2 дел
Доказано веке бидејки дали Н. Блаженство је крив или не, да видиме сега да ли Правителјството ни је криво за ова несрекјно положенје, што се наогјаме није, као што ги кривиме сиве, без да влеземе внатре во работата или – не!
Зборујејки ја за Правителјството, не ке се вода од никаков подмитлив дух, зашто, сполај му на Бога, подајниците на Н. И. В. Султан Абдул Хамида II, од очески бриги за благујенје на населјбината на цела Негоа широка држава, без разлика на вера и народност, имаат ,. такво право да искажујат мислите, доста само тија мисли да се во интерес на народите, што живејат во неја, и да се крепат на законен темелј, што чоек слободно може да покаже на една кривица, напрајена од страна на Правителството, као кон една личност, така и кон еден цел народ, и има полна слобода да помоли истото Пра-вителство, за да ја попраји, – и ке се попраји. Ето зашто, велјам ја, оти не ке се вода од никаков подмитлив дух кон Правителјството, зашто тоа такви грагјански права дало секому, што секој чоек може да си искаже својте болјки и да најде лек, стига само тој искрено да му каже кај го боли и стига само тој да сака само од него и пак од него лек без никакви задни мисли, и без сумненје ке го најде.
Нам многу чудно и дури не право ни се гледа, вигјајки овде во Македонија Грците да имаат своји владици и закона сила пред месните власти, а није – не. Оваа неправедност, као што ни се чини нам, от страна на Правителството, није незнајеЈКИ кому да ја врлиме, велиме, оти таа се носи кон нив као иста мајка, а кон нас – као макјаа, и за тоа ни је многу мака. Но ај да видиме, да ли оваа работа вистина така стоји, као што мислиме није, или, напротив, нашево Правителјство не само не праји никаква разлика мегју нас и Грците и еднакво гледа на сите, но и дури кон нас се носило и уште се се носи као една многу трпелива мајка. Да се изјасниме. Грците на секаде по Македонија имаат владици, и дури во онија епархији, кај што и нога грчка нема, и тоа: прво, што Негово Преосв. Патриархот је духовен начелник само на онија грчки епархији, који праат не одделен дел од Отом. Империја, без да бара да биде таков, на пр., и во Грција или друзи кралства и епархији, што биле пред малку под неговото начелство, зашто тогај и самото негоо стојенје во Отоманската Империја ке беше проблематично; и друго, пошто Патриархијата објавила Бугарската црква за схизматична и пошто таа схизма на лице уште стоји, за тоа има право таа да држи владици и во онија епархији, кај што нема грчка нога, а уште само неколку „вулгарофони елинес”, као што ји вакаат тија. Од овија две прости причини, Грците и неколку „вулгарофони елинес”, ползујејки се, си имаат се и сја наред, а не оти Правителјството гледа на нив со подобро око, од тсолку на нас. Сега овде требе да се докаже, да ли Правителјството вистина се носи кон нас као много трпелива мајка, за да не се ограничујеме во прости фрази.
За да се докаже и оваа работа, не ке се вдаваме во ипотези и сравненја, као напр., – ако и Патријархијата беше во истото положенје, во које је денеска нашата Екзархија, да ли ке можеше да назначује владици не само во Македонија, а и во Анадол, или ке и беше испукана работата со сите права, дадени угце од време на завојевачите, као што је нашава и на Н. Блаженство, или уште полошо, – оти тија се ипотези, може некој да каже, ако и да се многу близу до вистината, и одвај не сама вистина, – но да се стави така работата за да може секој да се увери од близу во нејзината вистиност, стига само да не прибегнујеме кон софизми.
