Фељтон

АНРЕА БРАНОВ НОВИНАР И АФИРМАТОР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА ВО АВСТРАЛИЈА

1111

1111

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Животната приказна на Андреа Бранов, австралиски Македонец е сместена  во неговата монографија што ја подготви авторот на овие редови, Славе Катин. Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, трпението, упорноста и истрајноста на Андреа Бранов од селото Буф, Егејска Македонија. А  судбината на Бранов  е слична или идентична со судбините на голем број Македонци

Во делото тој е претставен како Македонец со посебни одлики, човек кој и колку и да претрпел удари, да поминал низ разни премрежија, како дете имал и глад и страв, сепак, тој опстојал и  останал доследен како страдалник, како борец за подобро утре.

Андреа Бранов е сведок на бомбардирањето, на тортурите и на тешкиот живот, на уцените на квазидемократската грчка власт. Тој е Македонецот кој ја изодил и бегалската голгота во 48 година. Андреа Бранов останува да биде нашиот многу драг пријател, другар, роднина, соактивист и патриот, чија голема љубов и предизвик е новинарството.

Андреа Бранов на своите плеќи ја преживеал голготата на Македонците од егејскиот дел на Македонија, која започнала уште со разделувањето на Македонија. Така, поделбата на Македонија и на македонскиот народ на четири дела по Балканските војни го спречила остварувањето на повеќевековната желба за создавање на независна македонска држава, на целата македонска територија. Македонците биле изложени на раселувања и асимилации во различните балкански држави. Во тие рамки, особено трагична била судбината на Македонците во егејскиот дел на Македонија, односно во Грција.  Од каде под присила на режимот, голем дел од македонското население  било протерано, или ги напуштило своите опожарени домови заедно со срушените надежи за скоро враќање назад.

Андреа Бранов е роден во убавото македонско село Буф, Леринско на 13 септември 1935 година и потекнува од чисто македонско семејство од татко Филип и мајка Марија. Патриотското семејство Бранови  се смета дека е едно од најстарите на тие македонски простори. Тој потекнува од фамилија која пуштила длабоки корени во Македонија, Австралија, во Канада и Соединетите Американски Држави и во други земји.

Детството Андреа го поминал во Буф и тоа е неговиот незаборав. Постојано го придружувал својот дедо Симе, благороден Македонец кој завршил за поп, но никогаш не се запопил, ама го викале Симе Попето. Дедо му зборувал и пишувал дури на седум јазици, а имал и чудесна способност да лекува со природни билки од ливадите и планините.Во селото сите го канеле Симе Бранов на гости, зашто покрај исцелителната моќ, неговиот „златен глас“ преку песната ги воодушевувал луѓето.

Инаку родното место на Андреа Бранов, селото Буф се наоѓа сместено во пазувите на планините Баба и Бигла и е едно од поголемите села во Македонија. Се наоѓа на 28 километри оддалечено од Битола и 10 километри северозападно од Лерин, на надморска височина од околу 1.000 метри. Селото е сместено меѓу реките Лалешка и Лајчарска, кои минуваат низ селото со чиста ладна вода.

Во текот на Граѓанската војна во Грција 1946 – 1949 година, кога голем дел од воените дејства се случувале на териториите со македонско население, а поради масовното вклучување на Македонците во рамките на Демократската армија на Грција, Привремената демократска влада  од Атина, извршила т.н. евакуирање (протерување) на децата од тие области. Најголем број од евакуираните биле македонски деца, кои биле прогонети и раселени во повеќе источноевропски земји на комунистичкиот блок и во поранешна Југославија.

Таква била судбината на Андреа Бранов, кој како протерано дете, заедно со неговиот дедо Симе и чичко му Крсте, ја следеле патеката на поголема група од леринскиот крај, кои, најпрво, дошле во селото Кременица, Битолско, а потоа стасале во Битола, од каде со воз биле пренесени во логорот за бегалци во селото Браилово, Прилепско, каде биле сместени голем број протерани Македонци од Егејска Македонија.

По една недела со воз биле префрлени во Штип, за потоа да бидат однесени во Пробиштип, односно во селото Гајранци, каде веќе се наоѓале неговиот татко, мајка, најстарата сестра и братот. Тие не можеле да претпостават дека таму ќе се сретнат, затоа средбата била неочекувана, полна со радост и со солзи.

Во 1948 година животната сторија на семејството Бранови продолжува во селото Пишица, Светиниколско. Во тоа полско село Андреа Бранов живеел во времето на колективизацијата. Таму го завршил основното образование  и кога требало да оди во гимназијата во Свети Николе со цел да го продолжи своето образование, семејството во 1951 година се преселило во Битола.

Битола за Андреа била втората љубов. Таму се чувствувал како дома и покрај тоа што на почетокот имал проблеми во животот. Во 1952 година заминал на работна акција на патот што се правел од селото Магарево кон Пелистер, а учествувал и на сојузна акција во Словенија.

Меѓутоа, во 1963 година судбината го однесе во Австралија. Имено, уште во 1955 година, братот на Андреа, кој веќе бил во Австралија, подготвил документи за негово заминување  во таа далечна прекуокеанска земја. Потоа во 1963 година заминале за Мелбурн, Австралија. Таму како новодојденци го започнале новиот живот, им се родил и другиот син и така  новото семејство започнало да живее и твори на петтиот континент, каде  се определиле да биде сочувано македонско национално чувство,

Авторот на овие редови за прв пат се сретна со Андреа Бранов во Мелбурн при една посета на македонска делегација во Австралија. На аеродромот нè чекаше поголема група нашинци, меѓу кои и Андреа Бранов. Средбата беше срдечна, македонска. А тој аеродром е место за безброј македонски средби и разделби, за многу среќни, тажни и необични, карактеристични видувања и пречекувања.

Таква беше и нашата средба со Андреа, нашиот познаник, пријател и соработник од почетокот на излегувањето на весникот „Австралиско-македонски неделник“. Тој беше еден вид гостин преку телефон, преземајќи ги извештаите за весникот, секоја недела во 23 часот, кога ќе речеше: „Добра вечер за Македонија“, а „Добро утро за Австралија“, ќе пренесеше некоја порака, а потоа со внимание ги слушаше и снимаше вестите, особено оние од спортот. Сето тоа како на филм ни се врати во мислите при средбата. Но, Андреа го запознавме и во текот на летниот период во 1991 година, кога тој со сопругата Дана преку Канада, каде се сретнаа со бројни Македонци, пристигнаа во Скопје. Тогаш, во Здружението на новинарите на Македонија на Андреа му беше предадена новинарска книшка. Го познававме, исто така, од неколку средби со него и Орданка што ги имавме во нивна чест во Македонија, кога се чувствувавме како да се знаеме уште од деца.

Андреа беше многу среќен, бидејќи живееше и сонуваше само за Македонија, за неговото родно село, за детството. Посети многу места во Републиката и одлучи да го посети и Буф. Го виде родното село, нивната куќа и сè она на што се сеќаваше, но му остана само тагата за минатото, зашто не виде сегашност и иднина. Му остана чемер на душата. Го напушти неговиот роден праг со солзи на очите, но и со надеж дека ќе победи правдољубието не само во светот, туку и на овие простори, бидејќи сите ние се раѓаме, прво, како луѓе, а потоа ја понесуваме нашата национална припадност дека сме  Македонци.

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top