Фељтон

Положбата на македонскиот народ во Егејска Македонија (1)

Во француските архиви постои бројна документација поврзана интегрално или парцијално со положбата на националните права на македонскиот народ од Егејска Македонија – Грција, во која се изнесени фактографски податоци, анализи и оценки на официјалната француска политика и нејзините дипломатско-конзуларни, воени и политички претставници во Грција и соседните балкански држави.

Така, уште во текот на Втората светска војна, кон средината на 1943 година (април-мај), француските известувања укажуваат и ја оценуваат ситуацијата во Грција како “ужасна состојба која постои сега во Грција…”. <Archives militaire де л’Армее де терре. Vincenne-Paris, vol. 4 Н 388. Грција, 5 мај 1943 година.> Воено-политичката и економската состојба кон крајот на 1943 и во текот на 1944 година уште повеќе се заострува и се влошува, особено економската состојба, гледано од социјален аспект. Според француските известувања од ноември 1944 година под наслов “Ситуацијата на населението во Грција”, преку 100.000 деца помлади од 16 години се умрени од глад за време на германската окупација, 60.000 други се сериозно погодени од недостиг на храна, 1200 села се срамнети со земја.<Исто таму… ноември 1944 година, предмет: “Ситуацијата на населението во Грција”.>

Што се однесува посебно за Северна Грција односно Егејска Македонија, француските аналитичари мошне драматично ја изнесуваат и оценуваат социјално-економската и политичката состојба, дека. “ситуацијата во Тракија и Македонија е доста конфузна… ЕАМ е господар во Северна Грција, Тракија и Македонија и црвените знамиња се веат насекаде крај Егејот. Напротив, ЕАМ се избегнува до грчката влада од Казерта… Македонија одново стана зовриен котел на Европа и не се гледа каков компромис ќе може да ја доближи англ. грчката теза (до кого што и да ги доближи)…”.< Archives diplomatique… Paris, Serie з, Europe, sous-serie, Yougoslavie, vol. 31, 5. 10. 1944 година.> За ваквата влошена воено-политичка, а особено социјално-економска криза во Грција, покрај другите околности и фактори, се оценува дека имало придонес и воената интервенција на британските трупи во оваа земја, заради што постои омраза кон Британците. Според француски известувања и оценки од февруари 1945 година во заведениот предмет: “Грчката криза”, Американците се неутрални и не ја поддржуваат британската воена интервенција во Грција,< Archives militaire… Vincenne-Paris, vol. 4 Н 388, февруари 1945 г.>

Масовното учество на Македонците во Егејска Македонија во Народноослободителната војна, а посебно создавањето на македонската државност на македонскиот народ од Вардарска Македонија како рамноправна федерална единица во рамките на југословенската федерација и стремежот на Македонците од пиринскиот дел на Македонија за приклучување кон НР Македонија, како и стремежот за обединување на Македонија, создадоа страв и вознемиреност кај грчките официјални кругови, што француската мисија, привремено сместена во лондон во есента 1944 година, го оправдуваше бидејќи сметаше дека “македонското прашање е многу деликатно и оваа земја пред да влезе меѓу шесте дражви што ја основаат југословенската федерација… има еден дел од бугарска Македонија, чии жители сакаат да се обедината со нивните сонародници од Југославија и би требало да биде приклучена во Федерацијата (југословенската – б.м.) грчката влада би се вознемирила од овие тенденции во кои би се скицирала една голема Македонија. Овој инцидент би можел да предизвика вознемиреност, и британската влада ги осудува аферите на југословените. Грците се доста збркани од самите себеси, и без прашањето на Македонците…”. <Archives diplomatique… Paris… Serie, З, Europe, sous-serie, Yougoslavie, vol. 37 – француска мисија во лондон, 24. 11. 1944 година “многу тајно”.>

Стремежот за национално ослободување и обединување на македонскиот народ кон крајот на Втората светска војна, според француски сознанија, предизвика интерес сред дипломатиите на повеќе европски земји, бидејќи неразрешливоста на македонското прашање и неговото развлекување уште од Берлинскиот конгрес 1878 година создаваше и може да создаде недоразбирање и немири на Балканот: “меѓу проблемите чие решавање останува енигма за канцелариите на европските дипломатии, едно од најсериозните е она за Македонија… за Премин од Север кон Југ по долината на Вардар се формира еден природен пат кон Егејското Море. Таа (Македонија – б.м.) е една вистинска раскрсница во стратешки поглед… словенската маса е компактна во северниот, централниот и западниот дел…,…со многубројно население…,…Македонија се’ уште не ја остварила својата рамнотежа и своите политички аспирации…,…пред да се објасни фазата на југословенско-бугарските односи потребно е да се изнесе една синтеза за македонското прашање…,…од Берлинскиот договор кој предвидуваше автономија на Македонија и нејзиното повторно паѓање под турска власт…,…Мирновнито договор од 1919 година не донесе никакво решение на македонското прашање и чија територија остана распарчена во Балканските војни меѓу Грција, Србија и Бугарија…,…приврзаниците на ВМРО (Об) во 1925 година т.н. федералисти-прогресисти се застапуваа за концепцијата за идна Балканска федерација во која би влегла и Македонија…,…македонското прашање е решено во југословенската федерација со влегување во неа на НР Македонија…”.<Исто таму… сигн. 33.>

