Фељтон

“Пелазгиски Идентитет” (3)

blagoj-trajkov-natasa-trajkova

blagoj-trajkov-natasa-trajkova

Македонија, 2010

Пелазго-античко-венетско-македонско-словенските вредности биле центар на светската култура и цивилизација, а топонимијата, оронимијата и хидронимијата биле востановен нивни белег од Атланскиот до Индискиот океан, вклучувајќи го Сибир со областите Камчатка и Алјаска,[1] во така големи просторни широчини се оснивале градови, држави од истите етногенородни народи со други називи: Феникијци; Фриги; Бриги; Етрурци; Пајонци; Траки; Скити; Келти(Кити); Трибали; Мизи; Илири; Милци; Московити; Мигдони; Сармати; Месопотамијци; Пафлагони; сите формирајќи се во групи на етногенородни општества.[2]

Всушност од етногенородните Пелазго-Античко-Македонско-Словенските браќа по крв потекнуваат: Руси; Московити; Белоруси; Украинци; Полјаци;а од етногенородните Пелазго-Венетско-Македонско-Словенските браќа по крв, потекнуваат: Чеси; Словаци; Хрвати; Срби; Словенци; Босанци; Баварци; Лацинци; Рецинци; Хелвети; Тиролци; Сабини; Норикумци; Келти(Кити); Бретанци;[3] а тоа го дознаваме од постантичките автори, како Ptolomais; Jordanes; Kasius Diz; Pamponij Mela; Strabon; Pictet…

Непобитен е аргументот на Herodoth и Diodor, кога велат “Фонетското(гласовно) писмо, со право е наречено Феникијско, бидејки кралот на Феникијците Кадмо, пишувал на тоа писмо”[4], односно Пелазгиско-древномакедонското писмо, со кое подоцна се служеле Римјаните, Латините и Англосаксонците, врз чија основа формирале сопствени азбуки.

Да резимираме, на просторите од Европа, Азија и Африка живеело етногенородно и еднојазично Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенско население, подоцна нарекувано по поделените групи на етногенородни ограноци, кои припаѓале на едно етногенородно стебло, сите биле поклоници на сонцето, а тоа симбол за генородот македонски од првобогот “Македон”, по кого Македонците на земјата на која живееле ñ дале име Македонија.

Терминот Индо-европски, првобитно Виндо, од етнонимот Винди, Венди, Енети или Венети, од кој произлегува и терминот “Winden” за современите Германци со значење “Slaven”, очигледно станува збор за Виндски(Венетски), односно Древномакедонско-пелазгиски јазик и писмо, со единствена мала буквено-јазична разлика, но подеднакво практициран термин и со исто значење во Словенските, Англосаксонските и Романските јазици, и не треба да зачудува фактот што современите Македонци со леснотија се во состојба со современ македонски јазик да ги дешифрираат најстарите древни јазичнописмени артефакти.

Од досега реченото произлегува дека чиста илузија е да се каже Македонците “исчезнале од сцената на географскиот поим Македонија и повторно се доселиле”, а сведоштвата го велат спротивното, на пример: Еврејскиот крал Agripa, Македонците ги претставува како засебен етногенороден народ; истото го вели и историчарот Plutarh; иста потврда даваат хроничарите Arrian, Polibius, Strabon, Titus Livius, Siculus, Isokrat, Thukidid, ораторот Demosten…сите зборуваат за Македонците дека се посебен род, а македонските цареви ги ословувале со етниконот Македонец, Македонци и јазикот и писмото македонски;[5] истото го прави и Herodoth, употребувајќи ги истите термини за посебната држава Македонија,[6] со етногенороден македонски народ.[7]

Своевидно сведоштво за воените судири помеѓу Древномакедонците и новодојденците хегемони, кои се дрзнувале да освојуваат македонска почва, обединети во новоформирани полиси(градови-држави), хроничарот Diodor вели “македонските победи завршувале со масакри од илјадници мртви новодојденци”, кој што истовремено правел разлика за засебноста на македонскиот народ, со сопствена територија, династичко-централистичко владеење и дека антрополошки се разликувале од новодојденците.

