Фељтон

Гевгелиска, Валандовска и Дојранска околија (10)

с. Серменин

На 10 септември 1914 г. во околината на ова село дошло до неколку судири меѓу четите на ВМРО и српските војски. Во четите на ВМРО од с. Серменин заминале: Мицо Мицоров, Илија Режов, Ангел Итов, Илија Калеов, Стојче Чочков, Попето Смоквички, Јанко Цеков, Спас Мечев и Динка Ичков, а во Грција побегнале: Петруш Мечкаров, Минко Јанев, Ташо Пашов и Георги Димов. Мнозина пак побегнале во Струмица.

Со намера да се справат, односно да стават крај на комитството и на јатаците, од една, како и да престане дезертерството и бегството на другата страна, од втора страна, и орпските жандарми и опецијалните полициски единици во првата половина на септември 1914 г. на терор и насилство ги изложиле следните лица од ова гранично и планинско село:

1. Трајан Тасев, одвлечен од дома и по долго измачување бил убиен во меоноста „Брлево”;
2. Трајанка Мечкарова, многу измачувана, пред да падне во бессознагане му ги изгризала со забите рацете на еден жандарм;
3. Георги Пашев, поулавел од многу тепање, умрел од измачувањето;
4. Митре Итов, многу тепан, а потоа обесен на црница, оопственост на Крсте Банчоков;
5. Пено Калеов, обесен, а трупот му бил обезличен од тепањето;
6. Христо Бацов, умрел од последици на нанесените рани;

7. Тена Попова, давена и многу тепана во училиштето;
8. Марија Карпачова, сокршена од многу тепање, добила голема грба.
Тепани биле уште двајца селани чии имиња не се познати. Покрај овие, семејствата на бегалците во Струмица и во Грција, биле интернирани во Гевгелија.

с. Конско

1. Нада Попова, позната како многу јака и цврста жена. Кога почнале да ја тепаат успеала да собори на земјата двајца жандарми. Била тепана со дрво и умрела од последици на раните;
2. Атанас Сулев, обвинет за давање храна на комитите. Многу бил тепан и починал од последици на раните;
3. Сулева, жена на Атанас, обвинета дека им готвела храна на комитите. Умрела од последици на добиените повреди;
4. Илија Попов, измачуван на ѕвероки начин и умрел од повреди. Еден сведок на измачувањето вели: „Потреоно беше да се гледаат и да се слушаат писоците. Мачителите не беа задоволни од бројот на жртвите и побараа дозвола од нивниот војвода, сите селани да не стрелаат. Чудна работа. Може да се рече дека се уште бев дете, но не се плашов од смртта. И другите по ова не дигнаа којзнае каква врева. Како да ни беше се исто што ќе ни прават”.

с. Хума (Ума)

1. Петре Димитров, обвинет за соработка со комитите, многу тепан, а потоа осуден на издржување казна затвор;
2. Јован Прошев,
3. Ташко ПопАтанасов.

Во отсуство на смртна казна со бесење бил осуден Божин Јованов,, воен дезертер, потоа Коте Тр. Стефанов, Ризо Јов. Прошев, Аврам Димнтров и друга 10—15 души кои побегаале во Грција и во Струмица. Бегството уследило по обидот на српските воени власти да го моблизираат целокупното машко население од селото во српската армија во 1915 г.

с. Петрово

1. Георги Танев, еден од најповерливите луѓе на ВМОРО, кај кого биле чувани многу списи од Организацијата. Кога го откриле, бил закачен да виси во училиштето со главата надолу и многу бил тепан. По ова бил осуден на казна затвор и таму бил убиен, а сепак на признал каде ја чувал архвата на ВМОРО за овој крај.
2. Дине Пурданов, исто така закачен да виси со главата надолу бил тепан, осуден и убиен во затворот.
Во просториите на училиштето биле тепани и неколку жени од селото. Во затворот била погубена и Нада Ризманова.