Ја сум уверен, оти нема по мегју нас никој, што да не знаје, оти сегашниве советници на Н. И. Величество и самијот Господар Султан Хамид II се едни од првите дипломати во Европа и дури, кој знаје, дали тија не можаат да му извадат фетва и на така нареченијот железен канцлер Бисмарка. Оти је така таа работа не само није требе да го знајеме, а го знаје и цела Европа. Тоа така бидујејки голема шутраштина би била, ако мислиме, оти со некакви глупи наши итрости можеме да им покажеме црното за бело и наопаку. Тоа нешто не није, не Н. Блаженство, туку и приказаните Сализберовци и друзи не можат да го напраат. Имаме илјадници при-мери од таква сорта. Ами кога оваа работа је така, пак велјам, како мислиме није, не разбираат ли овија ми ти државни мажи оваа најпроста работа, оти Н. Блаженство незаконо седи во Цариград и уште понезаконо сака да повелја од тамо духовно Македонија и во исто време црквата во кнажество Бугарија? Мислиме ли није да не разбираат овија државни мажи оваа уште по-проста работа: како је возможно Н. Блаженство да биде верен подајник на Н. И. В. Султанот и на бугарскијот кназ? како је возможно чоек да работи во едно исто време на двајица господари и на двајицата да биде верен? не раз-бират ли тија, оти, ако некоаш политиката на кнажество Бугарија се најде во противност со онаа на Отоманската империја, во таков случај Екзархот како ке може да повелја Македонската црква, како ке може да има соопштенија црквени, коа државните ке бидат прекинати? Ами како ке може да додржи онаа клетва, што ја има дадено, за да биде верен на државата и да варди нејзи-ните интереси, коа онија владици, што се во Бугарија, који дале пак иста клетва Екзарху и за који тој је одгорен пред Султанот сакале некеле, ке престапат клетвата, а пак тогај ке се рече, оти сам Екзархот престапује клетвата, што ја дал и, според тоа, требе по закон да се накаже? Ами коа олку формалности има, што није простиве лугје ји знајеме и што викаат во интерес на Правителјството, ами уште колку друзи по-големи вопроси има, што не можеме да ји знајеме со нашијов тесен ум, што викаат во интерес на Правителјството и кажујат, оти не само тоа не је криво, туку и многу трпеливо? Није не само не требе да кривиме Правителјството за ова не свидно положенје, што се наогјаме, туку требе многу, многу да му благодариме, што до сега трпило ова незаконо Екзархоо седенје во Цариград. Зашто инако, т.е. ако тоа еден ден беше рекло Екзарху едно од двеве да избере:
или да се ограничи во црквата на бугарското кнажество и да остаји Цариград, или пак да не ее меша во онаа црква и да повелја само тија епархији, што се неоделен дел од Отоманската Империја и сакаат да се под негоото духовно начелство, – и ако во таков случај Екзархот ни остајеше само негојите молитви и си појдеше во Бугарија, – не само није ке бевме во вакво лошо положенје и ке немавме владици, туку ке немевме тогај и попоји, ке немавме црква, ке немавме крст, од сем ако падневме повтур да се поклониме на Патриархијата. Но требе да благодариме на тоа Правителјство, што знајејки ова, трпило до сега Екзархот баре колку да ни чини најпотребните црквени нужди, и тоа даало да разбереме нам и Блаженејшему Екзарху, оти не само друго ништо не требе да се надееме од него, туку оти и ова трпенје ке биде за малку време и оти требе да се уполузјеме од него и да решиме: или Екзархот да ни остаји молитвата и није да му бациме рака и да се простиме со него, и после да си бараме чаре, или пак, да се прости со бугарсконо кнажество и да си остане тој чисто Отомански подајник и х^аш архипастир. Зашто која причина је ако не оваа, што во поникнујенјето на бугарскијот вопрос и негоото решујенје кога тој беше најраспален, а кога грчката Патриархија дрво и камен креваше, Правителјството ни да признајело нашево право, со царски ферман да го потврдело ТЃво некоји епархији да дајело да се пуштат владици, и за мало, ако не се родеше бугарскиот политички вопрос, да се назначат и во друзите останати епархији; а пак сега, кога се делени веке крушите мегју нас и Грците, т.е. кога самине Грци признаваат, оти во Дебрската, Охридската, Прилепската (а Битолјската уште им је мачно на кутри Грци да ја прежалјат), Скопската, Велешката, Воден-ската и Приштинската епархији нема Грци, – да не ни давало Правителјството да имаме владици? Сосема глу-пав требе да биде чоек, та да не разбира оваа проста причина. Ке се рече, оти није уште илјадо години ако чекаме, стојејки вака екзархијскиве работи, да имаме владици, напразно ке ни биде, и дур ми је страв да не се принуди некој ден Правителјството, као што рековме по-горе, да не остаји и без ова што го имаме, т.е. да не некој ден Екзархот се прости со ортакјојлијине и од Сиркеџи скелеси отправлјаетсја – та дури во Софија, и није овде во Македонија да си останеме со зинати усти као аплјовци Од реченоо до овде доказано бидејки као бел ден оти нашео Правителјство не се носило никако непра-ведно кон нас и никако не ни је криво, да видиме сега да ли сами није сме си криви или – не.
Продолжува наредна среда