Фељтон

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА РОДНОТО СЕЛО ЗАГОРИЧАНИ – КОСТУРСКО (6)

Manc

Manc

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Бугарската држава, користејќи го општото незадоволство на Македонците од претходната грчка власт, почна добро организирана пропаганда, со праќање емисари како Калчев, Бај Кољо и други, да создаваат клубови во селата во Костурско, како и организации и таканаречени комитски чети за заштита, божем, од пљачкаџиите.

Во Загоричани, некои селани беа заведени од пропагандата, некои од убедувањето дека треба да се брани селото од пљачкаџиите, а некои затоа што беа застрашувани. Во таа насока се искористи постапката на десничарските сили на ЕЛАС, под команда на Зервас (приврзаник на монархијата) и нивниот напад во костурското село Нестрам и убиството на 7-8 жители. Така се оформи комитска чета во март 1943 година, која ја вооружија Италијанците, веројатно по претходен договор со Бугарите.

Но, во Загоричани имаше и луѓе кои не сакаа да земат пушка и да станат комити, но тие беа застрашувани и казнувани. Таков беше случајот со Кузо Нанев, кој поради тоа што одби да земе пушка (иако неговиот постар брат веќе беше вооружен), од командантот на комитската чета беше уапсен и им беше предаден на Германците во Костур за да биде казнет или ликвидиран. Но, набрзо, поради капитулацијата на Италија на почетокот на септември 1943 година, дојде до привремено германско повлекување од Костур и некој го ослободи Кузо Нанев од затвор, и тој пешки, по цел ден одење, се врати во селото.

Тетин Методи, како и многу други загоричанци како грчки војници, во 1940–41 година, се бореше против Италијанците, но не загина на фронтот, туку се вратил дома во Загоричани, подоцна за да биде осуден на доживотна робија од грчката власт и да лежи тешка робија на грчките камени острови повеќе од шеснаесет години.

Многу македонски мажи ја бранеа Грција од Турците, а потоа и од фашистичка Италија и нацистичка Германија, подоцна за да платат голема цена за тоа и наместо, најблаго речено, да добијат пофалби, од грчката власт биле судени, затворани, малтретирани и на крај прогонети од своите прадедовски огништа.

Во тие години нашето село беше многу радосно. Не ретко имавме по две-три свадби секоја недела и се пееја само македонски песни и се играа ора. За тие радосни моменти голем придонес даваше музичката група на семејството на Петре-Туше Нанев со синовите Ангел-Гелчо, извонреден кларинетист, Кузман, тромбонист и Јани, трубач, кои бил единствен оркестар во Загоричани и околината и ги исполнуваа македонските ора и песни и ги задоволуваа чувствата и го бодреа духот на Македонците од тој регион.

Подоцна, во април 1945 година, најстариот од браќата Наневи, АнгелГелчо беше затворен и со други 72 загоричанци осуден на доживотна робија, а за време на Граѓанската војна во Грција, Кузо и Јани Наневи отидоа партизани на почетокот на 1947 година, а во 1948 година, кога беше формирана партизанската воена музика на Главниот штаб на ДАГ, и двајцата како искусни музичари, беа приклучени во тој воен партизански оркестар, којшто беше раководен од виртуозот на кларинет Илија Каратимио.

Во март 1943 година, Еласитите1 влегоа во големото македонскокостурско село Нестрам и убија седум-осум жители поради соработка со окупаторот. Тогаш се појави бугарофилот бај Кољо со Калчев и на нашите им рече дека ако не земаат пушки – и нив ќе ги убијат.

Над 70 загоричанци зедоа пушки, меѓу нив и тетин Методи и познатиот војник од албанскиот фронт, а подоцна познат партизан на ДАГ, Васил Чулев или Цилјангата, како што го викаа селаните, и други. Тој и на албанскиот фронт и како комита умееше да стрела со минофрлач, а подоцна тоа го правеше и како партизан.

Во мојот долг живот имав можност да се радувам на многу убави нешта, само во Куба имав можност да одам на одмор 56 пати, но највесела година во мојот живот беше 1943. Е, каква година беше таа! Целото село на Илинден беше отидено кај црквата Св. Илија и пеевме македонски песни и игравме македонски ора и чичко Васил Чулев – Цилјангата пред нас стрелаше со минофрлачот кон Прекопана, познато село на Вичо Планина.

