Оние Македонци, кои во создавањето на ВМРО-ДПМНЕ ја одиграа пионерската улога, денеска, кога нема ни година од создавањето на партијата, слободно можат да бидат горди со она прво ВМРО-ДПМНЕ го постигна за тоа толку кратко време.Што е тоа што на пионерите или на основачите на партијата им носи толку голема сатисфакција?
Тука е на прво место возобновувањето на илинденскиот идеал на македонскиот народ за слободна, обединета и самостојна Македонија. За овој идеал дотогаш се одеше в затвор и тој за широките македонски маси беше табу тема. Самото име ВМРО не смееше ни да се спомне, зашто лугето за него беа испракани на робија и подложувани на варварски тортури. Името ВМРО беше проскрибирано, ставено надвор од законот. На тоа име домашниот комунистички режим му беше залепил пејоративни етикети: националистнчка, сепаратистичка ванчомихајловистичка, бугарашка партија.
Во македонската историја ке биде забележено дека во процесот на демократизацијата и рагањето на плурализмот во Македонската Република ВМРО-ДПМНЕ го воскресна и прероди вмровското име, односно илинденскиот идеал на македонскиот народ за слободна, обединета и независна Македонија.
За името, кое само пред неколку месеци беше прогонувано и клеветено до можен максимум, гласа на парламентарните избори еден голем дел од македонскиот народ, така да ВМРО-ДПМНЕ добиваки најголем број кандати стана прва или најзначителна партија на македонската плуралистичка сцена. Тоа беше блескава реафирмација на илинденскиот идеал, на вмровското име.
По создавањето на ВМРО-ДПМНЕ го имаа за цел токму возобновувањето на илинденскиот вмровски идеал. Тие преку вмровското име целеа да го исполизираат македонскиот народ во духот на илинденскиот идеал. Таа цел е постигната, така да пионерите на ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат горди што станале нови апостоли на македонската револуционерна традиција.
Втората историска задача што ја исполни ВМРО-ДПМНЕ е разобличјвањето на лагата дека македонското прашање било решено во рамките на Авнојска Југославија – лага, која континуираво му беше гмечена во главата на македонскиот народ. Единствената партија која ја разобличи таа лага на новите југословенски врховисти беше ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во Македонската Република која укажа на колонијалната и вазалната положба на Македонската Република во Југословенската Федерација.
ВМРО-ДПМНЕ беше првата македонска партија која имаше смелост да ги разобличи домашните комунистички властодршци во Република Македонија како сервилни слуги и вазали на нивните белградски господари.
ВМРО-ДПМНЕ имаше смелост да гн изнесе пред народот предавништвата и злосторствата што новиот србомански врховизам ги направи против животните интереси намакедовскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ беше единствената македонска партија која бараше ревидирање на македонската историографија, нејзино поставување на строга научна обективност, без секакво фалсификуваље на историските настани и на личностите кои учествувале во нив.
ВМРО-ДПМНЕ успеа на македонскиот човек да му ја врати гордоста и достоинството, да мисли со својот македонски ум.
Наведените резултати се непобитев доказ дека еден добар дел од програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ се веќе остворени, затоа секој член и симпатизер на ВМРО-ДГШНЕ денеска може да биде горд.
Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ не смее да се задоволи со постигнатите резултати, па како партија која веке учествува во власта, да се заборави и пасифизира. ВМРО—ДПМНЕ учествувајки во поделбата на власта не смее да ја заборави најважната компонента во нејзините програмски цели СОЗДАВАЕЊЕ НА ОБЕДИНЕТА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТ БАЛКАН И ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА.
Учествувајќи во поделбата на власта во Републиката ВМРО-ДПМНЕ не смее да стане југословенска партија, не смее да ја запостави идејата за обединета Македонија. Напротив, со своето учество во власта таа треба уште повеке да ја афирмира идејата за обединета Македонија, чие остворување не е можно во никаква југословенска држава. Не е никаква грешка што ВМРО-ДПМНЕ учествува во власта, но грешка ке биде, и тоа фатална за неа, ако таа ја заборави или запостави идејата за обединета Македонија. Ако ВМРО-ДПМНЕ престане да се бори за обединета Македонија тогаш и таа ке стане југословенска врховистичка партија, каква што е СКМ-ПДП.
Како партија која учествува во власта ВМРО-ДПМНЕ треба на најможен начин да ги штити македонските национални интереси,да се бори за правата на македонскиот народ. Ние на ова место ке ги напоменеме некои од тие интереси.
Во историскиов момент, кога Југославија се распага, за Македонската Република постои голема опасност од српска агресија. Србите со нивната “југословенска” армија можат да ја окупираат Македонија и пак да ја прогласат за “Јужна Србија”. За да се отстрани таа опасност,ВМРО-ДПМНЕ треба да поведе иницијатива во Собранието на Македонија и во владата на Македонија Македонската Република да по-бара од Обединетите нации и Европската заедница да испратат во Македонската Република мегународни и европски воени единици кои би ја спречиле српската и другите можни агресии врз Македонската Република.Хрватска и Словенија веке најавија дека ке бараат таква воена помош од Обедннетите нации и од Европската заедница.Македонија е изложена на многу поголема опасност од српска агресија отколку тоа што се изложени Хрватска и Словенија.
Поватаму, ВМРО-ДПМНЕ како соучесник во власта треба да работи за една нова, поинаква, македонска надворешна политика кон соседните држави под чија окупација се наогаат делови од македонскиот народ.Новата македонска надвореша политика треба да оневозможи “сојузната” белградска дипломатија и понатаму да ја продолжува старата српска политика за пријателски и сојузнички односи со партнерите во Букурешкиот разбојнички договор, со кој балканските империјалисти си ја разделија Македонија. Во сферата на новата македонска надворешна политика, а за афирмацијата на македонската државност и сувереност во светот, ВМРО-ДПМНЕ треба да работи за отворање на македонски информативни центри во странство, кои ке имаат дипломатски имунитет и кои во даден момент во иднина можат да прераснат во македонски амбасади и конзулати.
Новата македонска надворешна политика треба порешително да ги земе во заштита националните права на Македонците во соседните земји и таа треба да работи за интернационалзирање на македонското прашање, изнесувајки го пред Обединетите Нации и пред Евеопскиот парламент во Стразбург.
ВМРО-ДПМНЕ како соучесник во власта треба да работи за еден нов однос кон македонската емиграција која досега беше третирана само како непријателска. На тој план треба да работи за распуштање на југословенската удбашка централа Матицата на иселениците (на испадениците) од Македонија и за нејзино заменување со Министерство за емиграција. За министер за емиграција да се доведе некој Македонец од самата емиграција, како тоа што го направи Туѓман во Хрватска, доведувајки човек од Канада.Потребите на емиграцијата никој не може да ги знае подобро отколку што ги знае човек од нејзините редови.
ВМРО-ДПМНЕ како соучесник во власта треба да ја повлијае политиката на Републиката за придобивање на пријатели на Македонија во странство било тоа да се држави или пак истакнати општественици и научни работници.
ВМРО-ДПМНЕ треба во Собранието на Македонија да го покрене прашањето за сменуваљето на името на Републиката од Социјалистичка Република Македонија во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Со остварувањето на гореспомнатите програмски цели ВМРО-ДПМНЕ уште повеке ке се афирмира како македонска национална партија со илинденска идеологија и ке придобие нови илјадници членови и симпатизери.
Драган Богдановски 1991