Фељтон

Историјата на Македонија (19)

aleksandar-donski-2

aleksandar-donski-2
Александар Донски

Овде треба да се спомне и горно-македонското племе Пајонци, кои исто така ја при­ло­жиле својата крв и култура во древно-македонскиот народ, а преку нив и во де­нешната македон­ска нација. Пајонците се горно македонско пле­ме, кое главно живе­ело во средишниот дел на денешна Република Македонија, иако ги имало и во дел од егејскиот дел на Македонија. Некои автори ги сме­таат Пајонците како ‘одделен народ’ од древните Македон­ци, најмногу поради тоа што тие дол­го време се спротивставувале на древно-маке­дон­­ската цент­рална власт. Но, нивното спротивставување на цент­рал­ната маке­донска власт не може да биде доказ за нивната различ­ност од древните Македонци. Едноставно, тие само подоцна се вклучиле во древно-маке­донската етно­генеза, исто како што останатите маке­дон­ски пле­миња тоа го направиле по­рано. Така, на при­­мер, позната е војната помеѓу Македон­ците од Орестида против Македонците од Еордаја. Па, зарем тоа значи дека Македонците од Орестида биле драстично раз­лични од Маке­дон­ците од Еордаја? Понатаму, поз­ната е војната што Филип Втори ја водел против македонското племе Линкести, од кои потекнувала неговата мајка. Значи и овде имаме меѓу-македонска пле­менска борба, која конечно резул­тирала со соз­да­вање на древно-македонскиот етникум. Во прилог на ова секако се и бројните примери на меѓусебните војни и непријателства на одделните грчки градови-држави. Тоа што Атина со децении војувала против Спарта не значи дека Атињаните и Спартанците биле посебни народи.

Инаку, да го кажеме и тоа дека, според бројни автори, и самите Пајонци потекнувале од Бри­гите, исто како што во голема мера бил случајот и со древните Македонци. (По­де­­тално кај: Д-р Наде Проева, ‘Студии за античките Македонци’, Скопје, 1997, на повеќе мес­та). Постојат повеќе културни сегменти кај Пајонците, кои биле идентични со оние на останатите македонски племиња.

Да ги спомнеме накратко и Десаретите, за кои некои автори сметаат де­ка биле илирско племе. Д-р Наде Проева (цит. дело, стр. 110), низ конк­рет­ни примери приложува докази за разликите помеѓу Десаретите и Или­рите, како и за слич­носта помеѓу Десаретите и останатите македонски пле­ми­ња (оружје, оно­мастика и т.н.).

Како заклучок на ова гледаме дека древните Ма­ке­донци никако не можеле да бидат Грци, затоа што имале различно етноге­нетско потекло од нив.

Сепак и покрај сите овие силни докази за разликите помеѓу Маке­донците и Грците (што овде само накратко ги изнесовме), грчките историчари и натаму со сите сили се обидуваат да ги бранат ставовите на герман­ската пропаганда од 19 век за наводното ‘грчко’ потекло на древните Македонци. Причината за ова веќе ја спом­навме, а тоа е (гледано од нивни аспект) заштитата на грчките нацио­нални интереси во однос на делот од Македонија што тие денес го држат под своја власт. Тие сметаат дека секој доказ дека древна Маке­донија не била грчка, ќе го доведе во прашање нивното држење на делот од оваа земја што е под нивна окупација. За таа цел во Грција секојдневно се публикуваат голем број статии, книги и сл., со цел докажување пред светот дека древните Македонци биле Грци. Дека добар дел од ваквите изданија не наидуваат на поддршка кај објективната светска научна јавност, повторно ќе се повикаме на д-р Борза, кој во својата книга, жестоко критикува некои грчки историчари во однос на нивните пишувања за потеклото на древните Македонци.

Пишувајќи конкретно за грчките ставови околу јазикот на древните Македонци, д-р Борза пишува дека грчкиот автор Калерис најцелосно го искажал грчкиот став кон древно-македон­скиот јазик, но дека таков не бил случајот со некои други грчки авто­ри. Во врска со ова д-р Борза пишува:

‘Пошовинистички и понеубедлив поглед застапува Даска­лакис во своето дело ‘Хеленизам’ (2 и 3). Но, најфалшливо објас­ну­ва­ње е она на Мартис (во делото ‘Фалсификатите на Македон­ска­та историја’). Оваа книга, напишана од поранешниот министер за северна Грција, претставуа полемичен анти-југословенски памф­лет, толку полн со историски грешки и искривувања што цената што ќе ја плати Академијата од Атина ќе биде намалување на довербата во научниот суд на ова почитувано друштво на учени… (Борза, стр. 91).

Да потсетиме дека овде критикуваните Даскалакис и Мартис денес во Грција се сметаат за едни од најголемите научни авторитети во однос на древна Македонија. Според тоа, овие жестоки критики кон нивните дела имаат посебна тежина затоа што се упатени од страна на најголемиот светски авторитет на истата тема – амери­канскиот доктор на науки од Универзитетот во Пенсилванија д-р Јуџин Борза, кој притоа не ја штеди од критики ниту Грчката академија за науки од Атина. Овој научник, со доза на цинизам кон грчките ставови, заклучува:

‘… Македонците од петтиот век пред Христа биле помал­ку сигурни во своето хеленско потекло отколку што се некои модерни автори’. (Борза, цит. дело, стр. 84).

Каде се денес потомците на древните Македонци? Каде е потомството на овој славен народ и каде најмногу останало зачувано нивното културно наследство? Читајте за ова во поглавието: Наследството на древните Македонци во денешната македонска нација обичаи, фолклорни мотиви, ономастика, јазик и друго.

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top