Фељтон

Историјата на Македонија (15)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2
Александар Донски

Како уште еден аргумент против приказната на Херодот за наводното ‘грчко потекло’ на Македонската кралска куќа, д-р Бор­за наведува и еден податок што го пишува самиот – Херодот! Бор­за вели дека додека од една страна Херодот пишува дека Александар Први бил ‘Грк’ (иако на едно место го нарекува и Македонец), од друга страна истиот тој Херодот (7.130) пишува дека Тесалијците биле првите Грци, кои биле потчинети од Персијанците, што значи дека тие (а не Македонците) биле најсеверните Грци на Балканот. Д-р Борза потсетува и дека тогашните Грци многу добро знаеле до каде живеат нивните сонарод­ници и дека ниту еден Грк тогаш не ја сметал Македонската владеачка династија за ‘грчка’ (Борза, цит. дело, стр. 113).

Митолошката врска помеѓу Македонската кралска куќа и митолошкиот јунак Херакле била негирана уште во антиката и тоа од самите Грци! Децидно сведоштво со кое била оспорена секаква етничка (но, и мито­лошка) врска помеѓу древните Македонци и ‘грчкиот бог Херакле’, дал токму Гркот Демостен. Во еден од своите бројни анти-македонски говори тој го оспорил правото на Филип Втори да се смета себеси како потомок на Херакле. Притоа Демостен рекол:

‘Јас сметам дека Херакле, секако со негодување ги слушна зборовите на пратениците, кои постојано повторуваа дека Филип води потекло од овој бог. Овој бог добро нека го запознае през­рителот на сите религии. Овој грчки бог нека го согледа тира­нинот Македонец. Овој бог, мразител, казну­вач и
уништивач на тиранијата…’ (Kvintij Kurtij Ruf, Quintus Curtius Rufus, I, 7, цит. дело…стр. 30).

Овде ќе спомнеме уште еден факт, кој денес, не е многу попу­ларизиран во грчката историографија. Имено, во времето на Филип Втори, познато е дека дошло до ширење на границите на Маке­донија. Една од првите мерки што Филип Втори ја презел во тој правец било анектирањето на атинските колонии на територијата на Македонија, т.е. нивното приклучување кон ма­тичната држава. Фи­лип Втори насила влегол во овие градови и оттаму ги избр­кал грчките колонисти да се вратат назад на територијата на денешна Грција, а оние кои пружиле отпор, ги ликвидирал или ги продал како робје. Еве како го опишува однесувањето на Филип Втори Маке­донски кон грчките колонии на македонска земја, авторот Артур Вајгал (цит. дело, стр. 64):

‘Во 349 година п.н.е. Филип повторно тргнал со својата војска на Халкидик, на источната страна на Солунскиот Залив, каде ја продолжил својата политика на задушување на бунтовите на грчките населби. Го повикал Олинт, главниот град на овие колонии, конечно да се предаде… Но, осигурувајќи ја помошта од Атина, овој град ги затворил портите пред Македонците и пружал отпор с# до 348 или 347 година п.н.е., кога златото на Филип изнудило предавање на градот во рацете на Филип и истиот бил срамнет со земја, а граѓаните биле продадени како робје’.

И понатаму:

‘Паѓањето на Олинт било голем шок за Атињаните, кои им испра­ти­ле значителна помош во луѓе и снабдување на несреќ­ните колонис­ти, но да се разбереме Филип немал желба да биде во војна со Атина и сега бил це­лос­но подготвен за мировна спогодба со нив, бидејќи веќе немало други атин­ски или грчки колонии на неговите непосредни крајбрежја. Тој само са­кал, како што велел, да го исчисти своето родно крајбрежје од овие стран­ски жи­тели, кои немале никакво право на македонската земја’.

Значи, самиот Филип Втори велел дека Грците од грчките колонии во Македонија се странци и тој постапил со нив небаре биле окупатори.