По македонското освојување и обединување на сиот свет под раководството на македонскиот цар Александар III Македонски(336-323п.н.е.), Македонската империја[8] успеала да воспостави свои системи за единствено државно светско управување во толкави просторни широчини, од тие причини значително ја ослабуваат и сопствената држава Македонија, што резултирало со загуби од Римјаните во 168-та година пред Христа, такашто Римјаните ги покориле Македонците, ги убивале на брутален начин, ги пљачкале и уништувале сé што цивилизациски припаѓало на Македонците, ја презирале славната македонска историја, ги уништувале артефактите, како и сите материјални добра и многубројниот пишан книжевен фонд од македонски автори, кој денес аргументирано би расветлиле многу нешта.

Американскиот научник Borza, повикувајќи се на релевантни сведоштва вели “Македонците се сметале себеси исклучиво само како Македонци”, истиот податок го дава американската енциклопедија “Encarta”, институтот за генетска DNK-анализа од Вирџинија(САД) установи “Македонците поседуваат медитеранска DNK”, во 2006 година “DNK резултати објавува Оксфордскиот институт”, во 2008 година “DNK резултати објавува институтот IGENEA” од Швајцарија и институтот за генетска идентификација од Шпанија, докажуваат дека “современите Македонци се потомци на Древномакедонците”.

Лингвистички траги од Пелазгиско-Античко-Древномакедонски етногенородни браќа по крв има во називите: Антика; Антипатриди; Антигониди; Антипатар; Антипатра; Антигон; Антиох; Антихија; Антилиј; Антимен; Антиција; Антица; Антинеа; Антигона; Антипетра; Антиохија; Антикија; Анталија; Антипатрија; Антверпен…,[9] а пак од етногенородните Пелазгиско-Венетско-Древномакедонски браќа по крв има во  називите: Венеди; Венди; Винди; Вендули; Енети; Хенети; градот во Македонија Енеја на реката Венета; Венеција; Виена; Венета во Австрија, Швајцарија и Бретанија; Венет во Шпанија; Венетски залив на Балтикот; Венеја, престолнина на Венетите во Македонија; Вандалија, област во Полска; Виндије, област во Унгарија; Венетик, место во Австрија; Вендс, место во Словенија; Виндиш, место во Швајцарија; Вендик, место во Баварија; Венделиција, место кај Брандебург; Вандалитија, постаро име на Андалузија; Венетик Хилс, место во Германија; Венетија, предел во Бретанија; Виндланд, област во Скандинавија; Венеда, предел во Анадолија; Вендаи, место во Иран; Вендијана, област во Сирија; Венедија, предел во Ирак; Виндера, место во Палестина; Венети, Тројанско етногенородно братство кое ја населило Млетачката област (Италија); Венетитатус, етногенородно братство во северозападна Галија; Венусиа, град во Апулија (Италија); сите кралеви на Данска нарекувани king Wendov (крал Венетски)[10]

Идентични стојалишта со античките автори дека етногенородниот современ македонски народ потекнува од најстарите Пелазги дадоа: Müler; Wels; Szulc; Orbini; Borza; Dolci; Yco; Heicheilheim; Kostrzevsky; Arthur de Cobineau; кои со углед, стручно, достоинствено, непристрасно, без предрасуди, без романтичарски идеологии, без тенденциозни толкувања и заблуди, објективно ги надополнија плејадата учени од егзактната наука во светот.

