Фељтон

АЛЕК КЛАШОВ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ БИЗНИСМЕН

2r copy

2r copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Сопственикот на фабриката „Патра“, Алек Клашов беше прв милионер од македонско потекло во Австралија, донатор на бројни македонски асоцијации и спонзор на Олимпијадата во Монтреал. Кога се пишува или зборува за деловните луѓе кои имаат македонско потекло, а живеат ширум светот, посебно место му припаѓа на Алек Клашов. Познат и признат бизнисмен не само меѓу Македонците, туку и меѓу Австралијците. Тој е човек кој оставил неизбришливи траги во севкуп ниот живот во македонската колонија во Мелбурн и пошироко.

Алек, или Цане Клашов, како често го викаат неговите пријатели и соселани, е роден во 1935 година во селото Буф, Леринско, кое е едно од најголемите и најре волуционерните македонски села во Беломорска Македонија. Тој е син на Ѓорѓи и на Полексија Клашови, син на тоа типично македонско семејство, кое ги негувало старите македонски традиции, обичаи, религија и патриотскиот дух, семејство кое во ослободителната војна во Грција дало две жртви: Крсте и Доне Клашови. Мајка му, пак, Полексија, е, исто така, од селото Буф, од семејството Србинови.

Животната сторија на Алек Клашов, како и на семејството Клашови е бурна, интересна, типична македонска. Тој потекнува од печалбарско семејство, а се знае дека меѓу првата група доселеници на американскиот континент кои дошле при крајот на XIX век биле токму буфчани. Неговиот татко Ѓорѓи го вкусил печал барскиот леб во Америка пред Првата светска војна, кога пристигнал во „ветена та земја“ и останал подолг период. Таму спечалил пари и потоа се вратил назад во селото.

Но, во 1937 година печалбарската судбина го однела во Австралија, неговата втора и последна татковина. Алек, пак, заедно со мајка му и сестра му Ордана стасал на петтиот континент во 1948 година, веднаш по Граѓанската војна во Гр ција и егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Тие заминале за далечна Австралија, но во грчките зандани ги оставиле двата браќа Павле и Симо, а третиот брат Вангел заминал за слободниот дел на Македонија. Со текот на времето, Павле и Симо се ослободиле од затворите и заминале за Канада, ед ниот во Торонто, а другиот во Хамилтон, каде и живеат, додека Вангел починал на македонската земја.

Инаку, историјата на протераните од своите дедовски прагови од Егејска Ма кедонија е тажна и неповторлива. Таа е тесно поврзана со Оперативниот план на генералниот штаб на атинскиот режим кој предвидувал со офанзивни дејства да ги истисне единиците на ДАГ од внатрешноста на земјата и да ги принуди да се концентрираат во пограничните подрачја каде што со употреба на воен потенцијал да ги уништи или да ги исфрли преку граница.

Во рамките на подготовките за решавачки битки привремената демократска влада реши децата и изнемоштените старци да ги префрли преку граница. Врз основа на постигнатата спогодба помеѓу привремената демократска Влада на Грција и владите на источноевропските земји и Југославија беа евакуирани мало летните деца од 1 до 16 години. Тоа ги повлече и нивните родители да ги напуштат своите вековни домови. Затоа денес буфчани можат да се сретнат насекаде во светот. Нив ги има и тоа: во Америка над 200, во Австралија околу 1.000, во Ка нада повеќе од илјада, во Југославија околу илјада, околу двесте во Буф и околу пет-шеесет буфчани во Бугарија, Чешка и Словачка, Русија и Романија. Се смета дека бројот на буфчани во светот е околу четири илјади и одредена бројка на млади луѓе кои не се чувствуваат буфчани, а повеќето од старите се одамна зами нати од овој свет.

Националниот состав на населението во Егејска Македонија има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македо нија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сé уште се изложени на асимила торска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етнички от состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилие и денационализација.

