Фељтон

Историјата на Македонија (16)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2
Александар Донски

Знаеме дека пред хеленистич­киот период Грците не ги сметале Македонците за свои сонародници. (D-r Synthia Syndor Slo­wikowski, стр. 30).

Понатаму, и Гркот Разимах ги нарекол Македонците ‘бар­бари’. Тоа било во 5 век пред Христа. Во својот говор за Ларис­јани­те, Разимах го наре­кол македонскиот крал Архелај како ‘бар­барин’ во однос на Грците Ларисјани. Притоа Разимах рекол:

‘Зарем ние Грците треба да му бидеме робови на Архелај барба­ринот’ (Тукидид 2,8,1. Исократ 5.108 и Климент Алексан­дрис­ки 6.2.17).

Расположението на Грците кон нивниот освојувач Македонија јасно се гледа и во фактот што речиси сите грчки градови со голема радост ја при­миле веста за смртта на Филип Втори, надевајќи се дека лесно ќе излезат на крај со неговиот млад син Александар и дека бргу ќе се ослободат од маке­донското ропство. Во контекст на ова да го спомнеме и востанието што Гр­ци­­те од Теба го кренале против ма­ке­дон­ска­та власт на Александар Маке­дон­ски пред неговиот поход кон Ази­ја, кое детално го опишува токму древни­от грч­ки историчар Аријан, кој живеел во 1 век (Arrian: ‘The Campaigns of Alex­an­der’, Translated by Aubrey De Selincourt, Pengiun books, USA, 1987). Тој пишу­ва де­ка и Атињаните поса­ка­ле да се приклучат на Тебанците, но Алек­сан­дар жес­токо го задушил вос­тание­то на Тебан­ците, што било поука и за сите ос­танати Грци. Теба била срушена до темел, а мнози­на од востани­ците и од неј­зи­ните жители биле убиени. Се сме­та дека биле убиени околу шест илјади Грци-Тебанци. Оние Грци кои успе­а­ле да се спасат пред налетот на Ма­ке­донците избегале во Атина, каде Атињаните во шок ја прими­ле веста за по­ра­зот на востаниците. Еве како го опишува Аријан сето ова (цит. дело, стр. 63):

‘Пристигнувањето на бегалците од Теба во Атина, кои изгебаа вед­наш по завршувањето на борбите, се поклопи со прославата на Голе­ми­­те Мистерии во Атина. Шокирани од вестите за настаните, Ати­њаните ја прекинаа прославата и почнаа набрзина да го носат својот подвижен имот надвор од градот во опколената земја.’

Аријан во продолжение пишува дека Советот на Атина веднаш се состанал и испратил десет луѓе, кои биле пријатели на Александар, со задача да го пречекаат и да му кажат дека Атињаните се радуваат на него­вото доаѓање и го оправдуваат неговото уништување на Теба (!?). Значи, Атиња­ните биле принудени на вакви себепонижувања само за да го спасат својот град од туѓата Македонска војска. Инаку, ако се следи внимателно освоју­вањето на останатите бројни градови низ Азија, од страна на Алек­сандар Македонски, ќе се види дека многу од овие градови постапувале исто или слично како Атина, што е уште еден доказ дека овој град, бил третиран како и сите останати странски градови од страна на Македонците.

Омразата на мнозинството Грци кон нивниот окупатор Маке­донија доа­ѓала до израз и во многу други прилики. Така, на пример, Александар Македонски се биел против голем број Грци уште во првата посериозна битка против Перси­ја кај реката Граник (Granicus). Во оваа битка Александар заробил околу 2000 Грци, кои се бореле на стра­ната на Персија. Историчарот Артур Вајгал (Arthur Weigall) пишува дека Македонците жестоко се пресметале со Грците во оваа битка. На стр. 174 (цит. дело) читаме:

‘Најпосле Грците, опколени од целата македонска војска биле обесхрабрени и заклани како стока, останале живи само две илјади, но и нив ги заробиле кога се стемнило’.

Исто така, пред секоја битка со Персијанците Атињаните испраќале свои делегации кај персискиот цар Дариј за да му ја искажат својата поддршка.

Можеби поради сето ова во ударните единици на Македонската војска, т.е. во познатата Македонска фаланга, никогаш ниту еден Грк не бил поста­вен како заповедник.

Ќе наведеме уште еден фундаментален податок за односите помеѓу Грците и Македонците во времето на Александар Маке­дон­ски. По расчис­тувањето на одно­сите со грчките градови на тери­торијата на де­нешна Грција, Александар Македонски навлегол во Азија на територијата на тогашна Персија. На тогашниот западен брег на Персија (денешниот западен брег на Турција што излегува на Егејско Море) имало голем број грчки градови, кои биле окупирани од Персија. Населението во овие градови било грчко, па според тоа, кога Александар навлегол во Персија, ова население требало да го дочека како свој ослободител од персиското ропство. Дури и самиот Александар бил убеден дека Грците од овие градови ќе се раду­ваат на неговото доаѓање, затоа што ќе им го ‘врати хеленскиот дух’ и повторно ќе ги спои со останатите грчки градови од кои насилно биле одделени. Но, не само што не се случило тоа, туку се случило сосема спротив­ното. Грчките гра­дови во Мала Азија го дочекале Александар како нов по­ро­бител поради што му се спротивставиле со сите свои сили! Најжесток отпор на Македон­ците им пружил грчкиот град Милет (Miletus). Во овој град Грците воделе голема борба про­тив Македонците, при што мнозина од нив биле убиени откако градот бил освоен од Македонците. За карактерот на овој град, за неговото спротивставување на Македонците и за вчудовиденоста на Алек­сандар Македонски од ваквата постапка на Грците од Милет, историчарот Артур Вајгал (цит. дело, стр. 182), пишува:

‘Милет бил еден од главните центри на јонските Грци, неговата цивилизација била грчка, неговиот заповедник бил Грк од Грција. Оваа личност во првиот момент покажала желба да се спогоди со Александар, но подоцна, решила да му стане лојална на својот вазален господар Дариј, а било очигледно дека и граѓаните на Милет повеќе сакаат мирно персиско вазалство отколку сојуз со своите грчки земјаци преку Егејот. Тие немале желба да добијат таканаречена слобода’.

И понатаму:

‘Александар престанал да се однесува како грчки ослободител и ја презел поумната улога на македонски освојувач’.

Настаните во продолжение зборуваат дека Грците од Милет пружиле жесток отпор на Македонците, но на крајот нивниот град паднал. А. Вајгал пишува:

‘Имало очајничка борба, но на крајот градот бил заземен, а браните­лите, кои им предизвикале прилични загуби на Македонците, биле лудо уби­вани’.

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top