Фељтон

Историјата на Македонија (11)

И Македонците и Грците го славеле Зевс (секој од својата страна на заедничката планина Олимп), но на прилично различен начин и со различни епитети. Доколку го прифатиме тврдењето на Херодот дека овие богови Грците ги презеле од Пелазгите, пред нас се отвораат нови интересни хоризонти, посебно ако се земаат предвид теориите на некои сериозни руски научници, кои тврдат дека Пелазгите биле предци на Словените.

Откако дава преглед на разликите помеѓу Македонците и Грците во сферата на религиозните сфаќања, познатиот американски научник д-р Јуџин Борза констатира:

‘Најголемиот дел од писмените податоци за Македонскиот пантеон доаѓаат од времето на Филип Втори и Александар, од што испаѓа дека Македонците и Грците славеле исти богови. Сепак, многу од јавните манифестации на тоа славење изгледа биле различни. На пример, во Македонија не се пронајдени големи јавни религиозни споменици од пред крајот на четвриот век (што претставува уште една разлика во однос на Грците) (Цит. дело, стр. 95).

Американскиот историчар д-р Синтија Синдор Словиковски во својот труд ‘Спортот и културата во древно-македонското општество’ исто така пишува дека некои од денес познатите ‘грчки’ богови всушност им припаѓале на повеќе народи. Така, на пример, за богот Херакле, таа пишува:

‘Херакле бил познат во грчките, македонските и азиските митови, легенди и приказни…. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 136).

Во врска со богот Зевс, д-р Словиковски претпоставува дека имал поголема улога кај Македонците отколку кај Грците:

‘Зевс се почитувал во религиозната сфера и на Грците и на Македонците. Но, за Македонците улогата на Зевс среде нивните богови изгледа била поголема во однос на улогата на Зевс кај Грците’. (Исто, стр. 72).

Во продолжение таа нуди аргументи во полза на оваа своја претпоставка.

Но, дали постоеле и оригинални македонски богови? Одговорот на ова прашање е позитивен. За жал, под влијание на грчката пропаганда, во добар дел од светската историографија, некои од македонските богови се третирани како ‘грчки’. Од нив најнапред ќе го издвоиме богот Дионис (Dionysus). Се знае дека Дионис бил од старо македонско-бригиско потекло. Тој прво се славел кај Македонците, а дури потоа кај Грците.

Во споменатата ЦД Grolier енциклопедија (наслов: Mythology), во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнапред бил славен од Македонците (Дионис бил бог на виното традиционален македонски пијалок при што е спомнато неговото бригиско потекло). Притоа читаме:

‘Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бригиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Беотија… Дионис исто така се викал и Bromios ili Bakhus. Целта на неговиот култ била да предизвикува екстаза – искуство на излегување надвор од себеси, или ентузијазам – искуство да се чувствуваш како бог. Сутината на мистериите на Дионис била дека, оној што ги прави, требало да се поистовети со бог. Мнозинството следбеници на овој култ биле жени, наречени Менади, кои доживувале екстази. Кога свештеникот на Дионис свирел на флејта, приврзаниците на овој култ паѓале во екстаза, за време на која им било кажувано да растргнуваат животни’.

Познато е дека во етногенезата на древните Македонци, Бригите имаат значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог меѓу Македонците. Точно е дека постоело светилиште на Дионис на планината Олимп, кое се викало Дион, но тоа се наоѓало на северниот дел од планината, т.е во македонскиот дел на Олимп.

Оригинални божици со потекло од Македонија биле и познатите Музи! За првпат нивниот култ бил посведочен во македонската област Пиерија, а оттаму тие биле прифатени од Грците. Во споменатата ЦД Гролиер енциклопедија во насловот ‘Мусес’, читаме:

‘Музите … понекогаш биле нарекувани како Пиериди, според нивниот првобитен дом Пиерија во Македонија, од каде честопати го посетувале изворот на Аганипа’.

Во религиозниот корпус на древните Македонци припаѓале и боговите Кавири.

Херодот смета дека култот на Кавирите бил донесен од Пелазгите, кои во тоа време живееле и во Македонија и кои (според Херодот) зборувале на неразбирлив јазик за Грците.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top