Луј Адамич: Галичник најкосмополитско место на светот (3)
“БЕЛИ ВДОВИЦИ“
Селото Галичник – кое се наоѓа на околу илјада метри надморска височина во пуста и тешко пристапна планина каде што не водеше патот – веројатно спаѓа во едно од најнеобичните цивилизации на светот. Тоа е село на “бели вдовици“.
Приближно единаесет месеци во годината, од сто и неколку домови, ни во еден нема возрасен маж, ако се изземе само еден, или двајца свештеници и неколку 80 и 90 годишни мажи. Повеќето возрасни во оваа заедница ги сочинуаат жените – млади, стари и на средна возраст, главно слабо образовани, но со изненадувачка интелегенција, а често и необично убави.
Нивните мажи и најстарите синови (ако се постари од 15 години)се распрскале по средна и западна Европа, во Грција, во Романија, во Југославија, на северниот брег на Африка, во деловите на Мала Азија, Русија и во Соединетите Американски Држави, каде што за време на градежната сезона работат на високо специјализирани ѕидарски, дрводелски, столарски и слични работи, издржувајќи ги со своите заработувачки своите дома и себе си.
Приказната за Галичник – што патем речено е само едно од неколкуте такви села среде високите височинки и гребени на границата меѓу Југославија и Албанија – мошне е драмаатична, Таа почнува од времето, кога пред повеќе од 500 години, Турците го освоиле средновековното Македонско царство и кога многу македонски семејства, особено оние со помладите жени, ќерки и синови, морале да бегаат со целиот подвижен имот во некоја странска земја, или во високите планини надвор од досегот на алчните и страстни султанови офицери и војници.
Кога Турците ја освоиле Македонија, идните основачи на Галичник биле познати како умешни занаетчии, а живееле во градовите и во местата во рамнината. Биле организирани во занаетчиски еснафи и мошне се гордееле со својата умешност.
КАКО ГАЛИЧНИК СТАНА ТРАЈНО ЖИВЕАЛИШТЕ ?
Водачите на еснафите, како што изгледа, мислеле дека Турците нема да остант долго, па своите членови и нивните семејства ги поттикнувале да побараат сигурност во планините, па неколку стотици од нив така и направиле. Семејствата се населиле на највисоките места до кои можеле да дојдат, носејќи со себе се што можеле, вклучувајќи ги овците, алатите и грбовите или ознаките на своите еснафи.
Но, наспроти предвидувањето на водачите на еснафите, Турците во Македонија останале речиси пет векови, за тоа време, како и во другите околни населби, Галичник стана трајно живеалиште, и покрај страшните неподобности на својата локација и денес, во суштина, е таков каков што беше пред сто години.
Во петнаесеттиот век, кога стана очигледнло, дека турците ќе останат долго, првобитните населеници на Галичник почнаа да си градат куќи, кои ги изградија толку добро што многу уште и денес постојат и во нив сега живеат повеќето нивни потомци. Се разбира, тоа се камени згради, ѕидани во невешт и примитивен стил на средновековната станбена архитектура во балканските места и градови. Меѓутоа, некои се мошне пространи, удобни и светли, иако не толку убави како модерните станбени згради во предградијата на американските и на европските градови, сите заедно сочинуваат една хармоанична целина како можеби некое место во Европа или во Америка.
Галичник е сраснат во своите ридести предели или подобро речено, тој виси на една страна на планината. Неговите ѕидови и покриви се направени од камени плочи откорнати од местата каде што сега се куќите и со боја која не се разликува од околниот каменест пејзаж. Кога Стела и јас приоѓавме до селото, не го ни забележавме се додека не се приближивме на едвај една минута одење.
ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ :
ПЕЧАЛБАРСТВОТО – “НАЈСТАР ЗАНАЕТ“