Фељтон

“Пелазгиски Идентитет” (4)

blagoj-trajkov-natasa-trajkova

blagoj-trajkov-natasa-trajkova

Македонија, 2010

Етнонимот Словени бил и е предмет на научно интересирање и толкување, имено историчарите Kinder и Hilgemann заклучиле дека “Словените името го носат од најстари времиња” по зборот “Слово” што на древномакедонски и современ македонски значи “Глас”, “Збор”, “Буква” и дека Словените се главна гранка во индоевропското семејство на народите, а особено важен индикатор за посведочување на етногенетската врска меѓу древните и современите Македонци претставува Ономастиката(наука за лични имиња), со сите особености и карактеристики кај Древномакедонците и современите Македонци.

Истражувањата во палеоархелогијата и палеолингвистиката на тлото од Република Македонија покажуваат дека знаците од пелазгиско-античко-венетско-древномакедонска азбука со “Глоси”(зборови) од фонетското(гласовно)[1] писмо се стари меѓу 35 000 и 50 000 години пред Христа, а артефактите со совршена фонетска морфологија, текстови и фонд на зборови се идентични со јазикот и писмото на современите Македонци, Руси, Полјаци, Чеси…во оваа прилика со задоволство изразуваме благодарност на македонските еминентни научници: проф. д-р.Ташко Д. Белчев, за научните трудови со древномакедонски белег; историчар д-р. Петар Поповски, за двата тома “Украдена историја”; лингвист Маргарита Китан Ивановска, за научниот труд “Букварот”; академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов, истражувачи дешифратори на Каменот од Розета; д-р. Душко Алексовски, научни откритија од карпестата уметност во Македонија со древномакедонски белег; археологот, Милош Билбија, откритија со древномакедонска материјална култура; инж.архит. Васил Иљов, дешифратор на древномакедонски натписи од кои и штичката од древната наколна населба од Костурско езеро, со утврдена старост со Ц 14 од 5260-та година пред Христа, која глаcи Ш,пел VII кол,ште, а на современ македонски литературен јазик гласи Шупел, VII колиште, (Шупливо седмо колиште)…

Да посочиме само еден пример од топонимијата, како производ од заедничката корен-основа на зборот “трн”, со исто значење во македонскиот современ јазик ”трн”: Трново, село во Македонија и предел Трница; Тирново, место во Тесалија; Трнава, градот Тирана во Албанија (Матија); Трново и Тарново, места во Бугарија; Трновац, место во Србија; Трнова, Полска; Трнава, Австрија; Тирнава, на Британските острови; по овој терк може да се набројат безброј примери од древната топонимија, оронимија, хидронимија, литература, драматургија, философија, историја, култура, цивилизација.

Македонија за првпат картографски била прикажана на цртеж од анонимен автор за времето на македонскиот цар Филип II Македонски(359-336п.н.е.), со старата престолнина Арг и новата Пела, а подоцна, Македонецот географ и астроном Клавдиј Птоломеј во првиот век после Христа, ја претставил во вистинските етнички и територијални граници, прецизно дефинирани, што претставуваат индиректно значење и потврда за поврзаноста помеѓу етногенородните Древномакедонци и етногенородниот современ Македонски народ, кои во континуитет суштествуваат на мал дел од сопствените етнички граници и се единствен народ во светот кој граничи со самиот себеси.

Македонија во библијата е споменувана како географски поим и народ, но апостол Павле споменува епоним Македонија и етноним Македонец,[2] а непосредно после Христа во 50-те години боравел во Македонија, бил беспрекорно дочекан и прифатен од Македонците, каде проповедал Христијанство, а во второто негово доаѓање во Македонија нашол организирани македонски црковни општини.

Плејада светски научни авторитети, со своја истражувачка работа, објективно, аргументирано, суверено, без предрасуди, калкулации, шпекулации, нарачки и искривувања на вистината (премин од незнаење во знаење), веродостојно ја имаат елаборирана поврзаноста помеѓу етногенородните браќа по крв Древномакедонците и современите Македонци, кои и денес суштествено егзистираат само на мал дел од сопствената етничка територија Македонија, како народ македонски и држава Република Македонија.

Античките извори и современите егзактни научни дејци делат иста научна мисла, експлицитно стојат на становиште дека современите Македонци се Пелазгиски етногенороден народ, кои со своето милениумско суштествување, заслужуваат и предизвикуваат длабоки научни истражувања, проучувања и согледби, а  радува фактот што денес, светски авторитети, енциклопедисти, етнолози, антрополози, лингвисти, археолози, историчари, венетолози, слависти, илириолози, византиолози, македонолози…, научно се будат и не се веќе заложници на принудно нарачани истории.

Сочуваните многубројни вредности создавани од народниот македонски гениј, усно пренесувани од поколение на поколение кај современиот македонски народ, аргументирано говорат за неговата етногенородна македонска припадност, блескаво историско и цивилизациско минато,[3]и со право Македонците копнеат по суштината на вистината(премин од незнаење во знаење), ја пренесуваат мислата и духовноста од тие древни времиња во сегашноста, со истиот древномакедонски архаичен јазик, укажувајќи на битието и идентитетот македонски.

Всушност, современите Македонци се посебна Пелазгиско-Древномакедонска народност(националност),[4] што до денешни дни суштествуваат и се идентификуваат како Македонци, а се најдлабоко и цврсто поврзани за корените од сопствениот праидентитет, прајазик, праисторија, пракултура, праписменост и працивилизациски вредности, кај кои до наши дни не згаснала свеста за припадност, целовитост со карактеристики за идентитетот на етногенородот Древномакедонско-Пелазгиски[5].

Современите Македонци се издиференциран идентитет од етногенородна категорија на древен народен супстрат, кои во својот историски развој се издигнаа над останатите етногенородни групи од Пелазгискодревните народи, но за среќа по сиот род човечки суштествуваат и денес, а денес современите Македонци со своите научни авторитети се во позиција да го истражуваат, проучуваат, компарираат и афирмираат своето богато историско, културно и цивилизациско минато, од мезолитот, неолитот, палеолитот, архејскиот, античкиот и периодот до наши дни, засновано  врз документирани сведоштва и факти, со несоборливи научни докази, го посведочуваат сопствениот идентитет.

Целата оваа презентација, од поставките на споменатите древни и современи учени авторитети од разни епохи, претставуваат автентични научни резултати, со уверлива веродостојна моќ (душа што ја владее мислата), зрелост и вистина (премин од незнаење во знаење), што придонесуваат и го расветлуваат чинот на најстарите етногенородни припадници на Древномакедонците, кои и денес во континуитет суштествуваат на прататковинските огништа како Македонци со идентитет Македонски во Република Македонија, кои во иднина ќе бидат предмет на светско научно интересирање, истражување и проучување, заради посебноста на етногенородниот код(генетски феномен кај Македонците за хармонија на разум со добра волја),[6] бидејќи вдахновено сугерира позитивни цивилизациски придобивки, насочници и патокази за валидни, глобализациони системи кон идно благопријатно планетарно суштествување на родот Човек.

Крај


[1] Andre Lefevie, Les races et les langues…, p.170.

[2] Библија, Стар и Нов Завет, Скопје, 2001, 413

[3] Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста, јазикот и културата на древните Македонци, во спис,: “А”за културата на просторот, год.8, бр.5и6, Скопје, 1996, 78-85

[4] Marcus Iunianius Justinius, Historiae Philippiae, Lib.,VII,1,1.

[5] Ibid.

[6] Благој Трајков во: “Слово за царот Александар III Македонски”, 2009.

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top