Да наведеме и други автори на кои митологијата, ономастиката и старите летописи им појасниле многу факти: J. Bobbiensis; Fredegar Scholasticus; Adam Bremenski; Helmold; Wincenty Cadlubek; Chranicon; Grantz; Marcin Bielski; Kantzot; Münster; Vramec; Bohorič; Salfeld; Vinko Pribičevič; Mavro Orbin; Savijur Lozinjan; Enea Solvio Picolomini; Juraj Šižgurič; Valvasor; Marino Barletio; Tatašiev; Schlözer; Tredjakovski; Gerote; Trstenjak; дошле до резултати дека народите од антиката Анти, Венети, Вендули, Енети, Македонци, Феникијци, Бриги[11](Фриги),[12] Склавини(Словени)…, “биле еден ист етногенороден народ”[13], иако во одделни историски епохи биле нарекувани со различни имиња, сите припаѓале на големото Пелазгиско древно родовско стебло.

Тупаев, етногенородниот момент го согледува со “древното буквено фонетско (гласовно) писмо и современото кое било употребувано во континуитет дваесет милениуми пред Христа”, аргументите на Рускиот научник Дитјакин велат “Словените на Балканот не дошле од зад Карпатите и ‘карпатската теорија’ е неоснована ”, истото мислење го има и рускиот академик Гриневич, додавајќи “предците на современите Словени биле Пелазги и прататковинскиот јазик иако егзистирал на далечни растојанија се наоѓа со исти негови зборови”, а Полјакот Lehr Splavinski, Босанецот Srevan Verkovič, Словенечките венетолози Savli, Tomazič, Bor, Италијанецот Devota, востановиле “Венетите биле предци на Словените”, ставовите на овие автори се идентични со античките автори.

Писмото од Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците наречено “црти и рески” и древниот јазик наречен “Коине” на современ македонски јазик со исто значење “Којне”[14], своевремено збир од повеќе дијалекти од претходно наведените етногенородни народи, како универзален (Есперанто), македонскиот цар Александар III Македонски(336-323п.н.е.) го назначил за службен македонско-светски јазик, а лингвистичката поврзаност на древномакедонските “глоси”(зборови) се сочувани во современиот македонски јазик[15], тоа го востановил и македонскиот истражувач Илија Чашуле, откривајќи ги “глаголите-бара, се вика, врне, види, турне, урне, рѓа, гази, брка, именките-шака, гурелка, бара, чука, легуш, прилогот-оломнани, честичката-ле, суфиксот-мина, и кај многу именки-петмина, десетмина, стомина, тристамина”, мноштво зборови исти или слични со лексичките форми во современиот македонски јазик открил и македонскиот историчар Александар Донски.

Продолжува наредна среда


[1] Фрањо Баришиħ, I Порекло Словена…, стр. CXXIX-CXL

[2] M. Bielski, Kronika Polska, Warszava, 1712, pp.23-72.

M. Orbini, IL Regno degli Slavi, Pezzaro, 1601.pp. 4-5.

[3] Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр.70.

Види пошироко во: Veneti first Builders of the European Community, co-publishing Anton Skerbinc, Mateh Bor, Ivan Tomazic, Canada 1996 pp.143-147

[4] Her., Historia, Tepsihora, 58.

Фрањо Баришиħ, I Порекло Словена…, CXLVII.

[5] Herman Konder and Werner Hilgemann, The Penguin Atlas of World…, vol.1.p.111.

[6] Х.Џ. Велс, Историја света, Београд 1932, 18, 24 и 187.

Библија. Стар и Нов завет, Скопје, 2001, 413.

[7] Harold Albert Lamb, Alexander of Macedon: The Journey world’s, New York, 1946.

[8] Х.Џ. Велс, Историја света…, 187

[9] Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр. 205

[10] Види пошироко: Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009.

[11] Steph., Byz., S.V. Brygias

Itnin, Hierosolim, 607, 2.

[12] A.Gotze, Kleinasien…, p.202.

[13] Eltzelt von Salfeld, Chronicon der Alten Mark, Magdeburg, 1579.

M. Orbini. IL Regno degli Slavi, Pezzaro, 1601, p.4-5.

[14] Наде Проева, Студии…, 22.

[15] Д-р Ристо Ивановски, На Балканот…, 14.

Д-р Ристо Ивановски, Потомците на Пелазгите во:“Македонско време”(Скопје), год.4,: бр.34, јули 1997, 42.и 49 и 69.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top