Други докази за разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци
Освен разликите во јазикот, културата религијата и се друго што наведовме, постојат и голем број древни и современи наративни сведоштва, кои говорат за разликите помеѓу древните Македонци и Грци.
Но, пред да бидат изнесени дел од нив, најнапред треба да се укаже на една невистина што ја шири грчката историографија. Честопати грчките историчари тврдат дека најголем доказ според кој Александар Македонски наводно бил ‘Грк’, бил фактот што нему му било дозволено да учествува на Олимписките игри, на кои било дозволено да учествуваат само Хелените.
Според некои историски податоци (презентирани од Херодот) на грчките олимписки игри учествувал и Александар Први (предокот на Александар Велики Македонски). Херодот дури пишува и дека Александар Први победил во една трка на грчките олимписки игри. Па, зарем ова не е доказ дека Македонците биле ‘Грци’?
Како одговор на ова прашање ќе посочиме на неколку моменти. Како прво, некои современи историчари го ставаат под голем знак прашалник учеството на Александар Први на грчките олимписки игри. Врвниот познавач за улогата на спортот во древно-македонското општество д-р Синдија Синдор Словиковски смета дека Александар Први воопшто не учествувал на грчките олимписки игри. Таа потсетува дека неговото име го нема во списокот на победниците на ниту една тогашна олимпијада. Таа докажува и дека во времето на дотичната олимпијада Александар Први бил престар за да учествува на неа како крал, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, str. 47).
Но, дури и да прифатиме дека Александар Први и навистина учествувал на некоја тогашна олимпијада. Неговото евентуално учество воопшто не одело така лесно и било дозволено дури по неговото упорно инстистирање пред Грците и тоа со строго ограничување, според кое, само македонските кралеви можеле да учествуваат на олимписките игри, додека на нивниот народ (Македонците) и натаму им било забрането учеството на овие игри. Освен тоа, се знае дека Александар Први во времето на 76 олимпијада бил прогласен за ‘проксен’ (proxen) од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале само на своите гости и пријатели.
Што се однесува до учеството на олимписките игри од страна на Александар Македонски, тоа воопшто не е чудно. Во тоа време тој бил господар над Грците, па никој не можел да го спречи да учествува на овие игри. Во врска со сето ова д-р Словиковски пишува:
‘…Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македонците не можеле нормално да учествуваат во панхеленските натпреварувања’. (Исто, стр. 51).
И понатаму:
‘По Александар Велики за прв пат обичните македонски граѓани се појавиле на стартните линии во Олимпија, Делфи и останатите центри на панхеленските игри.’ (Исто, стр. 102).
И понатаму:
‘За време на владеењето на Филип, освен самиот тој, ниту еден Македонец не учествувал на олимписките игри… Всушност обичните Македонци не учествувале на олимписките игри с# до времето по Александар Велики.’ (Исто, стр. 140).
Кога сме кај олимписките игри да го кажеме и тоа дека постојат сериозни претпоставки дека овие игри прво биле создадени во Македонија. Д-р Словиковски (цит. дело, стр. 71) пишува дека олимписките игри што ги воспоставил македонскиот крал Архелај (Archelaus), можеби биле постари од грчките, т.е. тие можеби претставувале само обновување на некои древни македонски оплимписки игри, чиј претходник бил некој архаичен македонски фестивал посветен на Зевс. Овде читаме:
‘Можно е некој многу стар фестивал посветен на Зевс да бил обновен од Архелај… Епиграфаските податоци од хеленистичкиот период ни сугерираат дека постоеле раскошни прослави во сите македонски заедници во чест на Зевс во месецот Диос. Во таков случај веројатно е дека во чест на Зевс во Дион постоел некој постар архаичен фестивал уште пред времето на Архелај’.
Дали ќе се потврди или оспори оваа претпоставка ќе зависи од напредокот на археолошките ископувања во Македонија под Грција, кои с# уште, поради добро познатите причини, недоволно напредуваат. Во врска со ова д-р Словиковски пишува
‘Археологијата во Дион има напредувано само до римските слоеви, но ќе биде интересно да се открие дали навистина Архелај само ги обновил игрите што таму се одржувале’. (Исто, стр.. 72).