Фељтон

Историјата на Македонија (18)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2
Александар Донски

Македонците и Грците како одделни наро­ди во своите дела на неколку места ги спо­менува и древниот еврејски историчар Јосиф Фла­виј (Josephus Flavius) , а така е и со поголем број современи истражувачи.

Во врска со сето ова д-р Борза го дава следното резиме:

‘Обајцата Херодот и Тукидид ги опишуваат Македонците како странци, како посебен народ кој живее надвор од границите на грчкитее градови-држави.(…) Македонците… себеси не се сметале како грчко племе, ниту како каков било друг балкански народ, туку само како Македонци. Ова го знаеле сите странски протагонисти – од времето на Дарие и Ксеркс, до времето на римските генерали. (Борза, цит. дело, стр. 96).

Во споменатата ‘Историја на Грција’, читаме:

‘Македонците од седмиот и шестиот век пред Христа претста­ву­вале целина од жестоки внатрешни племиња, распоре­дени во посебни мали кнежества и биле посебни во однос на Грците… Херодот, кој ги смета епирските Молосијани и Теспро­тијаните како деца на Хелен, децидно го мисли спротивното во однос на Македонците. (History of Greece, цит. дело, дел 2, стр. 11).

Познатиот германски историчар Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken) во врска со етничките разлики по­меѓу древните Маке­донци и Грците, во своето познато историско дело Алек­сандар Македонски запишал:

‘Македонците беа наполно здрав народ. Тие не беа трени­рани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики, останати од дам­неш­­ните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очи­те на Грците беа вистински вар­ва­ри. Меѓу­тоа, антагонизмот беше реци­прочен, бидејќи Македон­ците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гле­даше на Хелените’. (Улрих Вил­кен: Алек­сандар Македонски, 1931 год. во превод на македонски, Скопје, 1988 г.).

И познатиот американски историчар Бадијан во својата книга ‘Грци и Македонци’ ги потенцира разликите меѓу Македонците и Грците (Badian E. ‘Greeks and Macedonians’, Studies in the History of Art, Washingtion, D.C., 1982).

Во светски познатата американска општа ЦД enciklopedija Microsoft Encarta (USA, 1998; naslov Europe) во врска со негрчкото потекло на Македонците читаме:

‘Македонија, која се наоѓа на север од Грција, отпрвин не била соста­вен дел од грчкиот свет. Но, во 4 век пред Христа, нејзи­ната владеач­ка класа се хеленизирала. Под Филип Втори, Македонија го освоила поголемиот дел од Грција, ја приклучил и територијата на Персиската империја на ова царство’.

Сомневање дека древните Македонци биле Грци покажува дури и грчкиот публицист Карагацис. Во 1952 година тој ја објавил книгата под наслов ‘Историјата на Грците’ во која се сомнева дека древните Македонци биле Грци. Карагацис бил почесен член на ‘Институтот за македонски студии’ во Солун.

Постојат уште многу вакви современи сведоштва кои во интерес на просторот ќе ги оставиме за друга прилика.

Разликите во етногенезата помеѓу древните Македонци и древните Грци

Сепак, најубедлив доказ за разликите помеѓу древните Маке­донци и древните Грци претставува различната етногенеза на овие два народа. Ет­ногенезата, пак, знаеме дека е апсолутен параметар во одредувањето на ет­ничкото по­текло на некој етникум.

Древните Македонци биле засебен балкански народ, главно создаден од мешањето на старите домородни племиња, кои живееле на територијата на Маке­донија.

Значаен етникум во форми­рањето на древните Ма­кедон­ци биле Бри­гите (Brygians). Тие биле староседелци во Маке­до­нија, а по Тројан­ската вој­на делумно се преселиле во Мала Азија. Освен нив, во етногенезата на древните Маке­дон­­ци биле вклучени и до­мо­родните древно-македон­ски племи­ња: Де­сарети, Линкести, Орести, Крес­тонци и други, а подоцна и Па­јон­­ците.

Етногенезата, пак, на древните Грци ни покажува дека тие глав­но би­ле составени од мешањето помеѓу Ахајците и Дорците.

До не така одамна мнозина историчари сметаа дека Дорците биле еден од главните етникуми и во етногенезата на древните Македонци. Ваквиот став историчарите главно го препишуваа едни од други, без некоја посериозна критичка анализа на истиот. Но, во поново време, врз основа на најновите истражувања и преиспитувања на досега познатите материјали, ваквата теорија е целосно отфрлена. Причините за ова се многу едноставни и јасни. Нив повторно ги сублимира д-р Борза. Во својата цитирана книга тој е дециден во тврдењето дека теоријата за дорската миграција во Македонија треба да се исфрли од науката. Во врска со ова д-р Борза пишува:

‘Теоријата за инвазијата на Дорците (заснована врз пишу­вањата на Херодот 9.26 и наследена од Тукидид 1.12) во најголем дел претставува измислица на историографијата од деветнае­сет­тиот век, и истата не е поткрепена со никаков археолошки или лингвистички податок.’ (стр., 65).

Во продолжение д-р Борза објаснува:

‘Археолошки гледано Дорците се невидлив народ. Северна Грција с# уште треба да ни понуди макар и најобичен арте-факт што може да биде поврзан со Дорците… Не постои никаков доказ за оваа таканаречена дорска миграција во централна и западна Маке­донија и во северо-источна Тесалија (стр. 67)… Не постои архео­лошки запис за движењата на Дорците, а митските аргумен­ти во најголема мера се претпоставки, засновани врз фолклорни традиции за тоа дека Дорците потекнувале од северозападна Гр­ција. Дури и доколку последново е вистина, врската помеѓу ори­гиналната татковина на Дорците и добро познатиот дорски дијалект од подоц­нежните времиња не е јасна. Сигурно дека сите ‘дорски Грци’ од Класич­ниот период не можеле да бидат потомци на расеаните племиња од северо-западните грчки планини. Тоа што тие подоцна биле наречени Дорци не е доказ за нивното дорско по­текло во етничка смисла. И Грците од 19 век имале обичај себеси да се декларираат како Ромеи, а својата земја ја нарекувале Руме­лија, како доказ за нивното римско потекло, наспроти сопстве­ниот грчки јазик и словенски примеси. (стр. 68). ‘

Д-р Борза пишува дека Македонците немале етничка врска со Дорците, туку дека предците на Дорците и предците на Македонците можеби заедно живееле во околината на Пинд и Халикамон за време на Бронзената ера, поради што дошло до взаемни културни влија­нија.

Ваквата теорија целосно ја поддржува и историчарот Чед­вик, кој го тврди истото. (Chadwick John: ‘Who were the Dorians?’ Camb­rigde, 1976), а така тврдат и други историчари.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top