Фељтон

ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН – ПОЗНАТ ТЕАТАРСКИ ТВОРЕЦ ВО АВСТРАЛИЈА

risteski

risteski

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

М-р Душан Ристевски – Македон е роден на 22 февруари 1954 година во Битола, градот на конзулите. Од 1973 година живее и работи во Сиднеј, Австралија. Завршил Виша социјална школа, дипломирал на Факултетот по социологија и во 1996 година магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј.

Една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко е, секако, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Тоа е прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литература и култура. Душан Ристевски – Македон беше првиот избран претседател на Друштвото и уредник на едно од најреспектираните македонски гласила, списанието „Повод“.

Потоа, Душан Ристевски навлезе во театарските води и во 2007 година го формира и стана прв човек на Австралиско-македонскиот театар во Сиднеј. Преку своите продукции, Театарот успешно дејствува во промовирање на македонската култура и нација во Австралија. Во 2015 година, од Мултикултурен Нов Јужен Велс, Театарот ја доби престижната национална награда за култура и уметност за драмата „Ограда“. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во 2015 година на Театарот му додели „Повелба за промовирање на македонската култура и нација“.

Драматургот Душан Ристевски – Македон, исто така, е награден со посебна награда за иноваторство од Министерството за здравје на Нов Јужен Велс за драмата „Страв и срам“.  Премиерот на Нов Јужен Велс за Денот на Австралија во јануари 2015 година го прогласи за лауреат Душан Ристевски за неговата неизмерна работа  и придонес во мултикултурната заедница посебно во театарската уметност. 

Исто така, за одбележување е тоа што Ристевски е автор на стихозбирките: „Полутици“ (1984) издадена двојазично на англиски и македонски јазик; „Полутици-Фрагментс“ (1989); „Страдалници на сонот“ (1992); „Копча“ (2001); „Цвеќе-жена“ (2003); „Украдени мисли“ (2009) и „Забранета љубов“ (2009). Потоа следуваат монодрамите: „Мајка“ – изведена во Сиднеј и во Прилеп на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1990), „Ченто“ (2015), „Неда“ – изведена во Сиднеј (1996 и 2016); „Каменот од Роби“ (2018); „Тага за југ“ (2019); и драмите „Страв и срам“ издадена на македонски (2006) и англиски јазик (2009), „Мистер Балкан“ (коавтор) (2009), „Стари и весели“ (2010) „Раскол“ (2012), „Остави ја свеќата да гори“ (2012), „Борење со мечка“ (2013), „Ограда“ (2014), „Доктор жими мајка“ (2015), „Куферот“ (2016), „Баба се мажи“ (2016); „Сонце мое“ (2017); „Последниот Македонец“ (2018); „Баба бегалка“ (2019), „Преполнета чаша“ (2021). Застапен е во антологии во Австралија, Македонија и Америка.

Во период од десетина година, Австралиско-македонскиот театар поставил на сцените во Австралија и во Македонија десетина значајни претстави, меѓу кои:

„Страв и срам“ од Душан Ристевски во режија на Зоран Лозевски, драма работена со цел да се намали срамот од менталните болести во македонската заедница во Австралија. Театарот е земен како најпогоден културен приод за информирање и просветување на заедницата за менталните болести и намалување на срамот (стигмата). Драмата „Страв и срам“ е преведена на српски, арапски и грчки јазик. Во 2014 година, истата се прикажа во Сиднеј на грчки јазик.

„Мистер. Балкан“ е коавторство на Стефо Нанцу и Душан Ристевски, а во режија на Стефо Нанцу. Таа е драма работена по повод Недела на бегалците, со цел да се запознае австралиската јавност со трагичната историја на Македонците, на децата бегалци (избркани) од своите домови за време на Граѓанската војна во Грција. За првпат македонската заедница имаше можност да ја прикаже вистинската трагедија од која многу Македонци во Австралија се ефектирани и сé уште страдаат, а многу малку од тоа беше запозната австралиската јавност. Се направија 11 продукции во Австралија и 8 во Македонија кога Театарот во 2011 година посети 8 градови во Македонија.

„Стари и весели“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу е музичка комедија создадена со цел да ги поттикне Македонците од постарата генерација преку пат на активности  и социјализација да излезат од изолација и депресивни ситуации. Претставата промовира позитивно стареење на дојденците во Австралија. Од неа се направени 7 продукции во Нов Јужен Велс.

„Раскол“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу и Зоран Лозевски е драма која опфаќа еден трауматичен период на македонската заедница во Австралија кога македонските цркви беа распарчени. Расколот што започна по поделбата на Македонија и сé уште ја уништува генезата на македонската нација што, за жал, е пренесена во Австралија..

„Остави ја свеќата да гори“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу е драма за животот на едно македонско семејство кое е соочено со насилство кое, за жал, се пренесува од генерација на генерација и тоа тркало на неизвесност и малтретирање, многу тешко се прекинува поради културните влијанија и неизвесноста, поради незнаењето и живеењето во туѓина. Од неа се дадоа 4 претстави во Нов Јужен Велс и 2 во државата Викторија.

„Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, е драма работена за подобрување на комуникацијата во семејството, намалување на стигмата во барањето помош, посебно меѓу машката популација, за канцерозно заболување. Целиот театарски проект е работен со поддршка од Министерството за здравје и театарот е земен како културен приод во едуцирање и намалување на стравот од барање соодветна помош во лечењето..

„Ограда“ (The Fence) од  Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу e драма на англиски јазик создадена со цел за намалување на етничките тензии и за подобрување на хармонијата во заедницата во мултикултурна Австралија.

„Доктор жими мајка“ од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски е динамична комедија со сплетови на социјални теми тесно поврзани со животот на македонската заедница во Австралија и врската што Македонците ја имаат со родниот крај. Таа доживеа 6 продукции во Нов Јужен Велс.

Драмата „Куферот“ е од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.  Зборува за мајката која го посветува својот живот за доброто на своите деца.Траумата на мајката започнува во Леринско кога нејзината куќа до темел е изгорена, па продолжува со доселувањето во Австралија, губењето на нејзината ќерка и смртта на сопругот, за на крајот од својот живот да доживее целосна разочараност од односот на нејзините три синови. Таа имаше 5 продукции во Нов Јужен Велс.

Комедијата „Баба се мажи“ од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски е комедија за една Македонка во одминати години, но нејзиниот сон е да се мажи со многу помлад од неа, со цел да се спаси од финансиската криза.

Монодрамата „Ченто“ од Душан Ристевски во изведба на Васко Србиновски и во режија на Стефо Нанцу е посветена на ликот и делото на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на првата слободна македонска држава. Досега имаше 4 продукции во Нов Јужен Велс.

Поетската драматизација „Неда“ од Душан Ристевски во изведба на Валентина Апостоловска и во режија на Стефо Нанцу е посветена на Неда, мајката на Кузман, а е работена според поемата „Сердарот“ од Григор Прличев. Драматизацијата имаше една продукција во Сиднеј. 

Се на се, станува збор за доста плоден автор, за поет и патриот кој живее и создава во Нов Јужен Велс.

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top