Фељтон

Историјата на Македонија (17)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2
Александар Донски

Но, Милет не бил единствениот малоазиски грчки град што пружил отпор на Македонците. Ист таков отпор пружил и грчкиот малоазиски град Халикарнас (Halicarnas). Главен бранител на овој град бил грчкиот војсководец Мемнон, кој претходно се борел против Александар Македонски и во битката кај река­та Граник, на страната на Персија. Гркот Мемнон дури испратил и писмо до Дарие, велејќи му дека ќе остане до смрт верен на Персија, а воедно примил и тајна помош од Атина. Но, по жестока борба, Македонците го освоиле и овој град, а Мемнон избегал, но подоцна умрел во Метилена од болест. Неговата жена Барсина подоцна му станала жена на Александар Македонски.

Ваков бил и случајот и со грчкиот град Соли, кој се наоѓал на Родос. И Грците од овој град не сакале ни да слушнат за Александар, а камо ли да го пречекаат овој туѓинец како свој ослободител. Поради тоа, откако влегол во овој град Александар им наметнал на граѓаните тешки давачки

Поради сето ова се поставува прашањето: до колку Маке­дон­ците биле ‘Грци’, зошто тогаш грчките градови и население, кои биле поробени од Перси­ја им пружале толку голем отпор на Македон­ците? Нели би требало тие да се радуваат на своето ‘ослободување’? Ајде да кажеме дека Грците од слободните грчки градови-држави имале причина да им се спротивставуваат на Македонците. Но, зошто толкав отпор на Македонците им пружиле и Грците од, окупираните од Персија, грчки градови? Одговорот е еден и единствен. Грците од овие градови ги мразеле Македонците повеќе и од својот вековен непријател Персија и затоа толку жестоко се бореле против македонската војска, сакајќи попрво да останат под персиска власт, отколку да потпаднат под власта на Македонците.

Уште подрастичен пример за омразата на Грците кон Маке­доцните бил случајот со битката кај Ис, кога на страната на Персија, против Александар Маке­донски, се биеле дури триесет илјади Грци и тоа како елитни единици во составот на Персиската војска! По побе­дата на Александар некои од нив биле заробени, но над 8.000 успеале да побегнат во планините, за што исто така сведочи древниот грчки историчар Аријан, кој дури пишува и дека помеѓу Маке­донците и Грците постоело ‘старо расно ривалство’ (‘old racial rivalry’). Пишувајќи за текот на оваа битка, Аријан запишал:

‘Почнала жестока борба. Дариевите Грци се бореле со цел да ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги задржат позициите на своето лево крило, кое веќе почнало да се повлекува, додека Македонците, во нивното свртување, со јасниот успех на Александар што го гледале со свои очи, се обидувале да го достгинат неговиот успех… Судирот беше уште повеќе загорчен благодарение на старото расно ривалство помеѓу Грците и Македонците ‘ (Arrian, цит. дело, стр. 119).

Подоцна и во битката кај Гавгамела против македонската вој­ска на стра­ната на Персијанците исто така учествувале илјадници Грци. Древниот грчки историчар Аријан (цит. дело, стр. 158) пишува дека, од три илјади планински единици на Персиската војска, кои пред битката го изг­ра­диле мостот на реката Таксапус, дури две третини биле Грци.

Поради сето ова навистина е смешно кога денешната грчка историографија твр­ди дека војската на Александар Македонски наводно била ‘грчка’. Каква е таа ‘грчка војска’, која се биела про­тив илјадници Грци припадници на пер­сис­ката војска? И зошто Грците се биеле на страната на Персија, до колку вој­ската на Алек­сандар и навистина била ‘грчка’? Се знаат вековните непри­ја­тел­с­тва меѓу Персијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десе­ти­ци илјади Грци да се бо­рат на страната на Персија против ‘сопстве­ната’ вој­ска. И овде одго­во­рот на овие прашања е еден и единствен! Овој одговор повторно се сведува на фактот дека огромен број Грци ја мра­­зеле Македонија повеќе и од својот вековен непријател Пер­сија, штом ду­ри ре­­шиле и да учествуваат на нејзина страна во војната против Македон­ци­те.

За Македонците и Грците како одделни народи пишува и древниот грчки историчар Диодор Сицилијанецот (Diodorus of Sicily), а така пишува и Плутарх. Овој познат грчки историчар (1 и 2 век по Христа) сосема јасно напишал дека Грците биле под ропство на Македонците и дека биле осло­бодени дури откако на Балканот се појавиле Римјаните. Во својата биог­рафија за римскиот војсководител Павел Емилијан, Плу­тарх пишува дека откако овој римски војсководец го поразил македонскиот крал Персеј (цитат): ‘ги ослободил Грците од македонскиот јарем’ (Aemilius Paulus by Plutarch, Translated by John Dryden). ‘freed the Greeks from the Macedonian yoke.’ (Aemilius Paulus by Plutarch, Translated by John Dryden).

Овде јасно гледаме дека Плутарх ги споменува ‘Грците’ (а не Атињаните, Тебанците и сл.) одделно од Македонците. Според тоа јасно е дека за него тоа биле два различни народа, од кој едниот на­род (Маке­дон­ците) го држел под ропство другиот (Грците, т.е. Ати­њаните, Тебанците и останатите Грци). Овде
ќе спомнеме дека и други древни историчари одделно ги спомнувале Македонците и Грците. Наспроти тоа, ниту еден древ(е)ни историчар нема
напишано, на пример: ‘Атињаните и Грците’ или ‘Спартанците и Грците’. Ова секако дека е уште еден доказ за разликите меѓу овие два народа.

Впрочем, Грците и воено им помагале на Римјаните за да ја освојат Македонија, но и македонското кралство на Селевкидите (за кое ќе пишуваме во продолжение). Ова јасно го посочува историчарот Адкок (Adcock) во својата книга: ‘Грците и Македонците – Уметноста на војната’, во која пишувајќи за навлегувањата на Римската империја на Балканот, констатира:

‘Не треба да се заборави дека во своите судири со Маке­донија и со Сирија на Селевкидите, Рим бил помогнат од грчки единици на чело со команданти Грци. (F. E. Adcock: The Greek and Macedonian Art of War, Univercity of Califormia Press, Berkeley and Los Angeles, 1957, str. 96).

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top