Фељтон

Д-Р МИЛЕ ТЕРЗИОВСКИ – ПОЗНАТ НАУЧНИК ВО АВСТРАЛИСКОТО ОПШТЕСТВО

9 copy copy copy copy copy

9 copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Проф. д-р Миле Терзиовски е австралиски Македонец, или македонски Австралиец, со чие постигнување на полето на менаџментот се гордеат двете негови татковини. Тој заминал за Австралија како дете на единаесет години, заедно со мајка му Ратка, во 1966 година, и се придружиле на својот татко Георги  Терзиовски кој стасал на петтиот континент, уште во 1962 година.

Семејството Терзиовски заедно се собрало во градот Вулонгонг, кој се наоѓа во сојузната држава Нов Јужен Велс, кој со своите двесте и три-четириесет илјади жители е деветти град по големина во Австралија. Тоа е градот кој кога човек патува од Сиднеј од кај високиот гребен на планината, како на дланка  се гледа Вулонгонг со сите населби околу него, како и Тихиот Океан кој ја збогатува глетката со својата недогледна водена шир. Таа панорама, наликува како онаа кога се набљудува од Галичица над Трпејца, од каде се гледа сината езерска шир на Охридското Езеро и рамниот дел кон манастирот „Свети Наум“. Затоа, не случајно Вулонгонг се збратимил со Охрид. Меѓутоа, тоа пријателство е повеќе како резултат што бројноста на македонското иселеништво во овој град и околните места потекнува претежно од Охридско-струшкиот и Битолско-преспанскиот Регион.

 На просторот на Илавара постојат две македонски православни општини; „Свети Димитрија Солунски“ и „Свети Климент Охридски“. Првата црква е сместена во тесното градско подрачје на Вулонгонг, во близина на брегот на Тихиот Океан, а втората е во Пoрт Кембла.

Вулонгонг е градот на професор д-р Миле Терзиовски. Таму тој порасна, таму и во метрополата Сиднеј го доби своето образование, таму се запознал со неговата сопруга Лиле, која е по потекло од битолскиот крај, од Горно Ореово. Во Вулонгонг Миле ги започнал своите активности на полето на љубовта, на науката, на спортот, на иднината. Тој таму беше проект-менаџер на Македонскиот парк „Беркли“ за изградба на спортски комплекс, секретар на Обединет фудбалски клуб на Вулонгонг и претседател на Одборот за промоција на фудбалот во Вулонгонг во лигата на Нов Јужен Велс.

Кога се пишува за образованите кадри од македонско потекло во Австралија, неодминливо е името и делото на професор д-р Миле Терзиовски. Тој е од битолскиот крај, а половина век живее во Австралија, каде постигнал да биде  доцент и извршен директор на Центарот за глобални иновации и претприемништво на Универзитетот во Мелбурн и декан на Факултетот за пост-дипломски студии во Перт, Западна Австралија.

Исто така, во текот на неговото 40-годишно професионално и академско искуство, д-р Терзиовски има напишано и уредено бројни академски и истражувачки трудови, а денес е  почесен член на „Македонија 2025“Професорот Терзиовски е професор за иновации и декан на Факултетот за постдипломски студии на Универзитетот Картин (Curtin Graduate School of Business) во Перт, Западна Австралија. Тој е тесно поврзан со индустрискиот професионализам и има академско искуство во иноваторството и квалитетот на менаџментот.

Д-р Терзиовски има напишано и уредено бројни академски и истражувачки трудови како во Журналот за стратешки менаџмент, Журналот за извршување на менаџментот, во Европскиот журнал за менаџмент, за што добил две писмени награди од Американската академија за менаџмент.

Пред тоа тој бил вработен во Центарот за глобални иновации и претприемништво на Универзитетот во Мелбурн  (University of Melbourne) во период од 10 години, 4 години бил на Универзитетот Монаш (, Monash University) во Мелбурн и 17 години работел за Рио Тинто лимитед (Rio Tinto Ltd) како инженер на линија, а бил проект-менаџер.

Професор д-р Миле Терзиовски живее, работи и твори во Австралија, а во исто време е тесно поврзан со   родната Македонија,  и на различни начини  дава голем придонес. Тоа го прави бидејќи неговите корени во Република Македонија, се во битолскиот крај, во мариовското село Градешница во кое тој се родил на 31 октомври 1955 година. Таму, во училиштето „Свети Кирил и Методиј“  од прво до четврто одделение ги поставил и ги зацврстил неговите темели во образованието, за денес во светот да биде познат и признат како голем стручњак.

Градешница е едно од најбогатите македонски села во Мариово. Од етнички аспект отсекогаш Градешница била населена исклучиво со Македонци. Во него  бројот на жителите во 1961 година бил 1.019 жители, за  жал, денес поради иселеничките процеси во шеесеттите години да опадне  само на стотина жители.

Во селото има седум цркви, од кои најголема е црквата „Свети Никола“  изградена во 1862 година, но била урната и повторно возобновена во 1918 година. Други цркви се црквите: „Свети Димитриј“, која се наоѓа на влезот од селото, а за која се смета дека е од XVI век; „Свети Илија“ и „Свети Атанасиј“ се манастирски цркви,  црквите „Вознесение Христово“ и „Свети Кузман и Дамјан“ се црквички кои се наоѓаат во близина на селото.

Исто така, селото Градешница е познато и по бројните археолошки локалитети, меѓу кои се: Кале – населба од римско и доцноантичко време, Маркоица – некропола од римско време, некрополата Вакафско Место и познатата римска тврдина Пешта. Меѓутоа, селото Градешница е најпознато како родно место на легендарниот Итар Пејо, познат лик од македонските народни приказни препознатлив по својата итрина и мудрост.

Етнолошкиот музеј во селото Градешница посветен на Калеш Анѓа,  постои од 2 август 2009 година и е една од значајните културни установи од таков вид во Македонија. Тој претставува прекрасна збирка на етноелементи од живеењето и културата на населението, како и остатоци од оружје и предмети користени во војните. Музејот е отворен во месеците од мај до ноември. Инаку, Калеш Анѓа живеела во мариовското село Старавина и е опеана во народната песна и овековечена во книгата „Калеш Анѓа“ на писателот Стале Попов.

Професор д-р Миле Терзиовски е човек со немирен дух. Сака нови места, нови перспективи за неговата подобра иднина. Така, во 1988 година се преселил од Вулонгонг во метрополата Мелбурн, каде свил ново гнездо на тие демократски мултикултурни простори.

Мелбурн е градот на иднината на професор д-р Миле Терзиовски. Таму тој 17 години работел за фирмата Рио Тинто лимитед (Rio Tinto Ltd) како инженер на линија, а бил проект-менаџер. Исто така, бил вработен во Центарот за глобални иновации и претприемништво на Универзитетот во Мелбурн (University of Melbourne) во период од 10 години, како и 4 години бил професор на Универзитетот Монаш (Monash University) во Мелбурн.

Советот на македонската заедница, заедно со Комитетот за човекови права и Македонското училишно друштво презедоа акција против Владата на Викторија во преименувањето на македонскиот јазик во „славомакедонски јазик“. Притоа, Врховниот суд на Австралија ја отфрли директивата.

Професор д-р Миле Терзиовски денес е декан на „Куртин Бизнис Школата“ од Перт, Западна Австралија. Тој патува по светот и држи предавања во врска со менаџментот на студентите и постдипломците. Меѓу другото, тој беше поканет од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да учествува со свое предавање за членовите на „Школата за млади лидери“ што се одржа во Охрид во август 2015 година, која ја прифати и учествуваше со свои предавања.

6bb-slave 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top