Фељтон

Македонскиот национален проблем: Емигрантофобијата на србонанските врховисти

makedonski-nacionalen-problem

makedonski-nacionalen-problem

Во изминатите 45-46 години откако се комунистите на власт во Македонската Република тие постојано го изградуваа и надградуваа своето стојалиште кон македонската емиграција третирајќи ја како непријателска, како фашистичка, како морален отпад од македонскиот народ, кој се продал на разузнавачките западни служби, кој развива клеветничка дејност кон својата татковина, како средина во која никнуваат и се развиваат политички идеологии кои се непријателски насочени кон “легитимно” уставен поредок во СРМ и пошироко во Југославија, во која дејствуваат непријателски организации кои имаат за цел да го поткопаат братството и единството на југословенските народи, да ја девалвираат Народноослободителната борба и да ги уништат придобивките од неа.

Се разбира, ваквиот однос кон македонската емиграција не беше измислен од македонските комунистички властодршци, зашто нив природата не ги надарила толку па да мислат, туку беше слепо копиран од општиот однос на титовистичка Југославија кон емиграцијата од другите републики.

Тоа слепо копирање на политиката кон емиграцијата за македонската стварност беше апсурд, зашто македонската емиграција немаше зад себе фашистичко минато какво тоа што го имаше хрватската усташка и српската четничка емиграција. За времето на Втората светска војна во Вардарска Македонија непостоеа никакви фашистички организации, не постоеше никаков квислиншки режим. Македонците кои по Втората светска војна отидоа во емиграција отидоа како бегалци од комунистчката диктатура и по потрага по парче леб и подобар о подостоен човечки живот. Македонска фашистичка емиграција никогаш не постоела, ниту постои.Но, тоа не им пречеше на комунистичките властодршци во Македонската Република да ја имитираат емигрантската политика на Белград и да ја применат на македонската емиграција.

Од своето врховистичко и квислиншко делумно решение на македонското прашање комунистите во македонската република направија целостен монопол по македонското прашање и тој свој монопол сакаат да и го наметнат и на македонската имиграција. Мегутоа, во македонската емиграција се најдоа будни и смели патриоти кои што го разобличија новиот србомански врховизам како национално предавништво.Македонците од Дијаспората на врховистичкиот монопол по македонското прашање му се спротивставија со илинденскиот идеал за слободна и обединета Македонија како единствено вистинско решение на македонското прашање. Во Дијаспората се создадоа македонски политички организации кои со револуционерна енергија работат за остворување на идеалот за обединета и вистински слободна Македонија.

Се заврза вербална војна меѓу македонската патриотска емиграција која го носи во себе илинденскиот идеал на својот народ и агентурата на квислиншкиот режим од Републиката, војна која беше безмилосна и која даде свои жртви во крв (убиството на Шамбевски во Минхен). Во таа војна новите врховисти се служат со најгнасни средства, дури и со средствата на државниот тероризам. Секој Македонец во Дијаспората кој се определи за за идејата за обединета Македонија е нарекуван фашист, ванчомихајловист, бугараш или криминалец. Сите македонски организации инспирирани од илинденскиот идеал се нарекувани ванчомихајловистички и бугарашки, иако тие тие бескомпромисно се борат и против бугароманскиот врховизам на Ванчо Михајлов.

Тргнувајќи од монополистички позиции по македонското прашање новите југословенски врховисти сметаат дека политиката тоа не е нешто за емиграцијата, дека Македонците во Дијаспората немаат потреба политички да мислат, бидејки за судбината на Македонија има кој да мисли, тоа се тие, врховостите од Скопје. За да и го наметне на македонската емиграција врховистичкото едноумие по македонското прашање, УДБа од Скопје испрати цела една армија свои агенти, школувани за шпионска и пропагандна дејност. Тие се инфилтрираа во организациите на македонската емиграција, кои се најмасовната форма на здружјвање на македонската емиграција.

Во наметнувањео на квислиншкото едноумие видна улога играат и емисерите што преку Матицата на испадениците од Македонија доаѓаат да и држат предавава на македонската емиграција т.е. да ја лажат дека комунистите и Југославија го ослободиле и усреќиле македонскиот народ.

Процесот на демократизацијата кој ја зафати и Македонската Република и доведе до воспоставување на повекепартиски режим влеваше надеж дека ќе престане деструктивната политика во однос на македонската емиграција, но таа надеж се изјалови.Комунистите иако поразени на изборите не се откажуваат ни од власта ни од своето едноумие по македонското прашање.Во нивни раце се уште се ноаѓаат двете институции кои со децении работат против македонската емиграција, Службата за државна безбедност и Матицата на иселениците од Македонија.Наместо да престане, удбашката среде македонската емиграција во последново време се зголеми.

Емигрантофобијата на квислинзите и врховистите од Скопје се распали до вчудоневидени граници и се претвори во своевидна хистерија во средствата за информациите во Републиката кои и покрај воведениот парламентаризам си остануват во рацете на комунистите.Од емигрантофобијата средствата за информациите направија вмрофобија со тоа што ја лансираа лагата дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која се раководи од странство од емиграција.На квислинзите и врховистите од Републиката им е криво што ВМРО-ДПМНЕ ужива во македонската емиграција симпатија која што ниту една друга партија не ја ужива.Врската што ја сврзува емиграцијата со ВМРО— ДПМНЕ тоа е илинденскиот идеал на македонскиот народ за слободна и обединета.ВМРО-ДПМНЕ не гледа во македонската емиграција непријател на татковината како тоа што гледаат комунистите. Под знамето на ВМРО-ДПМНЕ се зацврснува националното единство на Македонците од Републиката и на оние од Дијаспората. Македонската емиградија никогаш нема да им прости на квислинзите и врховистите од Скопје што на Македонците од Дијаспората им оневозможија да гласаат на парламентарните избори кои се одржаа минатата година. До последниот момент Македонците во Дијаспората беа лажени дека ќе можат да гласаат во конзулатите, но кога појдоа да ги дадат своите гласови, им беше речено од конзулите дека не можат да гласаат зашто од Републиката не стигнале гласачки списоци.Илјадници Македонци од Диаспората беа револтирани што квислинзите од Скопје им го скратија нивното граѓанско право да гласаат.

Од што се плашеа југокомунистичките врховисти за да не гласа македонската емиграција? Одговорот е само еден: ОД НЕЈНАТА ИЛИНДЕНСКА ОПРЕДЕЛБА ЗА СЛОБОДНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.

Драган Богдановски 1991

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top