с. Богородица

Обидот, српските воени власти да го земат во редовите на српската армија целокупното машко население, во с. Богородица, успеал. Од ова село во војската биле мобилизирани 46 мажи меѓу кои имало и стари луѓе и деца. Од некои семејства биле мобилизирани и по двајцатројца браќа, син и татко и сл. Таква судбина имале семејствата: Козарови, Костови и други. Од вкупно 46 војници, I светска војна Ја преживеале само: Христо ПопДинков, Крсто Ангелов, Мито Тошев и Борис Гошев, кој ја изгубил едната рака и поради тоа во 1915 г. бил прогласен за „солунец”. Останатите 42 на број војници од Богородица не се вратиле. Едни загинале на фронтот, други биле жртви на терор, глад, болести и сл.

Дојран

1. Петре Сулев, убиен на ѕверски лачин;
2. Ристо Калов, обвинет за организирање дезертер
ство на мобилизираните во српската армија (абаџија по
занает), и
3. Томе Цилев, обвинет за истите причини.

Првиот го извлекле жандаршгте од дома и го одве
ле кај дојранскиот мост и тука го измачувале на водопадот, за да не се слуша кога писка. По долго на водениот млаз бил избоден со бајонети. За другите двајца бил покренат обвинителен акт согласно чл. 26 став 3 од Уредбата за јавна безбедност „за наговарање на воените обврзници и на останатите граѓани за бегство во Бугарија”. Иако за време на истрагата тие не ја признале вината, Судот во Кавадарци им изрекол казна затвор во самица. Казната ја издржувале во затворот во Призрен каде што почнале да им се распагаат месата од телото.

с. Ншсолиќево

1. Христо Захов,
2. Костадин Танев, 3. Илија Илиев,
4. Дело Баколов,
5. Мито Терзиев,
6. Ристо Гајдациев,
7. Јано Владајоки од Дојран.

Спрема нив во затворот е применуван специјален режим. Осввн што биле измачувани во самица, неколку пати ги соблекувале голи и со ортоми аколу вратот ги терале како коњи да вршат трње. Сведоците на оваа крајно нечовечка глетка, а тоа се нивните снови и ќерки, и денес по толку години со презир и големо огорчување зборуваат: Единствена нивна вина се состоела во тоа што дале клетва дека верво ќе и служат на Организацијата, и поради тоа, што од селото имало голем број дезертери и бегалци во Струмица.

с. Фурка

1. Ленка Савоава Гал’бова, осудена оо казна затвор, поради обид на нејзиниот маж Андон да дезертира од српската војска;
2. Велика Јанева, осудена;
3. Шика Танева, осудена;
4. Каранфила Накева, осудена;

Овие жени по завршувањето на војната повторно биле осудени со казна затвор заедно со 43 мажи, кои дале клетва дека верно ќе и служат на ВМРО.

с. Градец

Во поглед на мобилизацијата имало иста судбина како с. Богородица. Но, за разлика од друште населени места, воените обврзници од Градец биле и затвореници. Имено, поради зачестените атентати на железничката линија Гевгелија — Велес, српсмите власти одлучиле жителите на ова населено место, почнувајќи од малолетните деца до најстарите луѓе, сите да бидат осудени со казна затвор. Ваков пример не е забележан во историјата. Селаните на с. Градец биле затворени во поранешниот турски затвор во Дојран каде што биле изложени на такви тортури, од кои, поради писоците и плачот во затворот, жителите на Дојран 7—10 дена не можеле да заспијат. Граѓаните од Дојран избрале делегација од своите редоБИ која побарала прием кај околискиот началник на кого, од името на сите граѓани, му била предадена претставка во која, меѓу другото, стоело: „Ние бараме, доколку затворениците од Градец имаат вина, да бидат стрелани. Молиме да се престане со измачувањата затоа што и ние и нашите деца поввќе од една недела не сме спиеле”. Во истото време, до околискиот началник во Дојран дошло писмо од ВМРО во кое одговорноста за подметнатата бомба на железничката линија кај с. Градец ВМРО ја презема како свое дело, а не дека е дело на селаните од Градец. По овие две интервенции селаните биле ослободени од затворските визби, но затоа пак, во редовите на српската армија биле мобилизирани сите мажи за кои српските воени власти дале мислење дека се способни да носат оружје. Според нецелосните податоци, од село Градец биле мобилизирани околу 50—60 мажи кои, речиш, сите биле испотепани. До овој момент е утврдено дека како војници на српската војска од

Градец животите ги загубиле:

1. Илија Парталов
2. Костадин Свмендолов
3. Иван Павлов
4. Каранфил Кочвв
5. Никола Костадинов
6. Атанас Стоилов
7. Христо Греов
8. Лазар Греов
9. Илија Левичаров

