Не помина многу време потем онија политички работи, што се сторија во 1878 год., и ето Н. Блаженство се врати во Цариград и си није веке помисливме, оти не ке помине долго време и царскијот ферман ке се кладе во работа. Но поминаа три-четири години од коа дојде Екзархот во Цариград без да се напраји ни една стапка напред, и мнозина веке се уверија, гледајки сплетеноста на вопросот, оти не ке излезе ништо; а пак сега од три години навамо нема ни еден помегју нас, што да верује, оти се може да се дозволи Екзарху некој паг да пушти владици во Македонија, и секого ако го прашаш: коѓа ке ни пушти Екзархот владици, ти одгоара: на кукловден, тоа се вели – никогаш, кога си, велјам, сме уверени, кој знајејки причините, кој од просто очајанје, гледајки годините да си течат без фајде, оти ова нешто не ке биде: дали сме се подумале некоаш што требе да се праји? -не, никој пат! Туку сме ти скрстиле раце, и сме остајиле работата на Бога, без да гледаме како од ден на ден гаснеме духом, и оти, ако ја тераме вака работава, као што сме ја терале до сега, ке дојдеме до ништо, и тогај ке имаат право светон да велјат, оти по.мегју нас Македонциве нема интелигенција а си сме шоролопчији и готоачи, као што рекол во Солун, пред неколку години еден чоек, да не му кладеме името, оти во нашата солунска општина нема нито еден интелигентен. Ами ако во едно општество, во еден народ нема интелигенција, тогај тоа општество не се вели општество, тој народ не се вели народ, туку збирштина! Денеска, кога светов се печали не да има интелигенција во својот народ, а сијот народ да је таков, није, сиромаси, си одиме као ракот! Не за фаленје ке кажа, оти није Македонциве од натурата не сме дарујани да валиме, и не валиме кон назад, кон мрак, а, напротив, наш отличен белег бил и је: бистрина на умот, лјубов кон науката и кон друзи трговски завзиманја. А пак сега што не зеде матната и сме олку ништи духом!
Да речеш оти Господ дојде и ни го крена разумов та не напраји не некадри да мислиме здраво! Да речеш оти некој магесник ни го размати сосема умов! Ами за верујенје ли је Господ да ни напрајил вакво зло, коа сиве знајеме, оти Тој никој пат не праји лошо човеку? За верујенје ли је, оти гјаолот или магесникот ни напрајиле оваа пакост, кога знајеме није оти тија, по волјата на Всемож-нијот Бог не се веке кадри да праат пакост на Негојите созданја? Ами коа је така, која је причината на ова наша наравствена мртвост, на ова голема наша заспаност? Која је причината на ова наша умствена тромост? Коа знајеме, оти секо лошо или арно, сторено на еден чоек или на еден народ, си има своји причини, тогај нека ја побараме оваа пакосна причина, нека ја најдеме и нека ја искорениме.
Мене ми се чини, оти причина на оваа наша умствена парализија је – ама ке кажа голем збор, и, молјам, никој да се не тревожи и да не ме криви, пред да ме ислуша, – је, велјам, Екзархијата и екзархијските милости. Таа Екзархија и тија нејзини милости не напраија готоачи. Тија учители, што ни ји пушта даром, и тија училишта, што ји крепи таа, напраија оваа умствена дем-белјаана во нашаа таткојна. Молјам, која општина сега, који грагјани имаат брига за училишта, од сем Екзархи-јата? Која општина, кој грагјанин не имаат остајено својата надеш за училиштата на Екзархијата, и, ако таја не се печали да им пушти некој учителј, тија ке имаат такво училиште, што одвај може да носи тоа име? Која општи-на, кој грагјанин сега не велјат: да је жива Екзархијана, ке ни пушти учители, и така ке се спружат со токму нозе, без да му се мислјат по тамо? А, ми се чини, инако ке беше, ако се печалеше секоја општина за својте училишта и секој грагјанин дааше својата аспра за платката на учителјот. Тогај ке видевме није како ке се опечалеше општината да погоди најдобри учители и грагјанинот ке гледаше училиштето као своје око, зашто се отворило со негоијот пот. А сега што се чини? – се чини ова, оти општина, грагјани, учители се кој на клинецот, кој на плочата, поради неманје помегју си никаква обврзаност и никакви морални и материјални врзалки. Не се гледа ли од овде општествена парализија? Ама ке рече некој, оти, ако не беја овија Екзархијски милости, није ке немавме училишта. Не, тоа не је верно. Није толку добро можевме и можеме да имаме потребните си училишта во таткојнаа наша, што да немавме потреба, као што се докажује подолу, од никакви помоки давани по таков начин, што расипујат наравственоста на општеството и го праат ни вода, ни киселина! Ами што да се рече пак за онија пансиони во Солун, во Скопје, во Битолја? Ами тија на пансиони ли, или на сиропиталишта прилегаат? Влегол ми ти, брате мој, оној сиромав ученик во тој пан-сион со илјада молби, со илјада понижујенја и, дур да сврши гимназија, уште какви не ке претрпи, и, преку седумте години, какви и друзи деспотизми-јаничарлуци, што се викаат дисциплина од страна ка управителите не ке се упражнат над негоата кревка душа, така што, свршујејки училиште, ке излезе тој во општеството толку ништи духом и со толку смачкана и плашлива душа, што ти се чини, оти излегол од некој затвор. Ох, невина мла-деж, немој да се лјутите: вије не сте виновни! Сега, прашам, ако овија училишта, овија пансиони се крепеја од сами нас, од самијот народ, вакви ли ке беја? – Одгоарам: јама јок! За тоа што, као крепени од саму нас, не ке остајевме толку прави душички на директорски самоволја, на учителјски самолјубја и дрвонадзирателјски глупости. Ето зашто није немаме интелигенција, ако признајеме, оти само училиштата даваат на општеството интелигенција, а пак није имаме такви само да расипујат народот, да го праат не кадар за ништо и никакво и да отруваат младата наша интелигенција до мозокот на коските.
Продолжува наредна среда