Фељтон

Историјата на Македонија (10)

Религијата и обичаите на древните Македонци

Древните Македонци си имале и сопствена религија. Тие верувале во божествата со индо-европско потекло, како што се: Зевс, Посејдон, Аполон и други, кои од нивна страна биле славени на специфичен начин различен од начинот на славење кај соседните народи.

Но, зарем овие божества не биле грчки? А, ако биле грчки, зарем тоа не значи дека и древните Македонци биле Грци? За да одговориме на овие прашања треба да потенцираме дека таканаречената ‘старогрчка митоло-гија и религија’ воопшто не била автентична грчка. Имено, секој што сака подетално да ја проучува оваа митологија ќе дојде до сознание дека многу елементи на неа биле преземени од постарите култури.

Во минатото (18 век) се сметало дека старата грчка религија, т.е. митологија е автохтона грчка, но тогаш биле обелоденети податоци дека Грците својата религија во голема мера ја презеле од други постари народи. Дека, за ова денес се знае во сериозната светската јавност, повторно ќе приложиме цитат од споменатата Гролиер општа ЦД енци-клопедија, каде за најголемиот број елементи од грчката религија и мито-логија сосема јасно се тврди дека се позајмени од други различни култу-ри. Во врска со ова, во поглавието Митологија, во поднасловот Грчка митологија читаме:

‘Грчката митологија содржи митолошки елементи од различни култури и истории.’

Но, што е тоа што е позајмено од останатите религии? Одговорот гласи: повеќето од грчките божества воопшто не се грчки. Дури ни Зевс не е никакво грчко божество. Овие работи денес се добро познати, а само како илустрација ќе посочиме неколку цитати од општата Гролиер ЦД енциклопедија, каде во продолжението на истиот наслов, пишува:

‘Индо-европскиот културен елемент во оваа митологија е претставен преку богот Зевс… Зевс е најглавното божество во грчката митологија. Тој има чисто индо-европско потекло и претставува божество, поврзано со симболот на небото и небесните феномени.’

Значи, гледаме дека ни толку познатиот ‘грчки бог’ Зевс, воопшто не е грчки. Или поточно, колку е грчки, толку е и македонски, и толку им припаѓа на сите народи што го славеле во тоа време. Исто е и со богот Посејдон. Во врска со него, на истото место, читаме:

‘Посејдон претставува оригинално индо-европско божество и тој е постар брат на Зевс’.

За ‘грчкиот Аполон’, пак верувам дека малкумина знаат дека се смета дека претставува азиско божество, увезено од Сибир, каде опстојувало поврзано со азиските племенски шамански култови. Еве што пишува во оваа енциклопедија за ова ‘грчко’ божество:

‘Аполон потекнува од Сибир и се смета дека силата на неговиот култ потекнува од племенскиот шаманизам на тој простор, а не од култот на Дионис во Делфи’.

Но, до колку се најде некој да ги оспори цитатите од оваа светски позната ЦД енциклопедија како субјективни, тогаш да кажеме дека поглавието, од коесе преземени овие цитати, е напишано врз основа на научните трудови на светски познати научници од областа на грчката митологија. Ќе наведеме список на дел од авторите и нивните дела, кои служеле како основа за пишувањето на овој текст. Некои од нив се: Dodds, E.R., The Greeks and the Irrational (1957); Edmunds, Lowell, ed., Approaches to Greek Mythology (1989); Graves, Robert, Greek Myths, 2 vols.(1955);Grimal, Pierre, Concise Dictionary of Classical Mythology (1990); Guerber, Helene A., The Myths of Greece and Rome (1990); Guthrie, W.K.C.,The Greeks and Their Gods (1949); Harrison, Jane E., Prolegomena to the Study of Greek Religion (1922; repr. 1991); Kirk, G. S., The Nature of the Greek Myths (1975); Lefkowitz, Mary R., Women in Greek Mythology (1986; repr. 1990); Mylonas, G. E., Eleusis and the Eleusinian Mysteries (1961); Nilsson, M. P., A History of Greek Religion, 2d ed. (1949), and The Mycenaean Origins of Greek Mythology (1931; Eng. trans., 1972) и други.

И Таткото на историјата Херодот (Herodotus) пишува дека повеќето грчки божества воопшто не биле грчки. Во врска со потеклото на грчките божества Херодот пишува:

‘Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа’. (The history of Herodotus, by Herodotus; translated by George Rawlinson).

Значи овие богови подеднакво им припаѓале и на древните Грци и на древните Македонци, но и на другите балкански народи.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top