Фељтон

ЈАНКО ТОМОВ – АВТОР НА ДЕЛА ВО ОДБРАНА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА

janko

janko

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Јанко Томов беше долгогодишен и еден од најплодните соработници на порталот „Македонска нација“. Тој е роден во Струмица, на 4 мај 1938 година, а во 1945 година се преселил да живее во Скопје. Тој беше дипломиран виш спортски тренер по спортска гимнастика, тренер по атлетика и наставник  по физичко и здравствено воспитание. Дипломирал во Белград во 1961 година, на Факултетот за физичка култура при Универзитетот на Белград. Во 1970 година, заминал за Австралија, каде живееше во убавиот Бризбен.

Јанко Томов се бавеше и со пишување и објавување на свои трудови. Уште во далечната 1969 година, во Скопје ја објавил првата стручна книга, од областа на физичката култура на Македонија: „Штафетни игри и полигони“ (исто така, тоа бил прв прирачник за тренери и наставници по физичко воспитание). Томов е автор и на повеќе скрипти, материјали и статии, поврзани со теми од квалитетниот спорт и физичка култура во Македонија.

Меѓутоа, неговата активност во Австралија ги измени координатите и тој од спортски работник премина во еден голем активист во македонското движење. Така, како македонски активист во Австралија, Јанко Томов е еден од основачите на „Тајната народна македонска револуционерна организација (ТНМРО), со огранокот „Група македонски патриоти“ од 1985 година во Перт.

Томов е основач и прв претседател на огранокот (задграничниот Комитет) на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија. Бил член и на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, со одлука на Драган Богдановски и со одлука на неговите претставници во Австралија.

Томов е и еден од главните организатори на македонските демонстрации одржани во Перт на 1 јули 1990 година пред Грчкиот конзулат, каде за првпат пред јавноста на Перт се истакнаа македонските знамиња со шеснаесетзрачното сонце и други обележја поврзани со античко-македонското потекло. Бил и активен член на Извршниот одбор на Органзацијата за „Македонски човекови права“ (МЧП) за Западна Австралија, а бил и еден од уредниците на „Македонски патриотски билтен“, кој излегувал во периодот 1989-1990 година, во кој објавувал статии и обработени материјали од национално-политички карактер.

Бројни се активностите на Јанко Томов, меѓу кои: Од 2010 година објавува национално – политички статии и историски материјали од активноста на македонското движење во дијаспората, во порталот на интернет „Македонска нација“ од Скопје, каде е еден од уредниците.

Прво негово дело е „Првиот светски конгрес за македонски човекови права“ (1990),  има уште едно издание во 2015 година. Во него се објавени бројни публикувани статии, особено во порталот „Македонска нација“ и одреден број што авторот ги испраќал околу 600 е-меил адреси, до негови ценети читатели од периодот  2011-2015 година.

Потоа во 2000 година ја издаде книгата: „Поткрепа од убавиот Перт“. Таа е напишана на 310 страници и илустрирана со голем број фотографии од првите демонстрации на македонското иселеништво од Перт, пред Конзулатот на Грција. Вториот дел е посветен на основањето на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората, раководен од Драган Богдановски и Панко Стамкоски, во кој членувал и Јанко, како и на основањето на Задграничните комитети во Австралија, за кои беше задолжен Јанко Томов.

Делото „Поткрепа од убавиот Перт“ му даде силен поттик да ја продолжи својата публицистичка дејност и објавување на патриотски текстови, кои, главно, се однесуваа на состојбите во Македонија.

Во тие години, во новата средина во Бризбен ги објави книгите „Солунскиот манифест од 1984 и движењето за човекови права во дијаспората“ (2003) и „Откритија за важни настани во македонската историја“ (2004). Во второто дело објавува одбрани текстови и писма за контактите со бројни активисти во дијаспората. Така, уште на почетокот ги пренесува неговите активности на патриотско поле, неговите видувања за решавање на актуелните прашања и проблеми во иселеништвото и во Република Македонија.

Исто така, Јанко Томов е автор на делото „Мојот придонес за Македонија“ (2014), книгата е отпечатена во мал број примероци нa 258 страници, а издавач е Печатницата „2  Август“ од Штип. Во книгата се опфатени поединости за првите македонски политички организации, кои ги основаат и со кои раководат лево и десно политички ориентирани македонски лидери и членство, од поголемите организации како ДООМ, НМРО, ТНМРО, преку македонските поткомитети за МЧП. Исто така, поместени се текстови за списанијата, весниците и порталите: „Македонска нација“, „Македонија“, „Глас на Македонците“ и други. 

Едно од позначајните дела на Јанко Томов е, секако, книгата „Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори – од фалсификати до коректно презентирање“ (2005 и 2012). Оваа книга Јанко ја посветил на родителите, на Иван Томов Ангелов, роден во 1888 година во Крушево, учесник во Илинденското востание во 1903 година, како борец и курир на Главниот револуционерен штаб, на релација Крушево – Смилево – Крушево, раководен од лидерот на ВМРО Дамјан Груев и претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Татко му Иван (Јован) бил носител на значката Илинден од Илинденската македонска организација во Софија.

Инаку, пораката на Јанко Томов е – дека никогаш не треба да ги заборавиме нашите македонски корени, кои сме и од каде сме дошле, и секогаш да живееме со надеж и да знаеме дека ќе имаме подобро утре. Тоа го велам бидејќи Македонија е нашата родна земја. Таа е наша дедовска земја чија географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи. Затоа, често во литературата е запишано дека Македонија е библиска, света земја.

За судбината и историскиот развој на Македонија, од античко време до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори, меѓу кои и авторот на овие редови, кој има посебен респект кон Јанко Томов за неговиот придонес на античка Македонија. И двајцата мислат дека некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Според книгата на „Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори – од фалсификати до коректно презентирање“ Македонија, каде низ еден долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес.

За многу автори во светот Aлександар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар. Можело да се случи, но не се случило, Филип Македонски да освои сè што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ниту едно големо и славно дело.

slavek 1 copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top