Ниту Грците не им останувале должни на Македонците во експо­нира­њето на своите несимпатии кон нив, па големиот атински го­ворник Демостен во своето дело Филипики за Филип Втори Македонски ја дал следната навред­лива изјава:

‘Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема ништо заед­ничко со Грците. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја – но тој не е ни тоа. Тој е некакво шугаво суштество од Маке­донија – земјата од која не можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди’.

Оваа изјава практично претставува фундаментално сведоштво за разликите меѓу Македонците и Грците, дадено токму од еден од најпознатите Грци од тоа време – Демостен. Гледаме дека овој грчки говорник јасно рекол дека Филип Македонски не бил никаков ‘Грк’.

Но, денешните грчки историчари и пропагандисти се обидуваат да го забошотат значењето на оваа изјава на Демос­тен. Така, на пример, грч­киот историчар проф. Даскалакис тврди дека оваа изја­ва Демостен ја дал само за да ги потенцира културните разлики меѓу Атињаните и Македонците, кои, според него, и самите биле ‘Грци’, и дека ова Демостен го нап­равил само поради војната помеѓу Атина и Филип Втори. Ваквиот став го зас­тапуваат и други грчки исто­ричари (секако поведени од дневно-политич­ките цели на нивната држав­на про­паганда).

И кој би бил одговорот на овој провиден грчки обид да се избега од вистината? Ќе посочиме на два несоборливи факта. Прво, постојат грчки сведоштва од кои се гледа дека древните Македонци уште далеку пред Демостен биле нарекувани ‘барбари’ од страна на Грците, и тоа во времето кога воопшто не војувале едни против други! И второ, до колку војната била причина за ваквото нарекување на Македонците од страна на Атињаните, тогаш се поставува прашањето: зошто Атињаните кога војувале со Спартанците,
никогаш за време на нивното триесетгодишно војување не ги нарекле и Спартанците ‘барбари’? Одговорот е едноставен. Атињаните никако не можеле да ги наречат Спартанците ‘барбари’, затоа што тие зборувале ист јазик со нив. Овде дојдовме до прашањето: зошто Демостен го нарекол Филип ‘барбарин’ (barbarian)? Што точно значел овој термин во антиката?

Научниците се речиси едногласни кога тврдат дека терминот ‘бар­ба­рин’ во антиката главно се однесувал за луѓе кои зборувале на неразбирлив јазик за Грците, со доза на пот­це­ну­вање кон нивната култура. Во врска со ова д-р Словиковски пишува:

‘Терминот ‘барбарин’ во антиката бил прифатен како спротивен термин на терминот ‘Хелен’ и кај авторите овој тер­мин имал три главни значења: неинтелигентен, странски и не-грчки во однос на националноста, а странски со елементи на инфе­риорност… Зборот ‘барбари’ се однесувал на не-Грците, додека Грците од посебните градови-држави ги нарекувале Грците од останатите градови-држави како ‘ксенои’…. ‘Барбаринот’ бил анти­теза на ‘Хеленот’. (Исто, стр. 30).

Дека терминот ‘барбари’ се однесувал на луѓе со пониска култура, кои не зборувале на грчки пишува и во книгата ‘Историја на Грција’ (History of Greece, цит. дело, стр. 316).

Значи, сите народи кои не зборувале на грчки, Грците ги нарекувале ‘барбари’, додека помеѓу себе Грците си се нарекувале ‘ксенои’ (xenoi).

Демостен не бил единствениот Грк, кој вака ги нарекол Македонците. И древниот грчки историчар Исократ ги нарекол Македонците ‘барбари’. Д-р Словиковски пишува:

‘Историчарите имаат различно мислење околу тоа што мислеле авторите, како на пример Исократ, кога ги нарекувале Македонците ‘барбари’. Дали овој термин бил употребен во етнич­ка или во културна смисла? Мнозина сметаат дека тоа значело дека Македонците биле странци, кои не го зборувале грчкиот јазик…

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top