Фељтон

Маките на Темпо (1)

Jasna_Koteska

Jasna_Koteska
Јасна Котеска

Читањето знаци е главниот погон зад „производството“ на комунистичките синови, главен погон зад генерациските смени. Во „Мемоарите“ Темпо (главниот џелат на Тито за Македонија) наоѓаме многу примери за таква „нервна восхитеност“ пред знаците што ги праќа Титовата партија.

tempoКога во октомври 1966, Темпо, во својство на претседател на Синдикатот на Југославија, гостува на телевизија поради лошата економска состојба, во еден момент, испровоциран, изјавува: „Ако на работниците им е лошо, тогаш нека штрајкуваат.“ [1] Овој испад е причина следното утро, веќе „околу 7 часот“ во неговата канцеларија избезумен да влезе уредникот на емисијата, Шчекиќ, кој на Темпо му вели дека цела ноќ не заспал вознемирен од интервјуто, па го однеле во болница каде што ја поминал ноќта. [2] Темпо и самиот се вознемирува. Како функционер од висок ред, веднаш се обраќа до Тито: „Одамна не бев кај Тито, па побарав прием. Сакав да дознаам како тој гледа на мојот настап. Тито, секако, веднаш ме прими. Разговаравме за актуелната ситуација….- Што мислиш, Стари, за моите истапи на телевизија?“ Тито одговара: „Ја гледав првата емисија. Беше остар, но сè што рече беше вистина. Горка вистина, но вистина. Другата емисија не ја гледав. Бев на пат.“ [3] Откако добива гаранција, Темпо се примирува, но привидно. Во „Мемоарите“ ни кажува дека не може да го најде стариот мир. Што е со втората емисија што не ја гледал? Што ако другите исто побарале прием кај Тито и му дале поинакви толкувања? „Не е проблемот во тоа дека го известуваат Тито, туку како го известуваат“ [4] вели Темпо. Доаѓа време за Брионската средба и во возот со кој високите партиски кадри патуваат на Бриони, на Темпо му приоѓа Жарковиќ и му вели: „Знам сигурно дека другарот Тито не се согласува (со твоите ставови).“ [5] Темпо револтирано заминува да спие, но не може око да склопи: „Ме изненади сигурноста со која Жарковиќ ми рече дека Тито не се согласува со моите текстови. Откаде тој би можел да знае подобро од мене? … Можеби тоа му го кажал Пајковиќ, а Пајковиќ го дознал од Тито на нивната последна средба во четири очи? А што ако Тито го променил своето мислење?“ [6] Итн. до бесконечност.

Будноста е клучот. Ако е човек буден, тогаш тој знае каде и кога ќе може и самиот да скокне со лична интервенција во толкувањето на дворските зделкиКомунистичкиот кадар е човек кој мора да се издресира на бескрајна будност со која ќе биде во тек со акциите и околностите под кои се испраќаат знаците. Дали колегата Х побарал средба со колегата Алфа, кој пак можеби навестил дека колегата Y го известил Алфа за средбата на X со Z итн… (овде слободно може да додадеме секакви заткулисни средби, дворски заговори и матни конспирации)? Будноста е клучот. Ако е човек буден, тогаш тој знае каде и кога ќе може и самиот да скокне со лична интервенција во толкувањето на дворските зделки. Соголена од супстанција, параноичната игра на партиските истапи и казни, оттука се врти околу генерациското одобрување: Дали овој „син“ (Темпо) е виновен, дали овој „татко“ (Тито) ќе го казни? Темпо му се обраќа на Тито со „Стари“, „Дедо“ е комунистичкото кодно име за Сталин и сл.

Ова не е само идеолошка драма туку суштинска семејна, едиповска драма, сместена во идеолошкиот свет на паранојата. Паранојата е најакутна кон најблиските. Најверниот Титов чувар во Револуцијата, неговиот личен телохранител во текот на долги осум години, Бошко Чолиќ, кој војната ја минува „со откопчан пиштол во футролата“ – е жртвуван кога проработуваат (подоцна честите) Титови фобии дека некој сака да го убие. Како искусен агент на Коминтерната, Тито имал професионална навика да ги менува луѓето околу себе, а особено најблиските, од страв дека токму најблиските ќе го убијат. Чолиќ го чувал Тито осум години, а е жртвуван во 1952 кога од него се бара да признае дека со личниот чевлар на Тито и со поранешниот шеф на Титовиот кабинет планирал убиство на Маршалот по налог на Москва. Бидејќи немале докази, на крајот го обвиниле Чолиќ дека на рускиот актер Игор Берсенјев во 1946 со Титова дозвола му ја раскажувал југословенската воена историја, кога актерот во Југославија го снимал филмот „По планините на Југославија.“ За ова е осуден на смрт со стрелање, а потоа неговата казна е преименувана и е испратен на Голи Оток, па во логорот на Св. Гргур. Кога по десетина години робија, конечно е пуштен на слобода, мора да потпише изјава дека никогаш во животот не го видел Маршалот. [7] (Заради паранојата од која, како и повеќето комунистички лидери, страдал и Тито, во неговиот потесен и поширок персонал за проверка – од луѓето кои се движеле околу Маршалот, па сè до храната што ја јадел и објектите каде што престојувал, биле вработени помеѓу 1.000 и 1.500 лица!) [8]

