштерии.

Сотир Митрев со група патриоти, со тие извонредно амбициозни Македонци од Мелбурн, водени од искрено човекољубие, хуманост и солидарност, во 1992 година во Мелбурн ја формирале Австралиско-македонската хуманитарна организација. Заедно од првиот ден, од покренувањето на идејата па сè до реализацијата кога стартувала оваа Организација, заедно со Сотир биле: Цветан Звездаковски (потпретседател), Васил Котевски (благајник), Ана Василева (секретар), Џим Антон (публицист), Крсте Наумовски (советник), Георги Кириакидис и Танас Велов.

Тие веднаш почнале со првите акции, собирајќи помош, а и организирајќи други значајни и корисни активности. Од самиот старт па години натаму, името на Организацијата оставило свој печат во само организирачкиот мозаик на македонската комуна не само во Мелбурн и Викторија, туку и пошироко.

За своите браќа во татковината, преку Австралиско-македонската хуманитарна организација беа испратени илјадници пакети со храна и облека. Тоа беше помош за илјадници семејства, дечиња, млади и стари наши Македонци. Во сето тоа изминато време, Организацијата во повеќе  наврати испратила цели контејнери, пред сè, во брашно, ориз, масло и друга храна во Македонија, како и за Македонците во Мала Преспа, кои живеат во тешка сиромаштија.

Додека полека и опуштено, што би се рекло нога за нога, во летото 2002 година, сите заедно на чело со мошне расположениот Сотир Митрев се рашетувавме низ сокаците на неговото големо родно село Росен, му приоѓаа многумина за да се поздрават, да му ја стегнат раката, да го прашаат како што и самите велеа, за јуначкото здравје и за да чујат што абер им носи тој од туѓината далечна таму, од Австралија. Во еден момент, една постара жена застана простум пред него. Се исправи, колку што можеа старечките плеќи, го испули убаво и му рече: „Добре ни дојде брату Сотир. Добро си дојде дома, овдека во Росен од каде што замина како младо момче“.

При секоја посета на својот роден крај, Сотир Митрев со огромна тага и болка во себе, прераскажуваше дел од сеќавањата на своето детство и на своите први младешки години, кои така тажно ги минал тој низ Беломорските планини и рамнини, езера и водопади, реки, шуми и бесконечни ливади.

Секогаш велеше, дека Грците никогаш не може да им го избришат името на Македонците. Не може да ги замолчат да си го зборуваат својот мајчин јазик. Не може да ги одродат од тоа што се, Македонци. Срам е за една земја која се колни во некаква си квазидемократија, уште, да ги малтретира и да ги враќа Македонците од границата. Имаше многу реакции од нервозните нашинци кои доживувале малтретирање и понижување, ни рекоа некои. На илјадници Македонци од Република Македонија и од Австралија, Канада, Америка, од Европа и од каде сè не, сè уште им ги затвораат границите.

„Мене на двапати ме вратија, велеше Митрев. Првиот пат во 1994 година во пријавата против мене до полицијата со која ми се забранува влез во Грција стои дека јас сум бил автономист, националист, а како претседател на хуманитарна организација како што напишале тие режимски чиновници, јас сум ги ранел Скопјаните“. Ете до каде оди безумноста, коментираше Митрев.

Но, негова честа дестинација му беше и најградскиот град во Македонија, конзулскиот бабам Битола, кој е опеан во повеќе од шестотини песни. Сите ја знаете „Битола мој роден крај“ или „Нели ти реков моме Донке“. Песни кои специјално во една од најубавите кафеани на овој град, на Сотир на уво ми ја испеаја најпрофесионални музичари, среќни што можат на еден таков нашинец дојден од далеку, со песна да му посакаат срдечно добредојде.

Весниците тогаш, меѓу другото, напишаа –  Сотир Митрев од Мелбурн, Австралија, познат хуманитарец во австралиската сојузна држава Викторија и, пак, не успеа да влезе во Грција за да си го види своето родно село Росен, кое се наоѓа крај Лерин.

„Пет и пол децении поминаа откако Грците ме протераа од сопствениот дом. Неколку пати во животот сум доаѓал од Австралија во Битола за да влезам во Грција и да појдам во моето огниште во селото Росен. Меѓутоа грчките власти само еднаш ме пуштија. Се обидов во неколкуте години потоа, а пред Илинден и со два пасоша, австралиски и македонски. Меѓутоа, тие без образложение ме вратија назад. Ми рекоа дека не ме пуштаат оти не сум бил Грк, а јас им возвратив: Запишете оти Сотир Митрев бил, е и ќе умре како Македонец, а не како Грк“, изјави тој од говорницата пред црквата „Света Богородица“ во Трново, Битолско, каде секоја година се одржува значајната средба на етничките Македонците од светот.

Сотир Митрев беше голем хуманист. Донираше и храна и облека и пари, како и медицински апарати и болничко возило за некои медицински центри, за домовите на дечињата без родители, за старските домови и за сиромашни села. Доби многу признанија и се сретна со многу личности  од државниот врв, со градоначалници и со многу новинари.

Во Соботско, во Беломорска Македонија, за подигање и опремување на првата и единствена црква на Македонците „Света Злата Мегленска“, со сето срце, душа и љубов се вклучи и Сотир Митрев. Во повеќето акции што беа спроведени, како и оние кои лично ги организирал тој меѓу во Мелбурн и пошироко, тие подадоа рака на под-дршка. И помогнаа за што побргу да може да ги прими своите верници овој духовен храм

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top