10. Костадин Невеселов
11. Георчти Зајков
12. Андон Патаров
13. Георш Патагров
14. Ефтим Патаров
15. Петре Минзилов
16. Васил Бојков
17. Андон Кирмов
18. Гоне Башчаушов
19. Андреа Јава^ников 20

Покрај споменатите, немало семејство во Градец кое меѓу 1913—1915 г. не дало жртва на теророт или затвореник. Заедно со мажите, во затворите лежеле и голем број жени. Меѓу жените најмногу се споменува името на војвотката Неда Ризманова (во српските извори окарактеризирана како најопасен престапник во реонот на Повардарјето). Таа со Георги Танев и Димитар Николов, во почетокот на 1914 г., биле фатени од српска потера и обвинети за подметнување на експлозив на железничката линија Гевгелија — Вепес. За време на истрагата Неда била тепана и бесена со главата надолу, но сепак не предала човек на Организацијата. Била осудена па доживотна робија и беследно исчезнала. Иако во некои извори се споменува дека е родена во Тиквешко, според сведоштвото на П. Н. Градечки со сигурност може да се каже дека Неда Ризманова е родум од с. Градец и е во блиска родбинска врска со Митра Ризманова и Марија Ризманова, жртвите на теророт од четниците на Јајаага.

Во врска со настаните во Градец, во спомените Градечки вели: „Меѓу 1913—1915 г. целото население на Градец страдаше. Сите мажи и жени поминавме низ затворите. Со овои очи (видов кога жандармите тепаа една жена, а таванот на просторијата беше испрскан со крв. На дојранчани не им дадовме да спијат. Тие се исплашија и сакаа да се иселат. Беше ужасно време. И жените мораа да бидат комити. Ужасите што се случија во Градец, како и с’скањата на Турците, се една од причините што ја предизвика Валандовскоудовската атака на „Тежок петок” во 1915 г., а потоа дојде и до војна”.

с. Стојаково

1. Шеќерина Узунова
2. Менка Мандалова
3. Христо Узунов
4. Тано Брзалов

Сите овие биле осудени и лежеле затвор.

Првите 10 дена додека траела истрагата тие лежале во затворот во Гевгелија, потоа биле спроведени во Кавадарци, па во скопсмиот затвор. „Жените — вели Христо Узунов, ги оставија во Скопје, а мене и Тано Брзаков не поведоа пешки за Урошевац и Призрен. Бидејќи бев во години ми откажаа нозете и им реков на жандармите оти натаму не можам да одам. Прво сакаа да ме присилат, но кога се убедија дека навистина ми откажаа нозете, се договорија: „ајде да го фрлиме во реката, ќе го изедат волците и лисиците”. Така и оторија. Ме бутнаа во еден длабок дол и почнав да се трклам надолу. Целото тело и лицето ми се повредија, паднав во бессознание. Случајно сум се закачил на една смрека и сум висел. Едно време се освестив, вовдов дека крвта ми се стврднала, но сепак собрав сили и се вратив назад кон Скопје. Подорна разбрав дека многу била тепана и Стана Арнаудова и неколку други селани од Стојаково. Голем тепач беше станал Глигор Рамаданов. Србите го поставиле за кметоки наместник на Стојаково. На страна на Србите поминаа и: Фипо Стамкоѕ, Глигор Доневчин, Стојко Бојмалиев и Тануш Палурски. Во 1915 г. освен Тануш кој е помилуван поради жвна му, сите друш беа избиени во една водвница кај с. Мрзенци од страна на бугарските војници. Заедно со нив е убиен и Влавот Данка, војвода од Гевгелија” .

с. Казан Дол

Од ова село од четниците и жандармите биле избодени и фрлени во реката Вардар шестмина Турци. Тие биле убиени затоа што соработувале со четите на ВМРО, а првку нив и со Турската чета за која ваќе стана збор.
Тепани, затворани и убиени Турци имало и од другите села на Дојранска и Валандовска околија. Токму поради тоа, за време на Валандовокоудовската атака, во април 1915 г., Турците од овие две околии зеле масовно учество.

Oд двотомното издание на авторот Димитар Галев, Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991.

Крај

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top