Го посетивме Алек Клашов заедно со Андреа Бранов, негов соселанец и род нина, во неговиот дом што се наоѓаше во еден од најбогатите делови на Мелбурн. Куќата беше сместена во прекрасно зеленило, на голема површина, што е необ ично за куќа. Таа беше пространа, раскошна, со сите нишани на милионерска куќа.

Го видовме Алек како со специјална машина ја уредуваше тревата околу базенот. Ни рече дека работата дава сила и живот. Беше љубезен и нè покани во негови от дом. Разговорот беше неврзан, топол, братски, македонски. Алек беше крупен маж, чии црти одаваат интелигентен и образован човек, смирен, со блага насмев ка на лицето и пријатен за разговор. Неговиот македонски јазик беше богатство на леринскиот дијалект.

-Знаете, кога дојдовме во Австралија, не беше лесно, – ни рече Алек Клашов, покрај другото, во долгиот разговор. – Татко ми долги години работеше по бушо вите во Западна Австралија, а кога се собравме сите заедно, на радоста и немаше крај. Бевме најсреќни на светот. Но, животот си течеше. Во прво време, јас почнав да работам во фабрика и да учам англиски јазик, а дури во 1958 година купив биз нис за продажба на хамбургери. Така започнале и многу наши луѓе. Работата ми одеше многу добро, имаше пари, но се работеше многу часови. Бизнисот напредуваше и по четири години, во 1962 година, отворивме мала фабрика за конзервирање на овошје. Станав партнер со еден мој пријател по потекло Грк, Ник Тајсон, со кого добро се сложувавме и како пријатели и како партнери.

Првото име на фабриката беше „Sun Rise“ (Изгрејсонце), но со проширувањето на бизнисот, купивме нови хали, машини, фарми и други простории во Мелбу рн, Сиднеј и во Тасманија и на фабриката и го дадовме името „Патра“, по името Клеопатра. Од година во година бизнисот рапидно се зголемуваше и, како што тоа бидува на овие простори, се фузиравме со една американска компанија која вршеше контрола на пласманот во други земји, а потоа фабриката стана сопстве ност на група акционери од Соединетите Американски Држави, – нè информира овој австралиски Македонец со блескава кариера во бизнисот.

Во разговорот дознавме дека во екот на деловноста, се чини најголема попу ларност фабриката „Патра“ имала во времето на одржувањето на Олимписките игри во Монтреал, каде овој прочуен производител на сокови бил еден од спон зорите и бесплатно ги снабдувал спортистите од светот со производи од нивниот разновиден асортиман.

Во времето кога Алек Клашов бил во најголемиот подем во бизнисот и кога имал влијание во политичкиот живот, ги помагал македонските асоцијации. Име но, тој бил еден од активните членови, како и благајник и секретар на првата ма кедонска православна црковна општина за Мелбурн и Викторија и првата црква надвор од Македонија, „Свети Ѓорѓи“ во Фуцкрај, а бил и донатор за првиот маке донски манастир „Свети Климент Охридски“ во месноста Кинг Лејк, недалеку од Мелбурн и за Македонскиот културен и социјален центар „Епинг“. Исто така, во времето на изградбата на Социјалниот и спортски клуб „Престон – Македонија“, само за камен-темелникот Алек Клашов подарил пет илјади долари, а потоа тој станал основачки член на убавиот македонски спортски центар.

Бизнисменот Алек Клашов е семеен човек. Поголемиот дел од времето го пос ветувал на своето семејство, на сопругата Тодорка, а е горд со синот Кристофер (Ристо) и ќерката Тања, кои по завршувањето на факултетското образование тр гнале по стапките на таткото. Во неговиот дом, кој според некои процени, чини неколку милиони долари, видовме фотографија од неговото родно село Буф, кое Алек во периодот од напуштањето го посетил два пати и ги вратил сеќавањата од детството. Меѓутоа, во него останала болката што грчките власти не му доз волиле да преноќи на родното огниште, туку му го покажале патот кој води кон откорнувањето на Македонците од Беломорска Македонија.

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top