Стремежот на македонскиот народ за обединување и вознемиреност на Грција од овие тенденции ги изнесува и францускиот амбасадор во Велика Британија Рене Масигли во март 1949 година до француската влада. И во овој извештај е нагласена вознемиреноста на грчкиот амбасадор пред Форин Офис пред евентуалноста од создавање на независна македонска држава, која ги опфаќа и градовите Лерин, Костур, Воден и Гуменџе.<Исто таму… синг. 33.> Според генералниот француски конзул во Солун Раул Дувал, од октомври 1945 година основен предуслов за подобрување на грчко-југословенските односи, истакнат од страна на југословенскиот генерален конзул во Солун, за Југославија е “создавањето на независна голема Македонија и напуштање на Грција од страна на Британците”.<Исто таму…>

Отпорот на македонскиот народ против монархофашистичкиот режим во Грција во егејскиот дел на Македонија доби масовен карактер во 1946 и во текот на 1947 година, а таа реалност не можеле да ја заобиколат или прикријат и самите грчки власти. Така, министерот на војната на Грција соопштува за прв пат дека во една битка на планината Грамос меѓу владините сили и партизаните нивните загуби од 1 мај до 20 јуни 1947 година достигнале до бројка од 7.300 мртви. Целта на партизаните била да се создаде слободен регион за сместување на нивната влада.<> а францускиот генерален конзул во Солун Рaул Дувал нагласува дека “американската доминација во Грција создава ужасна ситуација во Северна Грција со трагични последици за населението во Македонија и Тракија”.< Archives diplomatique.. Paris… sous-serie, Yougoslavie, vol. 33. >

Во сузбивањето на стремежите на Македонците од Егејска Македонија и на нивната борба за извојување на национални права и слободи, грчките власти преземаа сериозни мерки кои се состоеја во примена на репресалии, убиства, прогони и терор. Димензијата на теророт што го спроведуваа грчките власти, мошне сликовито е изнесена во експозето на советскиот делегат Мануилски (од Украина), поднесено на 24-та пленарна седница на Париската мировна конференција во август 1946 година. “Сметаме, меѓу другото, дека жртви на прогоните во Грција се албанското, бугарското и македонското малцинство. Сега илјадници лица страхуваат од истребување… бараат засолниште во Албанија и Југославија. Нема сомнение дека оживувањето на старите расни ривалства на Балканот ќе доведе во овој регион до закана Балканот одново да се трансформира во едно жариште на конфликти и да ја комплицира меѓународната ситуација. Нетрпеливата кампања што сега се води во Грција против шефовите на повеќе држави, како на пр. против Маршал Тито, продолжува…,…врските меѓу грчката влада и Југославија се толку затегнати што југословенскиот амбасадор штотуку ја напушти Атина. Во светлината на овие потези, интервенциите на грчката делегација јасно се покажува како закана за мирот”. Развојот на ослободителната борба на грчкиот и на македонскиот народ принуди Американците уште во текот на октомври 1947 година да преземат посебни воени, економски и политички мерки.

Преземените конкретни чекори во сузбивањето на демократскиот процес во Грција од страна на грчкиот монархофашистички режим потпомогнат од англо-американските сили во 1947/48 година, придонесе и го принуди раководството на Комунистичката партија на Грција да издаде демант во март 1949 година, со цел да ја запознае домашната и светската јавност за вистината и целите на ослободителната борба и на демократските процеси во Грција. Во овој демант на ЦК на КП на Грција по повод вестите за Балканската федерација и македонската држава од 7 март 1949 година, меѓу другото се нагласува деска “последниве денови од разни страни, главно од монархофашистичка Атина, Лондон, се појави под разни видови и начини и иста лажна и клеветничка вест дека КПГ заклучила разни договори за создавање на Балканска комунистичка федерација и македонска држава, која би ги споила сите делови на Македонија што се наоѓаат под југословенска, бугарска и грчка власт. Сите овие вести, лажни, клеветнички, имаат за цел да го потпомогнат монархофашистичкото и империјалистичкото подривање на нашата борба, да го разбијат единството на борбата на грчкиот и македонскиот народ и да посеат раздор меѓу балканските народи.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top