Затоа е акутно прашањето: што се случува со смената на генерациите, дали доаѓа момент кога Синот ќе го заземе испразнетото место на Патријархот? Ќе биде ли награден за својата бескрајна верба? Или, Синот никогаш не може да го наследи Таткото затоа што таткото по својата суштина е бесмртен? Во романот „Наследникот“ (2003) на Исмаил Кадаре е белетризиран животот на Мехмед Шеху кој требало да го наследи Енвер Хоџа во комунистичка Албанија. Во 1981 Шеху умира, но смртта останува енигма – официјалното известување гласи самоубиство, но озборувањата велат дека е убиство. Кадаре во книгата пишува: “Животот на наследник беше кучешки живот. Јас сум тој што треба да дојде потоа. Предодреден да ги пополнам неговите чевли. … Дека еден ден тој повеќе нема да постои, а јас ќе продолжам да живеам. Некои денови оваа мисла ме ужаснуваше. Се прашував како тој ја издржува. Како може да го толерира моето присуство, како ги толерира другите што го прифатиле овој пакт? Зошто не стане и не почне да вика…“ [9] И потоа: “Јас бев Pasardhes. Тој што доаѓа потоа. Но следственоста не е прашање на дистанца… не беше тоа ниту хронолошка следственост, власта што ќе ја наследам од него. Ние бевме невозможни татковци и затоа можевме да имаме само невозможни сопруги, синови и ќерки.“ [10] Невозможноста од генерациски однос е врзан за самата смисла на утопиите кои се „обратно течење.“ Во романот „Мајка“ (1906) на Горки, синот и’ го продава својот сон на мајката. Утопиите се возможни само ако се поремети биолошката низа, тие се базираат на рокада на местата помеѓу генерациите. Во филмот „Збогум Ленин“ (2003) на Волфганг Бекер, додека синот ја рекреира Источна Германија како што постоела, додека мајката е во кома, тој го омекнува грубиот глас на Партијата, создава свет на социјализмот од кој самиот би бил горд.

А за нас е поважно и другото прашање: што се случува ако смената на генерациите, се случи истовремено со идеолошката промена? Дали во посткомунизмот е ротирано едиповското прашање: ќе ја преземе ли Синот лиценцата за убивање од Таткото, и против кого ќе ја сврти – против себеси или против својот комунистички родител?

Одлична илустрација за идеолошката динамика на таткото и синот во посткомунизмот е рускиот филм „12 гневни луѓе“ (2007) на Никита Михалков. 12-члената судската порота треба да донесе пресуда дали чеченскиот студент кому му се суди, е виновен за убиството на рускиот очув или не. Пресудата треба да се донесе едногласно, а поради реновирањето на судот, поротота е затворена во фискултурната сала на блиското училиште (како реплика на Беслан) и во таа камерна атмосфера, поротата отпочнува сложена идеолошка дебата за односот на таткото-синот во идеолошкиот универзум на посткомунизмот, како темпорален, но и супстанцијален наследник на комунизмот. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз, сега прашањето гласи: Дали овој Син/Ќерка (Чеченија) е виновен/а за убиството на овој Очув (Русија)? Или во југословенскиот случај – „надворешната“ дозвола за еманципација на последното „дете“ од Југославија– Косово; караниците околу наследството на олимписките медали помеѓу Србија и Хрватска во март 2008 кога Србија и’ возврати на Хрватска дека штом Хрватска си заминала од југословенското семејство, автоматски ги оставила сите медали во сопственост на „домот“ итн. Во филмот на Михалков, во еден момент, додека гласовите околу прашањето дали чеченскиот студент е виновен за убиството на рускиот очув се поделени, еден од поротниците одеднаш се потсетува на татко му кој во комунизмот бил партиски секретар на Урал. На ова, друг поротник му дофрлува дека татко му бил привилегиран и тој случај не може да помогне, но синот од комунизмот одговара: „За какви комунистички привилегии зборувате? Татко ми не го видовме цел живот. Кога го пензионираа, си отиде човекот за три месеци.“ Привилегијата за која станува збор е бондовската „лиценца за убиство“, партискиот секретар од Урал го трампа семејниот мир за привилегија да поседува „лиценца за убиство“, но сега е тука Синот кој бара освета затоа што таткото се занимавал со крвавата политика, наместо да биде посакуваниот „семеен“ татко, како на своите деца, така и на идеолошките деца. Повикувањето од заборав на „партискиот секретар на Урал“ во филмот на Михалков е важно. „Не го видовме цел живот, си отиде човекот за три месеци, какви привилегии“, овој одговор е комунистичкиот ламент над генерациските приказни, и тој е точен барем во онаа смисла во која и политичкиот инцидент на Ѓуриќ (за којшто зборувавме на почетокот) станува фатален не само за неговата политичка кариера туку и за целото негово семејство: сестра му е отпуштена од работа, другата сестра е протерана, брат му е пензиониран, а од Учителската школа во Ужице е одземено името на покојниот брат на Ѓуриќ.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top