Селото лежи врз еден мал рид и, како што гледавме, сите гранати паѓаа пред селото и тогаш никој не знаеше дека таму се наши македонски борци од бригадата на Гоце, која имала добра соработка со партизаните од Вардарска Македонија.

Така брат со брат нашите се убиваа, без да знаеме што се случува. Некои маџири од селото, на чело со мрсниот Пападопулос, кого дедо ми го донел во селото, излегоа да се борат против окупаторот, а особено против ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска), во состав на единиците на Зервас, кој беше под команда на грчкиот крал и на Англичаните.

 Manc2                   Групата деца загоричанци во Унгаријаво 1949 година

Во тие времиња многу пати спиев во воденицата на Џидрови со моите први братучеди, меѓу кои и со најстариот Мити, кој ја имаше пушката на тетин Методи и многупати стрелаше кон врапците на дрвјата. Џидрови имаа еден голем мачор, кој правеше многу зијан дома.

Најблиска болница до селото беше онаа во Битола и многу селани кои имаа потреба, одеа на лекар или на пазар пешки преку планината Вичо до Битола. Еден ден тетин Методи и´ рече на баба Тана:

– Ќе одам на пазар во Битола. Баба Тана го стави мачорот во една вреќа и му рече:

– Методи, земи го со тебе и остави го во Битола, да се ослободиме од него. Така и се случи. Кога тетин Методи се врати, баба

Тана го праша каде е мачорот, а тој и одговори дека го оставил на Вичо Планина, близу до Лерин, зашто му бил многу тежок да го носи до Битола

А, Баба Тана му врати:

А-ха! А-бре чедо, а шо е вој тука… Го гледа мачорот како седи мирно до неа.

– Не знам, мајко, како знаел да се врати дома од толку далеку. иако го носев цело време во вреќа и не можел да гледа кај одиме.

Таа година имаше многу свадби и на една од нив, татко ми, кој и без свадби го сакаше виното, а особено ракијата, стана и ми рече:

 – Лефтере, ајде почни да играш оро… Јас станав, но тетин Методи му вели:

– Баџанак, детето нема да игра само. А татко, му врати:

 – Тоа го сакам јас… Тетин Методи се налути и рече:

– Не, тој нема да игра оро, тој е мое дете… И, другите мажи ги смирија пред да почнат да се караат, и така јас не заиграв оро

Во март 1943 година, кога ги пасев воловите кај Парангата, видов три германски камиони, полни со луѓе, некои во затворска облека, што одеа од Костур кон Солун. Многу ме исплаши тоа што го видов, а кога стигнав во селото, луѓето ми рекоа дека тие биле Евреи од Костур што ги носеле во Германија.

Сите беа наредени во камионите со исплашени лица. Никој не зборуваше… И во нашето село имало еден Евреин кој имал дуќан, но и него го убиле грчките андарти во колежот во Загоричани, на 25 март 1905 година. Тогаш во 1905 година грчките андарти го убиле и учителот, загоричанецот Цуцулев, иако бил грчки учител во селото…

Во тоа време во 1943 година, имаше голема бугарска пропаганда меѓу нас младите и ни велеа да кажеме „едно, две, три, Грција се скри“, потоа „еден, два, три, четири, Бугарија се исери“ и „еден, два, три, четири, пет, Германија кладе ред…“

Во тоа време јас ги пасев или воловите или овците. Еднаш, на местото Големи Ливади, видов гнездо на една топола и се качив да ги земам јајцата. Кога ја кладов раката во гнездото, оттаму излезе змија. Јас се исплашив и почнав да паѓам надолу, но за среќа последната гранка беше цврста и не се скрши, така ми го спаси животот.

Еден ден околу средината на 1943 година, одев в црква со мајка ми и кога таа се поздрави со една селанка, ми рече: „Оваа тетка зборува бугарски, заедно учевме во Стамбол во бугарско училиште, а нејзиниот маж знае само по наше.“ Мајка ми Јана учела во бугарско училиште во Стамбол, а многу добро знаеше и турски, како и татко ми, и кога не сакаа нешто јас да разберам, тие си разговараа на турски јазик.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy     

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top